Не ми е јасно како темава отиде во друг правец. Кој/а колку сака нека чисти. И, да, ова не е женска работа, а мажите да помагаат, туку basic skill life e. И, да, битно ми е да е чисто, ама тоа не значи најголемиот дел од да го посветам на тоа и да немам време за поважни работи како на пример да спремам магистерски.
И сама да живееш, пак не може. Прашина веднаш се собира, јадење треба да се направи (тенџере, миење садови итн.). А и факт е дека и да се сака се' да е под конец не бива.
Vo dm ima sredstvo za cistenje na sporeti so staklena ploca okolu 200den e, mozes i so sredstvo za odmrsnuvanje permetal i dr.
Како успеа да се помириш со тоа, јас разбрав дека неможе, ама неможам да се помирам, и секој ден по три пати дневно се вадам од патики, кога ќе видам дека нештото не е таму кај што треба да е.
Па се замараш со глупости, океј е да е чисто ама да не падне трошка, како неее, немам друга работа, и маж и кој сака да е не е виновен што вие сте болни за чистота. Тоа е болест за мене, си го оптеретувате мозокот со глупости на жешково, и правите проблем таму кај што нема.
Чистам прашина еднаш неделно и поминувам со џогер и средство за дезинфекција еднаш неделно, сметам дека е сосема во ред. Поделени ни се обврските со сопругот он има задача да го чисти тоалетот со средства и да исфрла ќеси ѓубре. Обожувам да усисувсм некако ме релаксира но сега бебе ми се плаши од правосмукалката и секогаш кога усисувсм гледам мм да го шетка во паркче со количка.
Здраво женички. Ве молам за помош значи опседната сум со чистење, сакам се да биде под конец секој ден ми е напнат и нервозен ако нешто не средам. Имам 5 месечно бебе и не е можно се да средам, и потоа станувам нервозна и напната. Значи спрема мене се мора да се среди одма во моментот, ако остане нешто за подоцна се јафам жива. Не се издржува повеќе.
Треба да сфатиш дека со бебе/мало дете не може да ти биде средено цело време. Колку побрзо го прифатиш овој факт, толку подобро за тебе и твоето ментално здравје.
Заборави на чистотата. Како расте бебето во дете се порастурено ќе биде. Имам тригодишна ќерка. Невозможно е да е се под конец. Боенки боички играчки коцки на сите страни. Кога ќе ја заспивам мм расфаќа. Следниот ден е јово на ново. Тоа е.
Не е возможно да биде пиц пец секој ден со бебе. Со дете па ич. Сите сакаме да ни е нон стоп чисто и средено, но како растат е сѐ поневозможно. Сфати си го тоа и посвети повеќе внимание на бебето. Ќерка ми има 9 месеци и се плаши од правосмукалка, нема шанси да усисувам во нејзино присуство, рика се корне. Пробано и она во рака, усисување со другата рака ама не и не. Ако стигнам 1 до 2 пати неделно да усисам е топ! Се снаоѓаме со мм некако еднаш он усисува јас додека ја шетам и обратно…А лази насекаде…ама тоа е. Прашина бришам кога ќе стигнам колку ќе стигнам барем во дневна каде што седиме, додека она спие во спална. Кујна навечер средувам откако ќе легне и така некако барем сабајле да е средено. Алишта никогаш не стигнувам да средам
Со бебе,дете никогаш нема да ти биде се под конец. Јас децава мои инаку близнаци со мм ги ставаме во трамболина и таму играат и ред други работи. Сопругот поголемиот дел од денот е со нив кога ќе се врати од работа додека пак јас кога ги занивама он јас работам Др работи како перење, пеглање,диплење и средување на алишта, готвење и средување на кујна,усисување со правосмукалка бришење прашина и ред други работи. Но доколку сум уморна или на работа и сопругот понекогаш ги работи работите кои јас ги работам. Еве сега сум по втори пат бремена и можам да кажам дека он работи повеќе од мене дома додека јас сум со децава.
Мислам дека психички ќе попуштам, ептен значи се замарам до тој степен што ако мм ми рече да излеземе, ќе му речам имам за средување. Не можам да посветам време на семејството од што се замарам со глупости.
+ една опседната со чистота во домот, не сум многу умешна во кујна ама за чистење сум опседната сега со бебе како што не одам на работа уште користам породилно, се претворив баш во хигеничарка со крпите шетам по дома пр. ако остави мм мобилен на маса одма по него бришам а па ако ми дојде некој на гости теписи вадам тресам, може претерувам ама такво време дојде и малово е најчесто доле на под
И јас сум во трка со времето за чистење откако се породив. Таман ќе речам готово направив генералка ете одма расфрлено за 10 минути е хаос. Сега бебето лази насекаде и гледам барем подот да е чист. Само со водени крпи поминувам, не ставам средства по паркетот бидејќи го лиже паркетот, во таа фаза е моментално Алишта пеглам кога ќе ми треба, не како порано по 2 корпи, немам време за тоа.Исто и машина пуштам за нас 1 неделно. Пред излегување или 1 ден претходно само таа блуза/кошула. Во последно време бебето сака само во раце држење и не можам ништо да фатам. Гости да се најават треба 1-2 дена претходно за да имам време да се органзиирам и се да средам.Мајка ми ми е од помош кога ќе дојде таа чисти.