Кај нас дома секој ден нешто се чисти, многу често со правосмукалката, нон-стоп има садови за миење, алишта секој ден се перат и чисто е многу, пример кога седев со цимери не чистевме толку, еднаш неделно. И затоа ми е убаво дома, затоа што е чисто, сакам чистота и среденост, да има ред, ама и треба сите да помагаат во домот, не само еден или двајца да чистат.
Generalka Ednas mesecno ili mesec ipol. Sadovi poveke pati na den. Peralna sekoj den. Pravosmukalka 2 pati nedelno. Dzoker 2 pati nedelno. Bajno 2 pati nedelno + sekoj den nautro povrsinski kade ima potreba. Detska soba I spalna soba 2pati nedelno postelnini na balkon, luftiranje sekoj den. Peglajne retko po potreba. Sreduvajne igracki edno drugo sekoj den. Balkon I nadvor Ednas nedelno se mie ili se brise zavisi. Edno golemo bravo za vasite Mazi sto vi pomagat vo Seto ova
Најдобро вака да пишам Секој ден: поминувам со правосмукалка,бришам "прашина" (не дека има од претходниот ден),проветрувам секое сабајле и постелнината ја оставам да се луфтира на тераса,мијам садови неколку пати (веднаш после јадење),машина за перење скоро секој ден. Џогирам на 2 дена цел спрат,вц исто на 2-3 макс,балкон 2 дена,скалите ги метам и џогирам на 2-3 ден.Постелнина менувам неделно Единствено пердиња и теписи 2 пати годишно оти мн ретко идат гости,ние дома не влегуваме никој со патики или чевли,пердината се чисти оти не пушиме со мм,а имам друга кујна надвор кај што готвам и не иди миризба.Прозори зависи од тоа какви се во моментот
Многу чистите бе... сериозно... Секој ден вц или секој ден правосмукалка, ми е незамисливо. Ко не бев во депресивна епизода не чистев секој ден, не пак сега. Сега: вц еднаш месечно, правосмукалка на 10тина дена, машината за садови и за перење вртат почесто. Пердиња и теписи немаме, прозорите не ми се избришани со месеци. Не пеглам. Ни сега, ни претходно. Освен ако се оди на свадба или нешто така свечено. Со правосмукалката и прашина усисавам. Само за правосмукала ми помагаат маж и ќерче. Не им давам друго, оти 'ми треба нешто да ме натера' да се покренам. Претходно готвев, сега маж и ќерче готват, а јас им асистирам по потреба.. ко главен шеф(готвач). Покрај вашето интензивно чистење, дали треба да се чувствувам 'безвредно', кога е во прашање 'домаќинлукот'?
И јас ќе плаќав за чистење ама нејќам непознати низ дома да ми шетаат. Иначе еднаш неделно се чисти дома, правосмукалка, бришење прашина, вц, едино во кујната секој ден шо мора да се пребриши. Вие на шо дроги сте бе? Хахаха.
Прашина, усисавање, џогирање, вц, песокот од мачката, секој ден. Ама на рати. Рецимо прашина, па подоцна кога ќе се најде време усисавање. Со 3 деца нема шанси да се посветиме исклучиво на чистење, освен кога и двајцата сме дома, па супер се организираме. Морам така, бебе ми лази низ цел стан и лови трошки. Не дај боже нешто да им паднало на девојчињава од грицки, храна и промакне при усисавање, одма ќе го најде најзабутано да е. Плус мачката многу ми прави влакна. Кујната знае по некад да остане несредена, зависно од времето, иако најчесто собирам и чистам по мене. Ова ич не важи за мм. Он и кујна е бомба комбинација. Генералка комплет е еднаш неделно. Машина за алишта е преку еден ден, а се случува некогаш и секој ден, зависи од децата. Не пеглам, никогаш не сум пеглала и нема да пеглам. Екстремно ретки исклучоци ептен по потреба. Машина за садови е секој ден. Јас најмногу на свет мразам садови да мијам и да раскревам маса. Најдобра инвестиција ми е машината за садови, а некад чекам масата сама да се собере. Децата си ја средуваат собата и си ги собираат играчките сами, освен нели бебето, ама и за тоа имам помош од нив. Уште мачката да си ги собираше своите и ќе беше топ. Иначе, несредено ми е речиси увек, заради играчките. Играчки наоѓам оставени онде, овде, дури и во вц. Сега почна и бебето по многу да ги разнесува. Секако дека од се ова има исклучоци и денови кога не правам ништо, особено кога идев на работа, ама сепак гледам да не промашувам усисавање ради бебето и мачката. Иначе мразам чистење и радо би правела друго наместо тоа.
Не мор,прај си како што вас ви одговара Секој дом е различно Јас сум ваква цел живот,другарката шо седеше до мене во средно ми викаше "аман чоек,сите викаат да си појдам дома сега од училиште и да јадам/спијам/шетам, само ти викаш да си појдам и да чистам" Јас сум ваква,мм е ист и зато ваквиот начин ни одговара на двајцата.Ако го земев еден бивши...досега до Брадовци ќе бев.
Смукање,полирање и чистење прашина на два дена. На два дена пуштам и машина. Купатило еднаш во неделата. Еднаш неделно менувам постелнина. Пеглање само по потреба. Садови и кујна секој ден и тоа многу ме нервира. Завеси и теписи немам и мислам дека без нив побрзо средувам.
Јас затоа многу не се загледувам по дома, да не си отворам работа. Немој ти со вакви работи работи. Секој си прави како му е убаво и како му одговара, како и со се друго. И знаеш дека се што правиме си има позадина и како сме научени. Еве ја мојата химна за (не)чистењето.
То е то! Ќе си ја мантрам сега, за да ми е убо на душичката Не се осеќам иначе 'безвредно', ама многу сакам да нагласувам кога некој е 'обратен' од рестото... За некој навистина да не почне да се чувствува бескорисно, ако се спореди со тие почесто што чистат
Мразам да чистам и да средувам, м р а з а м. Поголемо губење време за нешто што пак ќе се извалка, нема. Да има како, би била лежи лебу во врска со чистење, ама ми смета прашина и нечистота (и не ми се даваат пари за чистачки оти ги немам) па... Проветрувам секој ден. Поминувам со правосмукалка 2 пати неделно. Тргнав теписи за да не се замараме со нивното чистење, ама ми смета прашина како и да е, па само правосмукалката ја фаќам почесто, ме релаксира звукот. Еднаш неделно со средство се чистат подови и толку отприлика. Кујната ми е мала и речиси секогаш е средена, садови се мијат секој ден затоа што немам машина за садови. Дечко ми е задолжен за миење садови и чистење вц еднаш неделно. Јас - ла реина де ла хациенда, ако се лажеме. Бришам прашина, подови, средувам алишта. Прозори и балкон заедно чистиме. Прозорите кога ми текне или кога видам дека има материјал за чистење, а балконот детално се мие еднаш месечно. Во меѓувреме се подзабришува и подзаметува по потреба. Обожавам да готвам, иако тоа не спаѓа во чистота и одржување, ама баш сум практична и педантна и си имам развиено тактика при која не ми се ствара хаос во кујната кога ќе завршам со готвење (мијам паралелно додека готвам). Сè друго ми е по потреба уствари, ако видам дека нешто се извалкало, се преземаат мерки да се подзачисти. Детална генералка со поместување мебел и глупости, на премин од сезона, ама најчесто два пати годишно затоа што - нè мрзи. И пак секогаш, ама баш секогаш се наоѓа по нешто да ти се проматка низ нозе, секогаш испаѓа по нешто за средување и раскревање а еве двајца сме и прилично добро организирани. Тешете се со мене, јас ќе се тешам со вас и хепи енд.
Јас правосмукалчам оти друг збор нема. Мој си е, јас си го измислив, копирајт да платите ако го користите Не правосмукалчам многу инаку, еднаш на три дена во просек.
Ко го измислиле јазикот, немале правосмукалки, затоа немаме збор. Ама покрај цел МАНУ и сите лауреати, срамота е ние да измислуваме зборови И англичаните и французите немале зборови за сите геџети што денес постојат, па си измислиле нови. Cela da je! п.с. префрлете го муабетов во Литература, да подебатираме таму
Јас коа бев сама со мм, еднаш неделно сами, на 2 недели жена ми доаѓаше, сега со дете дома што проодува, што јаде 3 оброци, со коронава, секој божји ден, со тоа што еднаш неделно прозори, зошто се со рачиња, тргање тросед и поголеми ствари. Кујна некогаш и 2 пати дневно, дека се готви многу. Лајсни вадење, шпорет тргање и фрижидер на 6м, за да ми остане чисто. Пеглам секој ден 2 машини минимум иако ги сушам во сушара, морам бар малце. Се надевам кога ќе тргнам на работа нема да биде така, бар за чистењето. И пак ќе си викнам жена. Што имав една, вредна, пиц пец, ама се породи и она...
Демек најлогично е шмукањето на Џони. Правосмукалка пишав на македонскиот речник, ништо посебно од одговор. Усисивач, ќе да не постои, не го извади воопшто. Зборот што го употребувам, соодветно усисавање. Али, ти извади 4 на тестот македонски што го правевме, јас имав добар 3. Боља си, јас сум живеела во заблуда.
- Смукам со правосмукалка на 2 дена, а џогирам 1 неделно (викенд). - Прашина бришам на 2 дена. - Пуштам машина за алишта скоро секој ден. - Машина за садови - скоро секој ден. На рака мијам тоа што не е за во машина. - ВЦ генералка правам 1 неделно, може и 1 на недела ипол. - Работна површина во кујна бришам секој ден, некогаш и повеќе пати во денот. - Балкон чистам 2 пати неделно. - Проветрување секој ден, заедно со постелнина. Тоа мора до 2 часот, комшијата под мене ми забрани после 2 Од постелнината летеле влакна од косата моја, а тие после 2 си ги сушеле алиштата на балкон. - 1 неделно пребришувам листови на цвеќиња, бидејќи ги имам премногу. - 1 неделно му чистам на хрчакот. - Алиштам пеглам по потреба. Стварно не можам да ги сфатам луѓето што пеглат се’ откога ќе исперат, па ги диплат и кога сакаат да ги облечат пак ги пеглаат бидејќи се гужват од што се здиплени. Имам братучетка која буквално секоја недела (ден) пегли по неколку саати - и чаршафи, алишта... А само недела не оди на работа. - Генералка правам еднаш на 2 месеци. Мора да го пофалам дечко ми (заедно живееме подолго време) - ми помага стварно. Џогер немам фатено година дена, исто и вц немам џогирано Бог знае од кога. Го научив алиштата да си ги средува, дипли, реди, да си враќа на место работите, мие садови. Јадиме само готвено дома, и вечерата најчесто тој ја прави.