Обожавам да ја средувам само мојата соба, но ја средувам кога ке ми пукне филмот и кога ке нема веќе каде да седнеш,а ке се освестам кога ке му кажам на некого седни и ке ми каже каде? Мрза голема сум ама најдобро си ја средувам собата
Секогаш гледам да ми е средено, неможам да седам во соба ако нешто е расфрлано или не е на место, ама па прашинка ме мрзи да бришам секој ден (а одма се собира) па тоа го правам на неколку дена или еднаш неделно...инаку обожавам да ми е чисто, да ми блеска, ама ете пуста мрза...
Редовно чистам во дневната и во детската затоа што тие се 2 простории што најмногу ги користиме инаку кај мене во соба ко да паднала атомска се ќе најдеш ретко се случува да си ја средам затоа што само за спиење си ја користам
Не можам да замислам а да не е чиста куката. Сите 8 соби и двете WC- a мора да се чисти. Ако нешто е како што не треба одма станувам и го местам на своето место. Обожавам да го менувам распоредот на предметите во собата. како што би рекол мм секој ден кога си доагам од наработа се е поинаку дома со нов распоред
Оооо денес кога сум разотворила прозорци, па зедов изрибав кадата, ма цел тоалет, лавабото во кујна, па дури да отстои малце ја грабнав правосмукалката, па дорибав, избришав прашина со Аваксот љубовта моја најголема , ја измив терасата, го освежив ламинатот.... епа луѓе навистина лакше се дише. Башка и ги истрошив тостовите што ги изедов за доручек.
вчера и денес генералча на се дома од а до ш туку земав тушкав печка термо од 300 кг на тркалцца и на праг морав да дигнам па сега половината ме кине а ептен работна јас па сега во 1,30 закачував алишта на тераса кој ме виде ке се прекрсти
Со разредувач и со гребење најпрво пробав ама не сака..гребењето прилично оди тешко и страв ми е да не оставам траги на стаклото, а со разредувач не излегува .
Неделата како ден си ја користам за да си зачистам дома, усисување, бришање прав, перење, пеглање и уште триста работи по дома кои никако да завршат! Не се сметам за некоја тешка педантерија опседнета со чистење, ама реално не се осеќам опуштено ако работата по дома ја одлагам за подоцна! Сакам навреме да си средам се, и не трпам расфрлено околу мене на сите страни! Единствено во недела сум дома и сум доволно одморена за убаво да си зачистам иако знам и во текот на целата седмица да подзачистам купатило, да избришам прав и ред друг работи! Другоо... мразам да спијам во непроветрена и правлива соба, а уште повеќе ме нервира мрсна и нечиста кујна, затоа во тие две простории се задржувам малце подолго при чистењето и се трудам да ги одржувам постојано чисти!
Itno mi treba broj od servis za cistenje za doma,neznaev kaj da go postavam prasanjevo poradi toa sto opsti prasanjae zatvorena. Moze i preporaka na zena sto cisti doma. Izvinete na lat.nemozam fontot da go smenam
Често ми се случува да не знам што каде ми е, но се нервирам кога не можам да најдам нешто и затоа практикувам секогаш да ми е средено.
Си ја чистам мојата соба скоро секој ден. Има денови кога ќе ме фати мерак по можам и целата куќа да ја исчистам, но тоа ретко се случува. Инаку секој ден ми се случува да незнам нешто кај ми е, но за тоа е тука мајка ми.
Јас сум чудно дете..во собата кога ми е растурено можам се да најдам кај ми е...а кога ќе средам ништо неможам да најдам
Не ми претставува проблем дома да исчистам , баш како некоја занимација ми е си пуштам песни на цел глас ( до даска ахаххахахаха ). Баш добро ми оди, кога чистам светнувам ахаха
Понекогаш и помагам на мама во чистењето на другите соби, а мојата соба секогаш сама ја чистам Интересно ми е, и јас како Натали си пуштам песни и чистам
Убаво чистење правам еднаш во неделата, а онака средувам секогаш..Мразам да ми е несредено, подобро се снаоѓам под конец
Како маж ми си ти, тој исто така вели, по убо му е се да се гледа кое каде е...инаку за се ме прашува чорапите кај се, крпа кај има...му велам ти како гостин си тука, не се научи Јас неможам да трпам несредено, ме фаќа нервоза...
Зависи до денот, некогаш може да се случи да не ичистам цела недела, но некогаш се случува секој ден да чистам. Но, многу ме нервира да гледам нечисто и нераскренато. И со дечко ми секој ден се караме за собата, дали е раскрената, кое кај да стои А со цимерите, навика е веќе