@referentka i @Annath Za muvla 5/5 http://www.jelmar.com/CLRMold_Mildew.htm CLR go ima za razni nameni. Jas nemozam bez nego. GROM E SREDSTVOTO
Што мислите за сервисите за чистење? Ги викаш и си уживаш.... Јас лично никогаш не сум користела такви услуги, сама си чистам како знам и умеам, но има многумина што ги познавам што си викаат чистачка дома, цена од 800-1200 денари плус средствата. А сервисите земаат од 1500 па нагоре, но си носат нивни средства, па кога ке видиш исто му доаѓа. Сервис е подобро , бидејќи доаѓаат по двајца или тројца имаат машини за плочки за паркети и потемелно чистат отколку некоја жена сама да дојде. Тие што ги знам што викаат жена за чистење, ја викаат 3-4 пати месечно. А кога би викале сервис ќе поминат со еднаш месечно, па испаѓа дека сервисот е поефтин. А се подразбира дека после ќе си одржуваш. Исчистеното не трае вечно .
Јас викам жена за чистење еднаш месечно, и тоа за 1000дензначи се мое мои средства, крпи, џогери, метли...............но во последно време некако не сум многу задоволна како мачката со опашката ке помине.И во план сум да викнам сервис кои ми го препорача моја блиска пријателка кои чистат перфекно, со се нивни средства и се друго што треба за чистење за 1200 денараи. Епа удри математика ,колку јас давам за жена плус со мои средства и се друго за 1000ден, а сервис со се нивно за 1200 ден
Епа да, тоа и јас викам, сервисот со негови средства чисти многу многу подобро од жената кога гледа само да ги земе парите и да си оди, а згора на се и ручек ке и дадаеш и цел ден кафиња ке вариш хахаха
Со што ги чистите плотните и фурните ? Мајка ми знам дека со сјај си ги чистеше и после со крпа обична ама јас некогаш знам да ја оставам и ми се прават како флеки кои не се вадат така едноставно. Има некое специјално средство за нив ?
Било кој одмастувач ќе ти заврши работа, дали Арис, дали на ДенкМит, дали на ЧилитБенг... јас лично од тој од ДМ сум задоволна.
И јас сакам да ми е чисто дома.Најгнасно ми е да ја чистам бањата,секојпат ми се повраќа Обавезно користам нараквици кога ја чистам,гнас ми е.А всушност најлесна е за чистење,арф(тоа средство го употребувам),сунѓерче,нараквички и си триеш.Е малку проблематично поради тоа што кога ги чистам плочките многу вода има насекаде,па треба да ја тргнам корпата и некое средство ако имам оставено на плочките.И користам и едно средство ако се затни туш кабината.Другите соби не ми се проблем.За мебелот користам магични крпи,понекогаш од оние другите обични крпи,ама магичните ми се попрактични поради тоа што се помеки и кога ќе ги исперам скроз се чистат,не како ове другите што повеќе ми изгледаат како да се за една употреба.Често го бришам мебелот(маса,биро),најчесто таму кадешто седам,многу прашина се собира секој ден(можеби поради тоа што отвараме почесто да се проветре собата па влегува прашинка,честички од надвор ),исто и со паркетот.Овој тепих што го имам многу собира влакна,се прават некакви топчиња и скоро секој ден го чистам(не такво чистење секогаш,ама со влажно марамче или малку наводенато крпче ги собирам).Инаку,кога си чистам убаво се,еднаш два пати неделно,зависи,користам Глосс за ткаенина(со него ги чистам креветот и тепихот и имаат убав мирис).Убаво средство,прави пења и си чистам со тоа,и ем ми изгледаат посвежо. Повеќе сакам мебел на ногарки,дека е полесно да исчистиш под него,нема потреба да го тргаш цел мебел.Инаку колку и да е сочуван мебелот,ако е нешто старо да речеме 20 и неколку години,многу смрди кога ќе го тргнеш.Политурата има многу јак мирис и шкафот и шифоњерот ги чистам на две недели,три,дека ако е затворено сепак има малку прашина,не сакам да си ја ставам облеката врз нечисти полици.Прозорците ми се тешки за бришење,понекогаш ми изгледаат нечисто дури и кога ќе ги избришам дека се познаваат линии,веројатно не ги чистам добро.Освен бањата,мразам кога треба да чистам нешто во кујната и многу ми е гнас од ронки.Нема многу филозофии ама пак кога ќе видам куп садови ми се лоши,ама мора некој да ги измие.И мразам пајажини,понекогаш не ни гледам дека во собата има,дека нели најчесто го гледаме тоа што е пред нас да го средиме. Кога чистам најмногу ме мрзи да ја средувам облеката,да ја ставам да се суши,па после да диплам и да ја наредам. Лесна работа што брзо се извршува ама ете мене ме мрзи. После овие процеси најмногу сакам да си ги редам и организирам работите,важно ми е се што имам да не ми зафаќа многу простор,и некои од помалите работи ги ставам во несесер,ташниче,кутија,секој предмет си има свое место.Не сакам да имам расфрлано предмети насекаде.Инаку така си ги подредувам работите дека ми е убаво кога гледам некоја попразна просторија Ааа иначе на пример облека,долна облека,не сум до толку за да ја редам по боја,по ова она. И друго што сакам се освежувачите за просторија,овој сега што го имам е малку јак,малку прскам дека потоа мора да отворам прозорец малку да изветрее да не се угушам во мирисот. Не сум опсесивно компулсивна со чистењето,не ни имам време за до толку да чистам.Имам порано гледано на телевизија луѓе што по цел ден чистат,7-8 саати,колку едно работно време,ама веројатно се невработени па за да си го исполнат денот со нешто или го прават тоа од мода сега. Убаво се чувствувам кога се е чисто,тогаш мебелот ми изгледа како да е нов. Сакам сама да чистам,исто и мајка ми,колку и да сме зафатени,не би викнале жена,еве јас не сакам некој да ми ги гледа работите,да ми шета по собите. И да не заборавам да прашам: Можете ли да ми препорачате некое средство за во шифоњер од оние што беа за мирис на облеката мислам се ставаат внатре,има ли такви или јас ги имам помешано со оние против молци ли за што беа ? Болдирав дека ми е долг постот па можеби нема да го видите прашањето.
Молам за помош ... дали има начин како да се исчисти фугата од плочките? Се работи за ново купатило. Мајсторот беше толку педантен, што наместо да става фуга меѓу плочките, ги нашлака сите плочки со фуга, и сега никако не можам да ги исчистам. Пробав со сува крпа да ја истргам фината прашинка, никако, со влажно сунгерче, никако, со средство, никако. Ме фаќа нерва само што ќе помислам на купатилото.
@sugarlips Во каталозите на Авон и Орифлејм порано имаше спрејови наменети за постелнина и облека со цветен мирис, а во малопродажба не сум забележала. Низ маркетите има голем избор на ќесички против молци кои имаат друга намена. Нешто како опција за освежувач има Раид-гел со мирис на лаванда или бор, па можеш да разгледаш. Таквите средства имаат тежок и интензивен мирис и не ги користам, освен оние против молци конкретно во плакарот каде што ја чувам зимската облека и постелнина.
Ќе се исчисти нека не те фаќа паника. Не е до мајсторот. И кај нас беа такви. Кога ја ставаат фугата па мачкаат лево десно. И тоа замисли кај мене црна фуга на бели плочки. Јас алкохолен оцет користев. И чистач на пареа. Ако не од едно чистење , од неколку ќе излезе. Немој само да запнеш со нешто да ги оштетш плочките.
Готово го средив... сунгер и Авакс и дел од фугата излезе, сега се чека втора тура чистење. Ќе имам во предвид за оцетот. Не сум знаела дека може и така. Ти благодарам.
Си ја најдов темата Значи јас сум фрик по чистење. Чистам скоро секој ден и сакам се да ми е под конец и многу се нервирам кога ке видам дека нешто не е на свое место. И цел ден одам и кој што оставил собирам.