1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одржување на вашата облека, перење и пеглање

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 3 декември 2011.

  1. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Плакарите ми се суредени,топ ;) не да се фалам но секогаш сакам да ми бидат наредени а не кога ќе отворам плакар да бидам затрупена со алишта. Имам големи шкафови кои на моја желба беа направени да бидат на закачалки, и еден дел на фиокички. Едниот дел е на маж ми, другиот дел мој а во делот со 10 полици ( јас им викам фиокички) стои постелината ( наредена според боја), долниот веш на маж ми, мојот долен веш, чорапите на маж ми, моите чорапи, мојот долен веш, крпите и сл. Миризлави хартии не ставам во шкафовите бидејќи омекшувачот добри си ја завршува работата. Над просторот за закачување имам место за зимните/ летните работи па така во зависност од сезоната си стојат таму. Во случај на недостиг на простор имам од спејс бег кесите и се складираат во нив ( најчесто кебиња).
    Облеката ја перам претежно во машина, посебно перам долен веш, посебно перам крпи, и онаа осетливата облека на 30 или 40 степени во зависност од материјалот. Во мојата историја на перење немам бојадисано ништо( фала богу :D ).
    Пеглам после секоја машина некако не можам да поднесам да имам купишта алишта. Пеглам долен веш, крпи, блузи се. Зимните плетените работи не ги пеглам
     
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.559
    Пол:
    Женски
    Се грижиме претежно јас и мајка ми, но почесто јас.

    Долната облека и постелнина пушта мајка ми, останатото јас.
    Ги делиме алиштата кое со кое може да оди во машина и на колку степени иако повеќето работи ги перам на рака.
    Ќебиња, палта не переме никако во машина, кошули исто. Имам навика хулахопки само што ќе соблечам одма ги перам. Градник исто. Е тоа не се случува на пример ако носма црн, зошто црни имам преку 10 па ги чекам за во машина. Градниците во боја не ги перам во машина.
    Крпи не переме во машина, едноставно гадно ми е долна облека перам таму, па крпи да ставам. Знам, знам се чисти машината ама тоа не можам да го сфатам Исто не можам да сфатам луѓе кои овие две работи ги перат заедно :puke:
    Фаемерките ги превртуваме наопачки пред да ги ставием во машина т.е сите работи ги переме така свртени. Така и ако жицата пушти, не се познава.

    Белите ги переме со Ариел, шарените со Дуел. Омекнувач менуваме, но сега најдолго на Ленор се задржавме.

    Пружањето на алиштата е задача на сестра ми. Но, понекогаш и јас и мајка ми знаеме да земем корпата и правец жица. Сакаме и на жица да ни бидат наредени по боја, големина, маици, па панталони итн.

    Пегламе по потреба. Постелнина, пешкири, долна облека и фармерки не. Некои алишта не сени гужваат, а и најверојатно добро ги пружаме па немаме потреба од многу пеглање. Никогаш не сме пеглале на даска, него на маса ставаме ќебенце па на него. Нежните материјали ги пегламе со влажна крпа над нив. Ова посебно важи за кошули.

    Имаме многу плакари, па немаме потреба да складираме по вреќи, куфери, па да носиме во подрум и гаража. Алиштата ги редиме по големина и боја. Веќе мислам имаше тема како ни се наредени.

    На хемиско не сме однеле ништо колку што знам до сега. Капутите ги праќаме кај тетка ми, па не знам како ги пере :$

    Најчесто ги заштитуваме во ќеси фустаните и капутите, но и немаме многу проблеми со молци.

    Межу алишта секогаш чувам сапунчиња, а еднаш месечно, ова посебно важи од мај до септември ги вадам сите алишта од плакар и носени и не носени и ги поминувам низ вода и омекнувач Да ми мирисаат поубаво, а и исто ако сме смениле омекнувач.

    Не сме упропастиле до сега ништо. И мајка ми па и ние сме океј во одржувањето на алиштава затоа што имаме стари алишта кои се ко вчера да се купени.
    Освен јас еднаш сум заборавила мокра една блуза, па мирисаше одвратно, едвај ја исправ. :$
     
  3. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Нит пуштам машина, нит пеглам.
    Мајка ми е задолжена за ова. Колку бев упорна само да научам да пуштам машина, и не бе не. Никако не научив. Дали е премногу комплицирано, или само за мене е вака?
    Едно лето се случи мајка ми да отиде на семинар преку работа и јас останав сама дома. Бидејќи лето нели многу алишта се собираат. И така од што незнаев да уклучам машина, а брат ми ја наполни корпата со блузи и фармерки и од што веќе немаше што да облече, морав се на рака да перам.

    За комбинации знам дека само се ставаат посебно бели посебно црни. Друго незнам. Нит па на колку степени едно нешто се пере.
    На мајка ми може да и се случи почесто да направи утки. Последна беше кога стави бели алишта и случајно нешто црно се промакнало, и едни розеви гаќи кои имаат како бела чипка се направија розево-сива комбинација :lol: .
    А некои нежни блузи, маички и јас перам на рака. Е само оваа обврска можам да си ја преземам.

    Зимската облека ми стои во плакарот, но ја ставам најдолу. Не ја собирам ниту во кутии. Мајка ми става таму нешто за молци, но не сум запознаена.

    Фустанчињата и некои маички и блузи кои ми се комплицирани за диплење, па и се гужваат ги ставам на закачалка.

    Од сето ова моја задача е само да ги закачам алиштата на жица да се сушат или да ги диплам. За пеглање е задолжена мајка ми, и се пегла нешто кога моментално треба да се носи. А јас можам само да запалам нешто ко што сум баксуз.

    За крај, не се нешто посебно оптеретувам околу оваа тема. Само можам да кажам дека понекогаш ми е смрт.
     
  4. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    34.363
    Пол:
    Женски
    Па порано мама ми ја переше облеката и убаво ми ја средуваше , пеглано се само јас да ја наместам во плакар . Потоа сама некое време , ја перев , во машина за сушење и после нема потреба од пеглање . Свекрвами исто така ми покажа како она ги дипли убаво работите |( |( па еве и јас по неа не дека морам туку стварно нема потреба после да пеглам :lol:
    А инаЧе сакам секогаш да ми е среден плакарот , со Чиста облека . и кога е не среден плакарот ке поЧнам да вадам се´и убаво да го средам ..
    Сега како мажена :| сакам и облеката на сопругот да е убаво средена , додуша и он самиот е многу уреден така да ... :angel:
     
  5. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Во доменот на можностите гледам да ја одржам мојата облека, онолку колку што знам.


    За перењето искрена да бидам не знам многу, и не сум ставала алишта во машина јас лично ниту пак сум ги распоредувала, дали се за плавење, дали на 60 степени и сл. Обично работите кои ми се за перење ги ставам во корпа за перење, или пак во долниот дел од плакарот со закачалки, за потоа кога мајка ми ќе ме праша што и како ми е за перење и што колку сум носела, го имам складирано таму. Искрена да бидам, не сум многу педантна во однос на облеката, знам да расфрлам низ соба, што облечам - после го оставам така, алишта едно врз друго и се собираат, тоа ми е гадна навика која не можам да ја променам. Можам во хаос да седам и гајле немам. И после некое време знае да ми прекипи, па ќе земам ќе складирам се, со помош на мајка ми, и чича мича уживам во чистоќа, ред и мир.

    Рачно перам некои блузи доколку се заборавиле во машина да се стават, перам на рака прслуци, чорапи, и сл. Но и тоа не е постојана моја обврска.

    Утки со фарбање на облеката не сум направила пошто не пуштам машина, но и се случило на мајка ми 2-3 пати де, па се случува.

    Додека за пеглање, главна сум. Со пеглата се дружам таму од 6то одделение. Си ги пеглам моите работи, но немам навика после перењето да ги пеглам, туку тоа што ќе го носам тој ден си го пеглам. Така перените алишта може да ги испегла само мајка ми. Долна облека не пеглам, и прв пат слушам/читам за тоа. :^) Фармерки пеглам, а џемперите мајка ми го прави истиот трик како мајка и на Најубава, само кога се сушат џемперите ги става на крпа како подлога, и така побрзо крпата ја впива водата од џемперот, и полесно се пегла после. Никогаш не сум изгорела некое парче облека со пегла, спретна сум со нејзе. А и сакам да пеглам многу. :lol:

    Омекнувач користи мајка ми. Обожаваме и двете омекнувач. Често се консултираме за тоа со каков мирис да земеме, пролет обожаваме мирис на јоргован, како и со морски примеси, ни е еден од омилените. „Омекшивачот“ дава невиден мирис на алиштата, да кога ќе се сушат уживам во мирисот.

    И на крај, сезонската облека ја складираме во ќеси оние поголемите наредени се по на пр. летните, маици на едно место, шорцеви и доколенки, и кратки панталони на друго место и така складирани чекаат да видат бел ден кога ќе им дојде време. :)
     
  6. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    За перењето на облеката е задолжена мајка ми. Знае што пушта боја и знае што (не)треба да стави при одредено перење на облеката. Речиси никогаш се нема случено да ми обои некоја облека. Досега само два пати се случило да ми се обои некоја блуза и толку. Секогаш пушта машина, освен облеката која пушта боја ги пере на рака, а и јас имам неколку пати испрано неколку работи на рака. А машина најчесто пуштаме за време на викенд бидејќи обично до тогаш се собира доволно нечиста облека. Дали ги почитува инструкциите на етикетите не знам. Инаку обавезно користиме омекнувач. Имаме испробано неколку, а моментално користиме Duel Soft Lotus кој прекрасно мириса.

    Пружањето на алишта на сушарникот некогаш знам и јас да го извршам, ми прави мерак. Не сум голем ситничар да мора да бидат подредени работите по боја, големина, тип на облека, туку само гледам да не се допираат едно со друго.

    Очигледно пеглањето им е мака на сите, па така и на мајка ми. Обично се пегламе по потреба, не веднаш по перење и сушење на облеката. Некогаш знам и сама да земам да си испеглам нешто ако ми треба. Инаку не пегламе чаршафи, долна облека, пижами, пешкири и чорапи. Се друго се пегла.

    На хемиско најчесто носиме капути, облека која има флеки кои не можеме сами да ги исчистиме или пак прекривки/ќебиња. И тоа ретко се случува, најчесто еднаш годишно.

    Мојата облека сама си ја ставам облеката во плакар. Не сакам мајка ми да ми ги става бидејќи ќе ми испомеша и нема да знам кое каде ми стои. Колку и да ми е лом плакарот секогаш знам кое каде стои. Тоа што повеќе се гужва стои на закачалка заедно со футани, дуксери, џемпери, јакни, а другото се здиплено во помали плакарчиња. Облеката што се носи во одредено годишно време стои во плакари, а онаа која не ја носам, односно е за друга сезона, верувале или не - ја чуваме во замрзнувач. :D
    Стар замрзнувач кој не работи, кој кога го купивме новиот не го фрливме стариот, па ете си најде примена.

    Секогаш имам лаванда во плакарот, ем да ми штити од молци, ем за убаво да ми мириса. Заштитни кеси ставаме само на капутите и толку.
     
  7. lolipop69

    lolipop69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Облеката ми е секогаш чиста и средена! ОСОБЕНО МНОГУ МРАЗАМ КОГА НЕКОЈ ЧОРАП ПО ГРЕШКА ЌЕ СЕ НАЈДЕ ВО ЧИСТИТЕ! :@
    инаку работите обично ми се пеглани, но кога треба за негде да се спремам и кога се брзам...ее тогаш.. ништо од тоа :D
     
  8. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    За средување на алишта сме задолжени јас и мајками,по што татко ми и братми не се замараат толку.Некогаш таа некогаш јас пуштаме машина бели посебно црни посебно.На раце најчесто пере мајками освен некогаш кога не е тука а мора нешто да се испере,перам јас.На раце периме некои алишта што многу се гужваат блузи ,фустанчина што не се за вмашина а останато се оди вмашина.
    За средување на алишта за моите сум задолжена јас,мајками за нејзините и од татко ми,а од братми би требало да знае тој да ги средува ама по што го мрзи а јас многу се нервирам кога ке видам цела соба со негови не средени алишта му ги фрлам вплакар кои здиплени кои не,за да се научи на некој ред.(и последно време гледам дека делува :D )
     
  9. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Порано повеќе се грижеше мајка ми, сега јас.
    Пошто не сум се уште уходана на кои материјали смее да се прави отстапка при перење, си се водам по етикетата. Ако е за на 30, тогаш на 30, максимум 40.
    Ако сметам дека машината и центрифугата нема да го оштети, тогаш оди во машина. Ама ако се мислам, тогаш подобро на рака...
    Досега не сум погрешила во врска со бојата. Додуша и немам што да погрешам многу бидејки кога пуштам машина ги делам. Посебно темните, посебно светлите.
    Ако парчето е ново, прво на рака. Да видам што мустра е... :D
    Користиме течен прашок и омекнувач.
    За пеглање, двете пегламе се. И чаршафи и облека и долна облека...се.
    И тоа одма после сушење. Мразам кога во плакар имам непеглана облека...

    Средства против молци и за миризби ставаме во оние плакари во кои чуваме ќебиња, јоргани и слични работи кои не ги вадиме секој ден. Во оние плакари со облека си чуваме сапунчиња.

    Во кеси заштитуваме само некои свечени фустани кои се облекле еднаш во животот и толку. Како венчаницата на пример. И некои костуми од дедо ми и чичко ми кои не се носени со години.

    На хемиско досега ништо мое не сум дала. Знам дека костумите на дедо ми и костумчињата на баба ми редовно се носеа на хемиско. Исто и бундите на баба ми.

    Сезонската облека порано редовно ми ја пакуваше мама. Сега имам голем плакар па ја собира целата и нема потреба од складирање.
     
  10. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Не ме бива и това е!
    Мислам дека е џабе и да се трудам на ова поле во домаќинството, кога само од себе не ми сече. Ќе готвам, па и чистам, ама перење, пеглање и садови миење ЈОК!
    Иако сум мажена веќе година ипол, уште немам ништо перено (освен лани еден обид, па кога уништив неколку работи и плачев по форумов :tmi: ), мајка ми пере, мажето ми средува плакар и чат пат запеглува. Повеќе алишта и двајцата имаме кои не се гужваат, за среќа.
    Инаку, мајка ми често правеше некое масовно фарбање на алиштата, и колку плачев и се трескав од земја само јас си знам. Само голем дел од нив се наоѓаше начин да се вратат во првобитната состојба.
    Плакарот пола ден по скоцкувањето го правам хаос, не се одвикнав од тоа, се да извлечам кога барам нешто, и не се одвикнав.
    Сакам се да ми е чисто и миризливо, ама не јас да средам таа работа.
    А прашоци им купувам од најубавите, исто и омекшивачи, и фала им, и нека ме трпат подолго.
    п.с. Овде признавам дека намерно не купувам машина за перење, иако секој месец ми ја ставаат на дневен ред да одам да ја земам, јас упорно купувам нешто друго, само не машина :lol: , а инаку имам одбрано и личи на ракета :lol: ептен е убава и украсна, има и сушална :lol:
    Ќе биде некој ден и тоа, и јас ќе се уходам, ама не мора многу брзо, не се брзам, добро ми е вака :lol:
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Прво што направив пред да стапнам во куќата на мм ми купи машина за перење и сушална, тоа ми беше како за добредојде :D , се зезам јас си барав. Даска за пеглање не побарав ниту пегла затоа што ми одговараше свеки да ме пегла :D . Малку бев запрепастена од тоа нејзина педантерија (пеглаше од чорапи и гаќи до бањарки, постелнини што не се пеглаат :) ).
    Како и да е малку траеше тоа потоа јас си презедов во свои раце :) .
    До ден денес се перам и пеглам сама :lol: . Утка несмеам да направам, точно си знам кое на која температура да си перам, а ептен осетливите работи одат прво на рака па потоа на 15 степени во машина (имам таков програм за перење на свила и волна). Капути, одела на мм носам на хемиско, тука не ми се ризикува и хемиско како ќе испегла така ќе ти стои цела година :)
    Посебно делам зимска и летна гардероба па и обувките (на крај на секоја сезона премачкувам со средство и складирам).
    Посебен дел за облека си имам јас, си има мм и си има малиот. Се е наредено под конец и сакам кога ќе отворам плакар убаво да ми мириса.
    Испеглани алишта ставам во плакар а посебни фиокари имам за долна облека, чорапи, каиши и др. тракатанци.
    Мистерија во мојот плакар е што може да се најде и по некоја нова играчка ;) (кога му донасаат не му ги давам сите одеднашм а знам дека во неговата соба ќе ги ископа). Со цел да ги скријам од малиот ги буткам скроз одпозади за да не ги примети :lol:
     
  12. ana.ubavkata

    ana.ubavkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    59
    Не ме бива!мајка ми се грижи за тоа.Кога и да пробам да перам нешто,незнам како,ама секогаш нешто по грешка ми се става во машина и белото,ШАРЕНО.А,и еднаш кога мајка ми и чисти и перени,сите чорапи ми ги стаила у машина,(само еден еден пар прњави шо ми остаила)морав ја да си ги перам.И,што да ви зборам.Ни ги исправ,ни ништо.
    Така,да,Не ме бива мене. :lol:
     
  13. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    2.349
    Пааа со оглед на тоа што веќе живеам сама, за облеката сама се грижам. Пред неколку месеци мојата стара машина за перење се расипа и морав извесен период да перам на рака ;( Долната облека ја вриев некогаш и по 3 пати за да бидам сигурна дека е чиста хихи :) Во тој период ноктите ми беа за ни:)каде, ми се кршеа и лупеа - Катастрофа !! Се случуваше некогаш да утнам па некоја маичка да се исфарба , но по неколку перења повторно си ја враќање својата боја. Сега со новата машина немам гајле, повторно сум растеретена од таа обврска и барем не ме боли кичмата :) Обавезно при перење си ја сортирам облеката во зависност од материјалот ( на кој степен се пере) и секако бели црни и шарени алишта. Обожавам да експериментирам со омекнувачите и секако ставам колку што е можно повеке хихи. Во плакарите секогаш имам Раид против молци и кесички за гардеробер со мирис на лаванда(ја обожувам). Зимската и летната гардероба ми е поделена во 2 плакари така што немам потреба да ги складирам алиштата за повеќе простор, а на хемиско ги носам исклушиво капутите и бундите и никогаш не пеглам долна облека и фармерки !!
     
  14. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Пишував на слична тема во категоријата Дом, Колку често пеглате? Лично перам, пелгам, све радње радим, нема кој друг :D На хемиско носам само одела и капути.
     

    Прикачени фајлови:

    • 0.gif
      0.gif
      Големина на фајлот:
      2,3 KB
      Прегледи:
      465
    • NOVA.jpg
      NOVA.jpg
      Големина на фајлот:
      3,5 KB
      Прегледи:
      465
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.198
    Допаѓања:
    235.292
    За облеката дома се грижиме мајка ми, јас и сестрите.
    Мајка ми пушта машина, ретко јас, а ние пружиме алишта и потоа ги диплиме.
    Не пегламе после сушење, туку по потреба, оти ќе окапеме на пеглата.
    Кај нас дневно се пуштат минимум по 2 машини, така да пеглање не.

    Во Скопје за алиштата се грижам јас. Дечко ми не да дај боже.
    Со пуштање на машина немам проблем, не правам утки, добро селектирам кое парче облека како се пере.
    Перам се во машина, ништо на рака, само кога е итно.
    Денес, на машините има опција рачно перење кое воопшто не ги оштетува алиштата.
    Патиките исто, на 40 степени како нови ми се потоа :) .
    На мене ми е почисто да ги исперам во машина алиштата отколку на рака, барем знам дека убаво ќе ги испере машината.

    Од прашоци најчесто користам бонукс , а од омекнувач Ленор, ама плавиот, оној со слика од бебе, најубав ми е.

    Перењето, спружањето, пеглањето, средувањето на плакар ми е кошмар.
    На плакарот ќе ставам натпис „ Снајди се, ако можеш“ :D .
    Но џабе е и да го средам кога после само еден ден целиот е во хаос.
    Дури и на дечко ми плакарот успевам да го растурам :lol: .
    Дома сестра ми е невидена педнатерија, на која се мора да и е под конец наредено, па маки си има со мене :wasntme: .

    Последниот пат кога си бев дома не ми даде да се доближам до плакарот, таа ми вадеше алишта, а моите по обичај си стојат во куферот и мислиш бомба пукнало внатре :rofl: .

    Ќе чистам, ќе мијам садови, ама алишта не!
     
  16. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Баш сега си ги закачив алиштата :D
    Најчесто алиштата ги пуштам во перална да се перат,на рака перам само оние кои се нови и оние кои секако не се за во перална.
    Од прашоците бонукс,од омекнувачите орнел и ленор користиме.
    За црни понекогаш користам и течен прашок.
    Пеглањето го практикувам по потреба,значи не секојдневно.
    За облеката секако и мајка ми ми помага,со пералната и баш не сум мн запознаена па најчесто мајка ми ги пушта.Но исклучиво за моите алишта само јас си се грижам.Нема што да ја тормозам неа :)

    И тоа е во глобала ... :*
     
  17. jessica24

    jessica24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    34
    За мојата облека си се грижам во поголем дел јас, тоа значи и дека сама си ги перам на рака некои поделикатни,понови маици, блузи и џемперчиња што не се за во машина, а машина пуштам инцидентно коа неможе мајка ми. А што се однесува на пеглање, за сите по дома, на моите и на брат ми пеглам јас бидејќи ептен ми е мерак за пеглање, онака уживам во пеглање и средување на гардероба, досега не ми забележале нешто да не е убаво испеглано, особено брат ми он е малку специфичен, се случувало мајка ми да му испегла некогаш нешто и да не му се допаѓа, и ајде дадо ти знаеш како сакам испеглај ми :D
     
  18. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Е мајка ми ќе ви биде доживотно благородна. :tmi: Ме натеравте да си го средам шкафот. Ама баш да си го средам. :P
    Се помирисни, ако мириса исто како и другите, добро. Ако не веднаш се става за перење.
    Ии сега се ми е тип-топ. :inlove:


    А облеката мајка ми пере јас пеглам :) И така . Се мора да ни е под конец.
     
  19. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    Па вака значи за онаа облека за која не сум сигурна и нема етикета ја прашувам мајак ми , после секое сушење ги пеглам алиштата и некои ги диплам а некои на закачалка , еднаш ми се случи да си исфарбам една бела маичка и сеуште ми е криво за неа , ја перев на раце со едни зелени панталони и се исфарба :( :( ама тоа е од тогаш внимавам :D
     
  20. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.509
    Допаѓања:
    8.331
    Пол:
    Женски
    јас живеам со сестра ми во стан и дека немаме машина за перење она си ја пере униформата за работа а јас моите фармерки блузи и долниот веш а кога ке ни се соберат повеке алишта за перење тогаш ги носиме кај тетка ни да ги испере во машина шо инаку незнам да ја уклучам :D а и незнам да пеглам мислам после откога ке ми се исушат алиштата само ке ги здиплам и толку...не ми стојат во плакар туку си имам посебни кутии за блузите,фармерките и долниот веш