Перам во машина, знам некогаш бели чорапи, бодиња и долни мајци да перам со шарени алишта на 40° и на 60° ми се немаат обоено. Немаме многу бели алишта и не можам да ги зберам за во машина и ретко ги перам во машина или на рака или со другите алишта ги вметнувам. Пеглам алишта само тие што се гужваат онака не.
Не знам каде да прашам па одлучив овде. Ве молам дајте некој совет како шалот да не ми остава ситни влакненца на капутот. Шалот многу остава нон стоп се чистам ми здосади веќе. Дали имате некој трик ??? Ајде помош
јас имам перено јакна од polyurethane + polyester во машина на нежен циклус, ама пишуваше на етикетата дека може во машина види дали има инструкции
Здраво. Исправ спортска јакна во перална. Внатре што е полнењето од памук се собра на едно место нерамномерно и изгледа многу грдо. Ова ми се случувало и порано. А ја перев на 30 степени како што пишуваше на етикетата. Дали има решение за ова? Поздрав!
Не верувам дека ќе се поправи нешто. Јас така зафркнав зимска јакна. Јас ја перев на 30 степени. Откако почнав да ги перам јакните на брза програма или на синтетика, немам таков проблем. И обавезно најмала центрифуга.
Има. Простори ја и кога ќе биде целосно сува, убаво растреси ја и силно исчукај ја, исполната ќе се растресе и врати во нормала. Истото се случува и со јакни полнети со пердуви ама се решава на овој начин.
Здраво на сите,веројатно овде можам да прашам,како да носам бела кошула а да не ја извалкам со пудра на јаката?
Освен да не ставаш пудра на вратот не гледам како. И внимателно, облекување, соблекување на кошулата.
Јас пробував со тресење и не бидна ништо, не ми текнало за да ги исчукам, до сега три расипав со прописно перење. Сега само ги ставам во вода со омекшивач да отстојат, веќе исфрлив куп пари за јакни.
Некоја домаќинка со миленичиња да ми помогне? Имам премнг влакна од мачкава по алиштава а и претежно црно носам, со еден збор ужас. Имам линт ролел и се чистам ама дали има некоја финта за при перење да ги отстранам влакната? Читам по нет за некои волнести топчиња? дали помагаат? иначе никогаш не ги сушам алиштата во машина
Јас си нарачав вакви од Тему. Ќе ги пробам на следното пуштање машина, па ќе кажам дали собираат нешто. Се надевам ќе функционираат.
и ја ги гледав на тему....те молам пиши дали ги бива....прочитав поназад во темава дека во јуск имало некад вакви топчиња па ќе идам денес да барам..
еееееееееееееее безвезе.....јас побарав во јуск немаа ништо за собирање и по другите наши продавници исто....едноставно читав по форуми дека мора да си ги вадиш сам влакната со леплива лента пред да ги пушташ во машина а и имаат неколку топчиња таму кои се покажале ефикасни ама тоа во америка..... ај ќе нарачам некои различни топчиња од тему тогаш за да споредиме