Сакам домот да ми биде чист и уреден.Секојдневно средувам не зависно од моето расположение,а потребните работи секогаш ми се на дофат.Не сакам неред и прашина... Многу внимавам на тоа,бидејќи личната и домашната хигиена се половина здравје.
До сега немам чистено со солна киселина, па да прашам дали може да ја користам за одзатнување (чистење) на мијалникот во кујната (со оглед на тоа што тепсифонот нели е пластика, па ми е страв да не го оштети), ми имаат кажувано дека може, но сепак ми е страв. Помош?
Со солна за одзатнување немој.Имаш специјални средстав за одзатнување кои се или како гел или како прашок.Ако сипеш солна ќе дојде до реакција на алуминиумот ,или без разлика од кој метал да е направен мијалникот и ќе ти останат траги.
Како најдобро да се исчистат влакна по дома, маж ми е понадарен со влакна и ми оди на нерви кога и на исперени алишта и крпи гледам извиткани влакна!!
Ист проблем и кај нас, не само на алиштата туку насекаде На алиштата и пешкирите едноставо ги вадам со рака. Инаку и мене многу ми паѓа косата па секаде правам влакна, се чешлам на тераса ама џабе пак и по дома има, така да секој втор ден правосмукалка пуштам и на неа имам посебна алатка што се прикачува за влакна да собира па со тоа ги поминувам спалната и гарнитурата во дневна. И многу се нервирам кога ќе видам влакна на перницата и на чаршавот кај што спијам одма мењам постелнина, макар и пред неколку дена да сум ја сменила. Спас од влакна има ли????
Па не сака! се молиме, се нервирам, урлам и сум фина и се обидов да му објаснам колку гадно ми изгледа...ама плашлив е! Затоа пак почесто од мене е со правосмукалка и со влажни низ ќошиња брише..
Немора со целосна депилација,ете со машинка која не ги вади од корен влакната туку до кожата. Пак колку толку полесно ќе да е.
Малата денес ми истурила лак за нокти и тоа бордо боја на тепихот.Се обидов со сунѓер и сјај да го очистам,па сува крпа и ништо само го замачкав уште толку.Се мислев малку Арис да го прснам,па да го зарибам со четка,или пак да го носам на перење.Ајде некој ако знае како да ја извадам оваа дамка и дали се вади воопшто?
Не мора да го депилираш, ама не ќе да е лошо да го избричиш. Кога се кратки влакната нема да може да паѓаат и за одреден период ќе се ослободиш. Облеката најдобро ќе биде да ја сушиш во сушара таму се што има останува на филтерот.
а проба ли со ацетон за нокти? Не знам, немам искуство, ама тоа ми дојде ко логично нешто, дека со ацетон се скида лакот, па пробај. Памук натопи со ацетон и трљај.
Помислив и јас на тоа,ама викам ај да прашам за секој случај да не има некој искуство со тоа. Не сум пробала,немам моментално ацетон дома,ќе купам и ќе пробам и тоа и или ќе го упропастам скроз или го носам на хемиско,трето нема
Имам бела кожна гарнитура од Симпо купена но некако ми изгледа валкано , не е веќе сјајно бела како да ја исчистам и да и го вратам сјајот ?
Јас секој ден ја бришам прашината,ги метам теписоните,ги бришам ламинатите и плочките,па бањата па незнам што....значи куќава крај нема...иначе имам слушнато дека стаклата добро се бришат со колонска вода и со весник?? дали некој има искуство? Да смешно е но секој кого да прашам ми тврди дека многу биле чисто стаклата...
Свекрвата на една другарка исто има бела гарнитура па ја бришела со доместос и навистина е многу бела па ако сакаш пробај.
Не се замарам многу со чистењето на домот, повеќе мајка ми се грижи за тоа, иако јас и помагам. Одвреме-навреме правиме заедничка генералка, го чистиме целиот дом, туто-комплето. Од завеси до теписи. Јас сум си задолжена за чистење на мојата соба. Речиси секоја недела чистам со правосмукалка, бришам прашина. Скоро секојдневно раскревам наоколу, иако понекогаш сум премногу зафатена, па знаат да се соберат милион книги, тетратки, листови, пенкала, дезодоранси, стегачи, шноли, чешел, по некоја марама, обетки, и фиоките да ми бидат лом, на креветот алишта, плакарот превртен наопаку и се така по ред. Ама, секоја сабота си имам традиција сето тоа да го средам и собата после тоа ми е како нова, мајка ми не може да ја препознае.
Јас најмногу си чистам во мојата соба , сакам се да ми е средено со облеката на место , избришано прашина, отворен да биде прозорецот наутро да влези воздух и така , за општо цела куќа се грижат мајка ми и снаа ми ( ме разгалуваат малку де )
Сакам да прашам дали некоја од вас се има соочено со проблем- мирис на влага во регал и во фиоки?и како ссте се справиле со тоа оти мислам дека ке полудам не можам да ја поднесувам таа миризба,благодарам