Одржување на вашата облека, перење и пеглање

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 3 декември 2011.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.006
    Пол:
    Женски
    Облеката секогаш ја перам според етикетата. Она што е за на рака, никогаш не го ставам во машина.
    Ако облеката нема потреба од пеглање - не ја пеглам. Ама со оглед на тоа дека сакам да биде се цакум пакум, се' поминувам со пегла, па дури и капутите :tmi:
    Утка со пегла ми се случи само еднаш, кога пеглав една нежна марама. Ко бајаги на минимум ја ставив пеглата, ама марамата беше пренежна па така малку ја залепив :wasntme: Ама ништо страшно, не се познава кога ќе ја намотам на врат :)
    Омекнувач секогаш користам, особено Ленор темновиолетовиот ми е преубав! Дома во сите плакари каде што ни стои облека ставаме кесички лаванда за да ги заштитиме од молци.
    Некои посвечени фустани и сакоата на татко ми, секогаш стојат во кеси, убаво подредени на закачалка.
    За гардеробата која не ја носам оваа сезона, имам резервирано посебни фиоки. Во нив сега ми стои зимската облека, а летната ми е закачена на закачалки во плакарот. Кога доаѓа есен правам рокада :)
     
  2. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Па зависи кога како. Некогаш јас пуштам машина, некогаш мајка ми. Летно време пак кога неможам да дочекам машината да се пушти си ги перам алиштата на рака и таман си се разладувам на тој начин.
    Највеќе што мразам нешто да правам е пеглањето. Затоа и го избегнувам, иако ептен некогаш некои панталони или кошули што мораат да се испеглаат, е тогаш пеглањето не ми бега. Инаку вака ни мајка ми ниту јас не пегламе, само ги собираме алиштата од жица и убаво ги диплиме и нема потреба за пеглање :)
     
  3. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Одржување е широк поим.
    Ако знам дека облеката е нечиста, само ќе ја тргнам настрана за перење, а мајка ми го прави останатото. Јас не пуштам машина. Хм.. ете уште нешто од бројната листа што треба да почнам да правам. Но, кога мајка ми пере, многу нормално дека не ја почитува точната температура на перење.. таман работа да ја чита секоја етикета :o Е сега, еднаш-два пати и се има случено да и се исфарбаат белите алишта, но со перење се отстранува.
    За перење на рака, некогаш долната облека јас сама си ја перам и патиките секогаш си ги чистам сама. Никој друг нема дозвола за чепкање на моите патики. :)
    Инаку за одржување, сакам облеката да ми е чиста и средена. Си чувам освежувачи од лаванда по шкафовите и воедно се за молци. Подредени ми се од оние кои најчесто ги носам до тие што заборавам дека постојат, за некогаш кога нема да знам што да облечам да побарам низ нив и да искомбинирам.
    Ги пеглам сама алиштата кои се пеглаат, па и дел од долната облека (секојдневната) за дополнително дезинфицирање. Среќа, засега немам изгорено нешто со пегла, а и му ги пеглам кошулите на татко ми и дечко ми. И ептен време им посветувам, имам редослед што-прво-пеглам, а и се нервирам за најмала гужваница. :lol:
    На хемиско ги носам само свечените фустанчиња, но тоа поретко.
    Кога се менува сезоната, морам да признаам мајка ми ми ги распоредува од еден во друг шкаф (и не знам како не ја мрзи), бидејќи јас не би имала проблем да се снајдам и сигурно би ги оставила сите на едно место.
    Обувките ми се слабост, па затоа си имаат посебно катче во мојава соба. Повеќето се по кутии, но има и некои што се подредени надвор (под линија :) ), ако почесто ги носам.
     
  4. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Ако не знам дали се пере во машина ја прашувам мајка ми , да не ја утнам , инаку после перење ја пеглам и диплам , порано ставав од овие миризливи кесиња за долготраен мирис на облеката , сега е доволен добар омекнувач ;)
     
  5. cucii...ii

    cucii...ii Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    12
    И бели патики перам во машина. :rofl:
     
    На EdnaDevojka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    хехе мене мама ме пегла ме пере ме суше се мама..ама понекад кога мама неможе јас си ги пеглам.. :)
     
  7. RainDrop

    RainDrop Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    20
    Ми треба упаство за користење штирак.Сакам долниот дел да стои поисправено, а на упатството ништо не пишува. помош кој знае :)
     
  8. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.869
    Допаѓања:
    28.554
    Не се придржувам на начинот на одржување напшан на етикетата на облеката (та на се пишува на 30 степени, и на гаки, и на маици и на сЕ), најчесто сама проценувам колку е осетлива облеката па спрема тоа и на која темепратура треба да ја перам, со каква друга облека треба да ја ставам во перална, или пак треба рачно да ја перам!
    Скоро се перам во мажината за перење, рачно ептен ретко некоја осетлива облека!
    Инаку перам често бидејќи важно ми е да ми мириса облката на свежо и да изгледа чисто!
    Досега паметам еден случај кога ми се офарбаа едни кремасти тренерки со црвено и друг таков случај немам (не се сеќавам).
    Пеглам скоро се што носам, со исклучок на долната облека, неа не ја пеглам. Најчесто чекам да ми се насоберат повеќе алишта за пеглање па се наеднаш да испеглам оти нејќам пред излегување од дома да се замарам со пеглање!
    Имам случки со залепена пегла врз облека, не се многу ама имам една маица, кошула на мажот ми :angel: , едно мое фустанче и тоа е
    Гардеробата која нема да се користи во текот на сезоната ја перам и ја ставам во посебен дел од плакарот!
    Во плакарите не ставам ништо за да мирисаат, доволно убаво ми мириса омекнувачот така да од дополнителни ароми немам потреба!
     
  9. owi

    owi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    123
    Облеката јас ја ставам во корпите, мама ми ја пере.
    На колку степени, што и како, незнам, ама не ми исфлекала нешто или не ми расипала.
    Знае да ми каже: “Ова на раце ти го перев, да знаеш, дан го пикнеш во машина’’. Значи дека ги гледа етикетите :)
    Секогаш убаво мирисаат на омекнувачот. Мислам дека го користи темно лилавиот, ама не сум сигурна, да не лажам :)
    Од на жица ги собираме и диплиме алиштата. Најчесто мама, макар што знам понекогаш и јас да ги здиплам. Не ги пеглам тогаш, тоа го правам пред излегување, т.е. кога ќе ми треба. Гледам што можам да не пеглам пр. фаремрки, џемперчина и сл.

    Имам огромен плакар и на најгорната полица ми е облеката за следната сезона. На другите две полици ми е облеката која што се носи, ама поновата, поубавата.
    Во другиот дел од орманот ми облеката која не е баш нова и ја носам секојдневно низ дома.
    Потоа има уште еден дел, а таму ми е сместена облеката која што не ја носам, т.е. што ете, не ми се допаѓа повеќе.
    На крајот има уште еден дел, со закачалки. Таму ми стојат кошулите, фустаните и сукњите на корди за да не се гужваат.

    Долната облека ја чувам во две големи фиоки и никогаш не ја пеглам.

    И тоа е тоа :)
     
  10. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    За мојата облека се грижи мајка ми.
    Сите алишта ги пегламе освен овие што не се пеглаат.
    Без омекнувач не може да се исперат.
    На хемиско носеме костуми и јакни.
    Ставам ги во кеси оние посвечените алишта.
    Нешто од сезонското складираме ги во кеси и ги ставаме во горниот шкав.
    П.С.Во овие што се смалуваат со правосмукалка.
     
  11. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    здраво девојќи,црната облека почна да ми белее како да ја вратам бојата а на раце ги перам алиштата, исто така кажете ми за дамки вадење имам една бела дамка на фармерки незнам како да ја извадам ?
     
  12. macovska

    macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Оф кога ве читав се запрашав: Па што домаќинка сум јас??
    Прво,ептенннн ептен ретко читам етикета, таман работа јас на секое едно да читам па пола сат и за тоа ми отиде, а јас како што пуштам машина на два три дена има само во тоа да губам време.
    Околу перење на рака, мислам само неколку пати сум испрала, а да и два три пати нешто ново коа сум купила сум проверила да не пушта боја.
    А за бељи , ехаааа има еден тон. Прво, бели фармерки или пантолони, сите до едни значи 4 пара ги заебав. Се мислев дека сите работи во машината не пуштаат боја, но ете пуштале, СИте 4 пара се со бледо розеви флеќи. Жолтите пантолони иста приказна.
    Имав мастило боја комплет пантолони и сако и ајде реков на рака ќе перам. Ваљда јас не знам на рака да перам друго објаснување нема. ЗНачи со бели флеки ми излегоа пантолоните, МОре џабе 5 пати ги преперив ништо. Си ги остаив да ми служат како пример никогаш повеќе на рака перење не!
    А да! И сите вентијаги машина.
    Кај мене проблемот е тоа што дома мајка ми ми переше и средуваше се, јас како студент сменав 4-5 стана и сега секаде во секој стан машините за перење различно ми переа. Во претпоследниот стан ренде беше машината за вентијаги, некако на волумен изгбија. Потанки се направија. АКо има некоја феминка логично објаснување нека ме просветли зошто ми се деси тоа.
    Во овој стан машината била од поновите со можност и да суши алишта. АЛи човече пери бесконечно долго на 30 степени испод саат и пол не е. И некако груби ми ги вади. Џабе посебни прашоци омекшивачи.А за сусење еднаш се заебав. Како џвакани од крава дојдоја два дена едни пантолини чиниш пеглав.
    А околу пеглање...МРАЗАМ. Ептен ако треба, арно ама сеа морам кај за мене па и за дечкото да берам гајле па морам малку да се покажам за пелањево. ОД мајка ми не примив да пегам се не знам зошто ете престанав да пеглам постелнини крпи и веш последните 2 години. Абре еден чарашв немам испеглано! И немам грижа на совест.
    Е сега кога се работи за редење на работи малку сум фрик скоро 90% ми се на закачалки, прегледни ми се. Секој 5 дена прередувам плакар, средувам и мн често перам. Еднаш носено и ајдеее се пери, освен фармерки и вентијаги тие еднаш недело се перат затоа што според мене тие се најгнасни, со фармерки седиш во автобус на клупа а таму е прегнасно!

    А и околи бељите, ме замоли дечкото еден ден да му испеарам тоа што имаше за перење, прво веш на 90 лупнав, а он си купувал посебни гаѓи, боксерици 1000 ден пари некој специфични и не се переле на 90! И сите му ги избледнав и фарбав! Мислам да не ме сакаше толку ќе ме остаеше. Исто така и џемпер му имам смалено.
    А за мене, 3 пара пижами ми се фарбани Господ знај како.
    А да и ќебиња перам секој две недели.

    P.S. Ако сакате машина што суши, не сакајте џабе не вредат воопшто!
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.471
    Допаѓања:
    37.706
    Пол:
    Женски
    Никогаш не ги перам алиштата според степенот на кој што треба да се перат. Единствено шарени алишта никогаш не перам на 95 степени. Еднаш така се зезнав, па алиштата избледоа. Шарените алишта со етикети ги перам на максимум 40 степени. Другите алишта ги перам во зависност од тоа колку се извалкани. Знам понекогаш и бели алишта да перам на помалку степени. Ќебиња и алишта што имаат слаби флеки ги перам на 30 степени, ама на функцијата брзо перење. Не ги перам на оние стандардни 30 степени. Памушните алишта ги перам на функцијата памушни, плетените на функцијата волнени алишта, јакните ги перам на функцијата синтетика. Често ја користам и функцијата брзо перење, како што претходно напишав. Темни алишта перам одделно. Ми се има случено да перам темни алишта со светли и да ми се исфарбаат светлите алишта. Пеглам само по потреба.
     
  14. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    На хемиско некои фустани.
    Инаку многу се грижам за облеката.Блузите,маиците ги носам само еднаш и ги ставам за перење.Фармерките ги носам неколку дена.Ги перам,ги пеглам на послабо,за да не ги залепам.Еднаш само ми се има случено досега да залепам една блуза.Ако ми се многу испотени алиштата,прво ги заперувам во леген,па потоа со другите алишта пак ги ставам да се исперат во машината.Морам да ставам омекнувач,дека без него не мирисаат убаво и како да не се допрале.Мразам кога треба да ги диплам,ако брзо оди таа работа.Мајка ми дипли десет пати поубаво од мене.Ги редам во шифоњерот.За пеглање,не ми е мачно освен тоа што после ме боли половината,треба да ги пеглам на повисока површина,ама тоа е,толкава ми е даската за пеглање.Долната облека,гаќи и маици не ги пеглам,нема потреба мислам,а инаку некаде прочитав дека би требало да се пеглат и тие дека така се уништуваат бактериите(ами ете со перењето се чистат,само измислуваат (facepalm)).Се перам во машина,на рака само градниците и ако некогаш хитно ми затребаат хулахопки или чорапи-тоа на рака (ако немам случајно останато некој пар).
    И досега само двапати ми се имаат бојадисано две маички.Не гледам по етикетите како треба да ги перам,на колку,не ни ги разбирам баш.
     
  15. praski4e

    praski4e Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    963
    Допаѓања:
    1.097
    Пол:
    Женски
    Откако се отселив од дома сама перам пеглам понежни работи на рака перам,шарени во машина на 30,40 степени,постелнини на 40, пешкири на 60 и внимавам црни,бели и шарени посебно да не се зезнат работите :)
     
  16. Мис Стоун

    Мис Стоун Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2014
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    360
    Пол:
    Женски
    незнаев на која друга тема да го поставам прашањето.
    си купив блуза што премногу ми се бендиса и мајка ми ко шо си знај ја пикна в машина а не беше за в машина ќе си ја перев јас на рака и во машиата се собра.. дали има некој начин да можам пак да си ја вратам како шо беше?
     
  17. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    3.146
    Пол:
    Женски
    Можеби е глупо прашањево ама дали е возоможно собран џемпер што се перел на 60 степени да се врати во првобитна состојба? Не знам како забегал во другите алишта и од M џемперот се претвори во XXS. Ми спомнаа дека на хемиско можело да се направи такво нешто и планирам таму и да го однесам, но сепак доколку постои некој трик за дома да се среди, би ми бил добредојден.
     
  18. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    @Sanniii да пробаш со пегла да го поминеш додека е мокар. Ама со крпа врз него, да не го залепиш.
     
    На Sanniii му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    8.361
    Пол:
    Женски
    Јас водам сметка за целата облека дома.
    Рачно ретко перам, летото некоја осетлива маица или нешто ново купено го минувам низ вода со течен прашок.
    Инаку си ја групирам облеката порано не читав етикети ама после тоа почнав.
    Бела облека тоест гаки, маици, чорапи, бодиња ги пуштам на 90 степени.
    Црна облека гаки, чорапи, маици, и такви некои работи ги пуштам ан 60 степени.
    Фармерки, блузи, тренерки одат на 40 степени.
    Кебињата, бањарките, пижамите одат исто на 40 степени.
    Гледам да ми се соберат повеќе работи, за да не ми врти пералната полупразна.
    Порано ми се случуваше да обојам нешто, најчесто на брат ми и татко ми белите долни мајци ама сега отприлика знам што пушта боја и го перам на помалку степени со црни алишта. Омекнувач редовно користа, за алиштата да мирисаат убаво. А рачно кога перам, перам со течен детергент и ништо друго. Ги собирам од сушара ги диплам и редам директно. Пеглање по потреба, моите се многу невнимателни па и да им ги испеглам веднаш ќе ги изгужваат повторно барајќи нешто. Не ми се случило до сега да ми залепи нешто.
     
  20. spacegirl92

    spacegirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    2.983
    Пол:
    Женски
    Девојки си уништив една блуза со варикина а ниеднаш ја немам облечено, несакајќи ми капна од варикината и се избели, а инаку е розова боја, постои ли некој начин да се врати бојата?