Не бива Вајлд, се изнамачивме последниот пат, душа ни извади. Проблемот е што гарнитурата ми е правена по мерка, јас си ја дизајнирав, никаде не можев да најдам каква што сакав и тешко беше изводлива ама јас запнав,(ако ми е сега)сунѓерот мораше да биде ептен кнап со навлаката, ама мајсторот утна малце, му реков патентот да го стави да почнува од страниците па позади, цел раб, за малку да е полесно вадењето, тој го ставил само позади...мора со некое средство, ќе пробам и една фунта со сода прочитав, како демек да се насипе и остави да отстои па да се усиса, па да видам баш. Со Глос пробав некако многу комплицирано ми стана и разманав.
Скоро гледав на инста некоја блогерка ја чистеше гарнитурата со 70% алкохол. Се канам да пробам ама никако да стигнам. И мојата е штоф кој се чисти. А не и се вади ништо да се пере. Бар не ми личи. Ама лична е важно. А сега со дете , лом ја правиме. Порано имаше кој да ми ја среди, ама последните два месеци лом е. Пишете ме у недомаќинки.
Како да исчистам гарнитура од еко кожа , проблем е миризбата на стоено долго во затворен простор, а не користена ни 2 години.
Тукушто се преселив во нов стан и уште не е досреден се комплет, ама претходно луѓето што живеаа ми рекоа дека се познава многу прашина и нечисто на подот заради бојата и материјалот. Веќе се соочувам со тој проблем, ама добив совет да пазам на таваните и секоја прашина демек паѓала од таму. Нови се ѕидовите и искрено ова прв пат го слушнав, незнам како би ги чистела нив? Со правосмукалка да минам?
Со кое средство можам најдобро да исчистам плочки во купатило кои се темна боја ама избледени се од бигорот. Дали помагаат тие што се наменски за плочки баш? Нови се и до сега беа ок ама со време гледам избледуваат и бојата не доаѓа до израз. Пробав со алкохолен оцет ради бигорот ама не помогна
Sretstava od kam stokomak imas isto za banja na ludwik mn e efikasna ima ocet i vo nego. A i so polirapid isto izleguva.
Дај кажете решение за прашина. Секој ден бришам по 2-3 пати во собава и пак насабајле станувам со затнат нос. Имам алергија на домашна прашина ми смета.Ме чеша Кивам како луда Не знаеме веќе ни ја ни мајка ми што да праиме
https://zenskimagazin.mk/metod-na-c...idite-prashina-10-dena-se-koristi-vo-muzeite# Немам пробано, но го видов линкот па нека стои тука . Инаку за чистењето, еднаш неделно, заедно со мм. Доволно е! Инаку живот со девица интересен е, опседнатоста со чистота ми беше пренесена и мене, не бев порано фрик по чистота како во аптека, ама години живот со девица ме направи таква, добро, по блага верзија
Немам во собата ни завеси ни тепих.. Намерно немам ради прашината. Ќе отворам прозор цигара да испушам кило прашина се собрало. Не можам да дишам буквално.И онака дома е +300 и нѝ е сув воздухот. Изгледа ќе треба прочистувачот да си го земам. Имаме на Цептер еден и тој прашина фати
Јас правам генералка на две недели, заедно со ММ, се живо вадиме преместуваме на тераса. После тоа на секој втор ден зачистувам прашина, и бришам под со џогер, многу влакна ми се прават, и тоа страшно ме нервира.