Форумџика на годината

Одржување на чистотата во домот

Дискусија во 'Дом' започната од magic, 12 декември 2009.

  1. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Женски
    Isto i jass, ako treba cel den ke cistam ama da bide ubavo iscisteno
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.742
    Допаѓања:
    11.131
    Пол:
    Женски
    Читам наназад сакате со бебе под конец да ви е. Јас бев пицајзла за чистење, сакам се во линија под конец да ми биде. Кога се омажив работев со тоа темпо, чисто средено, секогаш на свое место.
    Кога се роди син ми чистев ама не ми беше проблем да ми расфрла, од мал го учев дека по игра се собираат играчки, сега е поголем и гледам дека се претвора во мене, а не би сакала.

    Повеќе сакав во тој поглед да личи на мм, затоа што тој си е опуштен и не си ствара дополнителен стрес за да мора се чисто да е.
    Ама сепак откако го имам син ми сум многу изменета.
    Претходно да видам на огледало дамка одма трчев со крпата, а сега кога ги видам рачињата на син ми, или како се бакнувал во огледало, не дека не можам да избришам, можам, ама да би можела ова засекогаш би си го зачувала :inlove:

    Па кога видам во плакар се си има редено на закачалка и што треба и што не треба :D :inlove:
    да беше маж ми ќе добиеше казна за тоа :lol:
    Децата растат, уживајте со нив, битно е да е чисто, ама не мора се под конец. Еден ден ќе ни фалат овие растуренки по дома :l:
     
    На sino.o.oka, hermosa, TrinityNeo и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Merten

    Merten Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Со што чистите/освежувате гарнитура од штоф?
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Јова

    Јова Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Здраво ми треба мала помош,опседната сум со чистење значи буквално се да е под конец а не можам да постигнам се, бидејќи сум со мало дете дома а немам помош околу ништо. Значи до толку се опседнувам што ми ствара стрес и не можам да функционирам нормално, пример ако вилушката е обратно ставена во фиока одма ми ствара нервоза. Уште повеќе се нервирам околу ходникот немаме плочки само тепих , и стази на скалите иначе другите соби се средени . Дали некој се нашол во ваква состојба? Како да си помогнам ? Се извинувам на долгиот пост.
     
  5. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски
    Треба да се помириш со тоа дека неможе сѐ и секогаш да биде средено или навечер додека сите спијат ти да чистиш до ниедно време. Прво, вклучи го и маж ти во чистењето, второ доколку можеш да си дозволиш најди жена да доаѓа неколку пати месечно да ти помага.
    Избери еден ден во неделата некој друг да го чува бебето па за тоа време среди се по дома, иако работа секогаш има, но со добра организација се постигнува.
     
    На Јова му/ѝ се допаѓа ова.
  6. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    426
    Пол:
    Женски
    Има некој препорака за џогер?Го гледав на Виледа овој.
    [​IMG]
    Го има некој користено или дали има препорака за добар џогер? За плочки ми треба.
     
  7. Merten

    Merten Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Овој не, некако ми беше скап гледав околу 2000 ден. Го зедов овој и засега ок ми е (околу 400-500 ден) IMG_20221202_190545.jpg
     
    На warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  8. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    426
    Пол:
    Женски
    1400 го гледав затоа се замислив дали вреди.
    Од кај го зеде?
     
  9. Merten

    Merten Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Од Атва home centar, ама треба да го има во сите такви центри
     
    На warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ursi

    Ursi Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    1.373
    Пол:
    Женски
    Јас го користам овој веќе три години и презадоволна сум.
     
    На warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.885
    Допаѓања:
    4.677
    Пол:
    Женски
    Kaj go zemate ovoj dzoher? I kade e 1400? Jas vo Tinex lani okolu 3.000bese
     
  12. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.676
    Допаѓања:
    7.940
    Пол:
    Женски
    Исто. Сакам се да ми е средено и под конец. Не трпам растурено, нечисто, со прашина:puke:
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.628
    Допаѓања:
    9.074
    Пол:
    Женски
    Највеќе мразам прашина и ронки од храна редовни генералки и да мириса на чисто и кујната и купатилото се по ред.Мајка ми повеќе се замара детално но јас кога ќе фатам фатено е
     
  14. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    12.614
    Пол:
    Машки
    Застрашувачки е колку прашина има во Скопје. За ден-два после чистење, веќе има собрана прашина, дури и во купатилото кај шо нема прозорец. :x
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bebac

    Bebac Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    851
    Допаѓања:
    2.016
    Пол:
    Женски
    Феминки, ако може да дадете совет, мислење околу организација во домот.
    Следната недела почнувам на работа два дена прва, два втора, два трета, два дена слободни.
    Имам приземје и спрат. Додека го средам спратот, приземјето хаос и обратно. Скоро секој ден се пушта машина за алишта, а времето е такво, слабо се сушат, па и тие кога ќе се насоберат оди довиткај.
    Плус ручек, дете од 2 години и 8 месеци. Нека е жив и здрав, но на 5 минути несмеам да го оставам сам. Многу е палав. Во градинка не го пуштам бидејќи 2 дена во градинка, 2 месеци дома се лекува.
    Ми помага и мм. Неможе и тој да се растргне.
    Дали не знаеме да го организираме времето, дали сме смотани, незнам.
    Никогаш не ни е се средено и тоа многу ме нервира.
    Не ме нервираат играчките од синко, бидејќи тоа е нормално. Сепак мал е. Но, се останато од патики ме вади.
    Да напоменам дека ќе бидеме различни смени со мм поради синко.
    Просветлете ме, бидејќи јас навистина незнам веќе како да се организираме?
     
  16. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.509
    Допаѓања:
    22.876
    Пол:
    Женски
    Јас сум стрелец, зошто да чистам кога можам да одам да шетам? :D Инаку најубаво чистам кога сум нервозна. Тогаш, да можам и црниот дроб би си го извадила да го исчистам!!!
     
    На *malenavolena*87, Biljarkata, АнеАце и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Lois

    Lois Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Дали сеуште ги користиш услугите на Сфера и како си задоволна?

    Не ми се пушта секој дома, па би сакала препорака од некој што има подолго искуство.

    Инаку, пробав да ги најдам на фб но не успеав. Може линк во порака?

    Ти благодарам.
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски
    Па не сум ги викнала од короната навака, не знам ни далк уште функционира како фирма. Да побарам да видам дали ќе ги најдам.

    Edit:не ги најдов, мислам дека не функционираат повеќе, иначе го држеа газдите на хемиското чистење Тонели.
     
    На Lois му/ѝ се допаѓа ова.
  19. moni.poni

    moni.poni Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    85
    Предлог за хемиско за тросед и двосед од Скопје?
     
  20. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    21.804
    Пол:
    Женски
    Жени спасувајте...
    Значи полудев веќе со проблемов.
    Долго време мака мачев со bed bugs.
    Што не напраив, прво испрскавме, искречивме и фрлив душеци, тепих, перници, значи скоро се.
    Дрвенаријата пребришав, се отеув со средства.
    Пак имаше после некое време.
    Ајде пак јово на ново. Два пати неделно прскање, чистење, што не. Пак се јавуваше понекоја.
    Го затворивме секое дупче на паркет со пур пена, пак исто се прскање чистење, тресење, фрлање.
    Немаше долго време, две год сигурно.
    Еве денес пак
    Јас веќе не знам што да правам.
    Сигурно од некаде идат.
    Има ли некое чаре да ги уништам?