Феминки, дали некоја од вас го има користено Пронто антистатик за отстранување на прашина? Дали моќам да го користам на медијапан, ефикасен ли е?
Некој нека отвори тема за мали трикови во домот . Ова со лимонтусот ќе го пробам за едно 40 минтуи, само детето да се успие
Го проба ли? Мене оцетот ми врши работа за параванот... ама тоа мувлата што се налепува на силиконот со ништо не се чисти треба да го вадам силиконот, па нов да ставам... нашол некој чаре за тоа?
Помага. За ова имаш награда од мене. А за мувлата в рз силикон спас нема Јас во кабината каде што се гледаше силикон ставив лајсна (на метро се купува) арно ама и под лајсна се гледа мувлата. Значи колку и да ми е чисто ве-це то одвратно изгледа. Ако некој најде чаре, нека пише тука
@poenta треба да ја частиш, не мене, јас со оцет си чистам, ама штом и лимонтусот помага, со него ќе чистам паравани. Ми скисна од оцетот веќе... литри и литри трошам, мм ми се чуди, кој што купува, јас алкохолен оцет не бре, не сум нормална со ова чистењево.
За мувлата ништо не помага. Имало некој специјален силикон за во туш кабини што не фаќа мувла, не знам каква е процедурата на вадење/ставање силикон во туш кабина, ама набрзо ќе го терам маж ми да го реши тоа.
@Annath Алкохолен оцет не сум користела како средство за чистење. Ме интересира што конкретно чистиш со него во бањата? Колку време ја користиш туш-кабината што има фатено мувла? Кај мене е прилично нова, една година, но мувла не се појавила, па ме загрижувате сите што пишувате за тој проблем. А кога се работи за чистењето, и јас сум на иста бранова должина со тебе и не се сомневам дека почесто ќе се дружиме во оваа тема. Од каде го купуваш средството за чистење флеки Омино Бјанко. Моментално немам потреба од вакво нешто, но не е на одмет да се има кога станува збор за широка палета на средства
@poenta, Omino Bianco го имаш во сите поголеми маркети, кај средствата за флеки. Околу 120-130 ден.е, зависно од маркетот. Има и спреј, ама мене не ми е толку добар спрејот колку обичното средство омино бјанко. А за туш кабината - па ја имаме барем 4 години сигурно. Три пати ми е сменет силиконот, не можам никако да го исчистам. Изгледа мувлата навлегува внатре, па не се чисти. Со се имам пробано, уште силиконот отпорен на мувла остана да го земам предвид. Заборавив за оцетот - чистам лавабоа, туш кабина, плочки - се поминувам. Порано парочистач имав, ми рикна, сега само со оцет (и сода по ) чистам. За wc школката само користам стандардна хемија (од КАМ).
За попрактично и побрзо чистење на потешко пристапните површини во кујната и бањата користете стара неупотреблива четка за заби. Особено ја препорачувам за делот на славините каде што се монтираат, шината на кабината и пластичните елементи со тенки и тесно процепи за чување на садови. Четката се користи откако е ставено средството за чистење. Многу значи да се поедностави работата, а особено помалку да се амортизираат рацете од стисокот при триење на површините. Тоа се избегнува на овој начин.
Домаќинки мои, кажете ми со што можам да бришам кујна од медијапан? Матна е, ама светла па страв ми е да не лупнам некое средство да ја оштетам. Муабетов дека нова ми е, прво чистење. Едвај ја дочекав. Имам дома на располагање Ајакс, црвено. А за параванот ова средство ми помогна. Полесно ми е мене со него отколку со оцетот. Ако најдете по продавници, нема да згрешите ако купите. ЧЕшми не сум чистела, нели за стакло пишува.
Здраво феминки!! Ме интересира како ги чистите ребрата од парното греење? Со што стигате да дофатете без да ја набуткате прашината уште толку? Убав ден!
Препорачајте ми некое средство за освежување на WC школка. Сум ги пробала сите од Bref (освен Dua aktiv нвото) и од Duck но не сум задоволна не мирисаат воопшто кога ќе пуштиш вода.