Воопшто не беше спомнување туку цела контрастивна анализа за снашката која има две деца, лесна работа и слободни викенди, а сепак и е гнасно дома и за домачицата која има три деца, многу потешка работа и работни викенди, но сепак ете не само што и свети дома, туку и секој ден има зготвено, си игра со децата и чита книги. А ако и се згадило од нечистотијата никој не ја терал по втор пат да оди таму...ама па тогаш нема материјал за оговарање.
И? Толку е страшно некој да помисли како некој не може основна чистота дома да одржува а има слободно време? Тоа ти е нешто ко миење заби, коса, облекување чиста облека, пристоен надворешен изглед. Да ви дојде колешка со мрсна коса, жолти заби и смрдлив здив ќе се утепате оговарајќи позади грб со коментари -па немој да ми кажеш дека немала време да се замие, сапун и вода ееееј, 21 век... ама за чистота дома кул хипици ќе изиграваме, сВе уметнички души што од толку многу интереси немаат време да се занимаваат со тривијалности како бришење прашина.
Ако јас почнам да го тупам за колешка која има две деца, мн полесна работа од мојата и слободни викенди, а шета со мрсна коса, жолти заби и смрдлив здив, за разлика од мене која имам три деца, многу поодговорна работа и работни викенди, а стално имам исфарбана коса, средена фризура, холивудска насмевка, комбинации ко од модна писта, плус и време да читам книги и да пејам во црковен хор..кој ќе биде твојот заклучок, дека сум засекирана за денталното здравје на колешката, или дека едноставно сакам индиректно да си се пофалам со нејзино ругање?
Зависи во која тема дискутираме, ако е темата за домаќинки, лепотици, манекенки, немиени, заби, здравје, психологија, ќе коментирам за тоа што треба. Ако темата е за чистење, ќе ме занима тој дел.
Не реков дека сум НАЈдомаќинка, баш напротив, кажав дека ми е опсесија чистењето, како и Реин и јас сум за златна средина. И јас готвам секој ден и мене не ми јадат купена храна децата. Ете моментално не работам, ама и кога би работела, пак исто ќе биде, наместо да изгледам 2 епизоди од серијата, јас ќе изгледам една, или ќе прочитам неколку страни помалку. Мене помирна ќе ми биде душата ако пројдам со крпа, тоа ме исполнува. А за децата, од мали нозе се учат на ред, дисциплина и хигиена наместо да поминат време пред тв или мобилен. Да не одам оф топик, нема потреба од навреди, сепак секој е различен и не можеш никому да удоволиш, ако сака некој да ти најде замерка и да те оговара, ќе најде.
А бе и јас сум за децата да учат дисциплина, ама не и пола куќа тие да ја средуваат, па јас да си мислам како сум имала време за се. Децата се деца, треба да живеат детство. Плус не работиш. Не е навреда, воопшто, ама споредбата е несоодветна на жени со деца што работат и жени со деца што не работат. Не е соодветна едноставно.
Не се разбираме. Ако јас убацам во муабетот нечии, условно кажано лоши особини или неуспеси и ги искористам да ги истакнам моите условно кажано, добри особини и постигнувања преку меѓусебна споредба притоа додатно потенцирајќи колку мене ми било потешко да го остварам тоа, мене факат целта ми била да си се пофалам само за да не биде апла фалењето, го правам тоа индиректно, преку компарација со таа особа.
Бришеле прашина секој ден, чистеле со правосмукалка секој ден, бришеле подови секој ден, рибале купатила секој ден, носеле по училишта курсеви,активносто сп деца, одење на работа во смени, готвење, миење садови, средување кујни секој ден, читање книги, прошетки, посветување време на себе и сопрузите, изгледа денот ви трае 70 часа, наместо 24 часа. Со дете сум и јас, нормално дека се грижам за хигиената, но нема да се однесувам како да имам некое опсесивно пореметување, да седам само со крпа и правосмукалка со раце.... Имам чувство дека денешниве жени се натпреваруваат во докажување која е поголем роб дома, која е поненаспана, која е со поголеми подочњаци од неспиење, која е изгладнета од немање време за себе, која е поисцрпена, која највеќе спрема оброци, по можност безглутенски, со повеќе амарант, киноа, просо, авокадо..... Абе жени дај олабавете малку, сите вие набавувате готова храна кога немате време, прескокнувате усисување кога ќе дојдете преморени од работа... Сите за викенд пре би оделе на прошетка со децата отколку да бришете прозори... Природно е и нормално, луѓе сте, не се правете со сила робови!
Има време за бришење прашина секој ден.... ако се сака. Акцентот на: ако се сака И дома и на гости заприметувам што е чисто, а што не, ама не ми прави разлика ако човекот кај кој сум пошла ми е битен. Ако ми е гадно, нема повеќе што да одам кај таа личност и да си правам да ми е мене некомотно, или нејзе/нему. Што не ми се случило, бидејќи, како што реков... не ми прави разлика! Единствено би ми било проблем, ако им е биохазард домот. Ама такви не сум сретнала. И е во Македонија 'натпревар', која е поголема домаќинка. И дали заприметувате, дека ако наоѓате забелешка за чистотата во домот и/или готвењето, дека секогаш, ама секогаш-без исклучок, прстот се вперува во жената? Никогаш не во мажот кој живее во истата таа куќа. Плус, кога жените чистат, мажите 'им помагаат'. На страна оговарањето, знаете ли каков терет на личноста прави тој притисок да се биде 'добра домаќинка'? Жените едни со други си поставуваат критериуми кои не секој може да ги достигне, или не секој сака да ги следи, па после доаѓаат фрустрации. Зошто да правите опресија врз жената, доброволно? Наредниот пат, ако некаде не е чисто, изоговарајте го мажот оти не нашол пет минути денес, да избрише прашина.
ова во нашата ни мила Македонија нема да се случи во наредните 50-на години.. Секој ден се чисти..и сите по дома си чистат што е нивно, веќе не се замарам дали на син ми собата е расфрлана..откако неможеше да си најде битен доксер во моментот што сакаше да го носи , а го најде под кревет и бил за перење сега си е одговорен..Играчките на ќерка ми што не се собираа ги снема, па сега ги пази ко очи во глава..А маж ми е посебна приказна, за него требаше посебна обука, да пазам да не влезе случајно мајка му или некој да го види ако држи правосмукалка??? е тоа беше срам на векот... Ама се се среди , полека полека...сега сме уиграни. Најнеблагодарна работа е чистење на домот кој сите го прљаат а жената треба да чисти....а сите сакаат да им е чисто..
Мене и ми е жал за жени што се фалат како средувале, чистеле, и кога одат кај некого дома гледаат колку прашина има, и ако не ти е средено се смеат. Жал ми е за таквите пошо бришењето прашина им е најголем успех во животот, не постигале друго. Ако стигниш до ниво да се заебаваш со друг за тоа колку му било дома средено...не ти е животот нешто многу исполнет
Ако некому е најбитно да му биде чисто дома, не значи дека животот не му е исполнет. Значи дека сака да чисти и да му е чисто, и тоа го исполнува. Проблем е кога тој некој, очекува сите како него да бидат. Причината поради која некој не чисти, не мора да е валидна за остатокот од светот, битно е дека нејзе/нему и'/му е валидна.
Не реков дека ако некој сака да чисти не му е исполнет животот туку ако кога некој чисти и оди на гости и скришно проверува колку е чисто, за мене тоа е претажно. Немам со што друго да споредувам па ќе споредувам со прашина колку имаме.
Кога ја видов темава за прв пат, знаев, ама знаев дека кад тад ќе се почне со расправии за домаќинки и недомаќинки.
Дај пишете кој во колкава квадратура живее за да можам да проценам дали навистина е станува збор за прав домаќинлук?! Оти не е исто средување на еднособен проширен, четирисобен или куќа, да се разбереме?!
Мразам да чистам и средувам дома, а сакам да ми е беспрекорно чисто. Викам жена еднаш неделно, сега не ми доаѓа ради короната и ќе полудам. Сѐ гледам некако да изескивирам чистење или средување, па затоа обично го терам маж ми заедно да чистиме и сепак неговиот дел е почист од мојот. Толку да немам живци да чистам, тоа е страшно. Или па ќе фатам да чистам и нешто друго ќе ми го одвлече вниманието и толку беше. Да треба да работам четири дена без престан на компјутер по струката, пет ќе сработам, не сум мрзлива за тоа воопшто. Ако треба ќе седам на работа додатно за да заработам за уште 5 чистења дома, тоа со задоволство ќе го направам, ама јас самата... Не можам. Јас искрено не сметам дека домашните обврски се стрикно работа на жената, се гадам од тој став, затоа што во денешно време и мажот и жената работат. Доколку еден од двајцата партнери не работи, сосема е нормално да биде посветен на домашните работи. Но доколку можат да си дозволат жена да чисти, тоа би било перфектно. Сепак, постојат луѓе кои уживаат во чистење и средување низ дома, кои така си ја канализираат негативната енергија. Јас не сум една од нив и сум сигурна дека во овој живот нема да бидам. А луѓе кои загледуваат, оговараат, се прават пожртвувани мајки и сопруги и плукаат со омраза врз оние кои не се како нив, не верувам дека постојат во денешно време, а ако постојат не е ни чудо што не сум ги сретнала, затоа што тоа се најчесто огорчени и злобници, незадоволни од својот живот, а такви немам во мојот видокруг.