Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одржување на чистотата во домот

Дискусија во 'Дом' започната од magic, 12 декември 2009.

  1. Molly.dolly

    Molly.dolly Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2019
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Плант Медика фирма од Куманово,одат и во други градови, се ке ви реши . Ке ве предупредат дека е тешко чистењето, дека неколку третмани треба, ама ке ги снема навистина. Навистина се чуѓе од збор
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.885
    Допаѓања:
    4.677
    Пол:
    Женски
    Vakov dzoger ima li nekoj videno vo Skopje? So dupcinja, za da se stavaat vlazni maramici
     

    Прикачени фајлови:

  3. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    во дм...
     
    На DaisyDream му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ne znam koj

    Ne znam koj Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2023
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Zeni pomos
    Ve molam pisete mi nasoki za odrzuvanje na domot-sto dnevno,sto nedelno,sto na mesecno nivo?
    I so koi sredstva?
     
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.195
    Допаѓања:
    36.641
    Пол:
    Женски
    Прашина и џогер секојдневно. И кујната секој ден ја чистам. Еднаш неделно генералка - правосмукалка, чистење на кујната со средства, менување постелнина, чистење на вц. Еднаш месечно чистење под креветите и под комодата и чистење на плакарите. Прозори по потреба.

    Наместо џогер почесто користам парочистач. Супер е. А за џогерот купувам од најевтините средства за под. Имам од оној џогер со прскалка. Кујната ја чистам со средство на база на оцет. Прашина со политура. Секогаш купувам најевтини средства. За вц средство со слаб мирис, а за шољата (долниот дел) солна киселина.
     
    На eliesaab и Ne znam koj им се допаѓа ова.
  6. Ne znam koj

    Ne znam koj Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2023
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Fala ti najmnogu.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.446
    Пол:
    Женски
    и мене ме интересира истото прашање, ама што знам, или јас не гледам убаво ама немам сретнато џогери во дм.
     
  8. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    7.156
    Го има најдолу кај марамиците, одвоен е од рачката, дополнително треба да им побараш.
     
    На Vanilla15 и marchi-cool им се допаѓа ова.
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.446
    Пол:
    Женски
    тенкс :)
     
  10. zence

    zence Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    280
    Види го инстаграм профилот kakomamakaze, жената е тешка педантерија ама има некој систем разработено , па и убаво објаснува како се чисти и машина за перење, клими итн.
     
    На Ne znam koj му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    3.871
    Пол:
    Женски
    Препорака за хемиско чистење на гарнитура
     
  12. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Девојки поздрав. Не знам дали ја утнав темава, ама ќе пишам… ве молам ако има друга тема, препратете ме

    Моментално сум со високо ризична бременост со моето прво дете и веќе лежам 8/9 недели. Ова беше многу неочекувано и залегнав непланирано. Јас сум пицајзла за средување и чистење, меѓутоа сега не сум во можност и ми е на голема мисла како да ја спремам куќава пред да се породам. Не зборувам за чистење, имам робот правосмукалка, маж ми чисти, мајка ми доаѓа обавезно ми потфаќа и ми пегла и воедно имам и жена што ми доаѓа да чисти генералка на 3 недели.
    Сакам да ја преуредам куќава „од внатре”, од кујна, до шкафови и плакари и шминкерна. Инаку станот е двособен, 50на квадрати, значи не е огромен. Пред да купам работи за бебето се мислев да ги исконтактирам уредување „Кансо”. Дали некоја од вас или ваша пријателка имала искуство со нив? Како им се движат цените од прилика? Сега ми излезе реклама на инстаграм

    Фала ви многу
     
    На Зеленоокатаа и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  13. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    4.640
    Кансо ми беа скапи за тоа што го нудат, за 2,7м плакар ми рекоа од мин 6000 почнувала цена, земав за 2 саати си го средив. За кујна не ни прашав којзнае колку е.

    Препорака. Прво, нестинг се покажа кај мене и кај многу други како вистинска состојба, не знам зошто и јас имав потреба да ја превртам куќата. Дали е потребно? Не, не е! Нестингот никако нема да ти ја олесни промената која те чека. Второ, немој да си помислила да стануваш ако си со високоризична бременост и треба да си на строго мирување, се станува само за во тоалет, ќе издржиш. Апсолутно е непотребна толкава реорганизација и спремање пред бебе. Трето, после пораѓај 2 недели и порано, веќе ќе се вратиш во форма и буквално се што претходно си го правела ќе го направиш сега, се што ти е криво дека останало недовршено ќе го довршиш ако не ќе ти пројде пошто не е неопходно за живот.

    Околу организација, ослободи си дел од плакар или фиоки за работите на бебе, алишта, козметика, текстил како постелнини крпи тетри и сл. 2-3 големи фиоки ти се доволно. Имај 1 кутија/корпа која ќе ти служи за секојдневни тракатанци, не преголема, да можеш да ја мкнеш од соба во соба, внатре ќе има козметика, пелени, влажни, суви марамици, за тебе ако треба нешто за нега. И во кујна ослободи си дел од полица во висечи и на работната површина, каде што ќе ти се сушат шишиња, цуцли, пумпа ако користиш, а во висечи ќе ти стојат чистите.
    Јас пошто немав многу место, мои алишта што не беа сезонски и не ми беа комотни ги спакував и ги кренав, така ослободив место, после си ги вратив.
     
    На Evangeliaa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на одговорот. Се согласувам, во овој период не можам да си ги дозволам Кансо. Се согласувам и за нестинг-от, меѓутоа јас генерално функционирам така во животот, правам генералка на сите работи пред некој „настан” или кога ми треба ментална хигиена. Така се осеќам дека имам контрола во животот :D. Знам дека сѐ ќе се среди со време, еве ќе купиме нова комода специјална за бебето, ќе правиме преместување во спална и мислам ќе ме „смири” малку од малку. Добро е што имам многу помош од страна и ќе ми стојат на располагање. Ти благодарам уште еднаш :sun:
     
    На Mucika и flower30 им се допаѓа ова.
  15. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    1.264
    Пол:
    Женски
    Не сум сигурна дали е ова за тука. Дали имате некоја жена да ми препорачате од доверба за целосна генералка, би ја викала 1 или 2 пати месечно.
     
  16. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.379
    Пол:
    Женски
    Сега ги пролистувам темиве за чистење во домот. Да кажам нешто сакам. Јас сум во раната фаза на жена-домаќинка. Сеуште е рано да кажам дека сум вредна и дека бев искрено мрзелива за да фатам и да прочистам наоколу. Од деновиве тоа го сакам да го почнам како навика и ритуал и многу сакам да ги светнам собите. Сега да исчистам до максимум чисто. И освен тоа сум во фаза на учење постепено сѐ како што е редно. Немав навика и да купувам средства за чистење и такви работи ама сакам да почнам од некаде. Освен што ќе измијам чиниите и бришам прашина. Секои совети ми се добредојдени ако има некој. Сакам да чистам по еднаш неделно во кујната и купатилата на 2-3 дена. Така да,знам дека можда ќе звучам глупаво со разговориве како да незнам ништо ама јас така најпрво да си ги кажам работите како се одвиваат. Денес зедов едно средство за чистење Денк мит за чистење кади, туш кабини,плочки и умивалници, а на него пишува и на арматури. Што е тоа арматура да ми кажете ако може ?
    Друга работа што сакам да прашам засега е дали користите средства за перење теписи и да ми кажете што користите за тоа ? Или ги давате на машинско чистење? :D
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Две години живеам со сега веќе сопругот. За одржување на домот (бар до сега пред да останам трудна), сфатив дека има некои работи што стварно помагаат да ти е секогаш средено.

    1. Никогаш не оставам садови во мијалник, или одма мијам или директ во машина, па пуштам во евтината струја

    2. Прашина бришам на два/ три дена бидеќи има многу кај мене. Има едно како прашко во ДМ со црвена рачка и има дополнителни резервирни за бришење- околу 150 се- еднаш купуваш рачка, а после само резервни кои чинат 100 и нешто за 10 парчиња. Ова ми се супер буквално за сѐ го користам. После бришам со средство чисто да светне и да нема прсти- клуб масата и тв комодата.

    3. Секој ден ги местам чаршавот и перниците во дневната- така изгледа ко тазе пеглано и перено.

    4. Алишта не оставам надвор, правам место во плакар за носените алишта, ги закачувам на закачалка и стојат малце пододалдчени од перените.

    5. Кревет не оставам ненаместен.

    6. На два дена ја чистам на брзина чешмата во вц бидејќи се прават мн капки и бигор- капка средство од ДМ за бигор.

    7. Имам мало метличе со лопатка и дршка и со тоа потфаќам трошки или некои пуфки ако има

    Имам сфатено дека не треба да се трупаат работи- гледам да не собирам глупости.
    Јас на неколку месеци кога можам правам генералка на ствари- шминкерна, тв комода со документи, фиоки кои најчесто ги користам- чорапи, гаќи, додатоци. Имам купено организатори од ИКЕА и со нив ми е прелесно бидејќи си стои сѐ здиплено, така повеќе одржувам ред, инаку лом се прави.

    Друго рандом ствари:
    - Научив да фрлам- е тоа ми помогна ептен.
    - Купив робот правосмукалка која сега во патолошката бременост ми помогна премногу
    - Кога чистам, во мало спрејче ставам вода и омекнувач и прскам на текстилот- мириса преубаво и видов дека ми прави преголема разлика во чувство на средено
    - на дофат секогаш имам глос антибактериски марамици- ги користам за сѐ

    Средството од Дм за теписи е сосема океј.
    Ако ми текне уште нешто ќе допишам како едит.

    едит: не оставам храна во мијалник и во корпа за да не умириса кујната. Редовно ги чистам мрежите од аспираторорт во кујна- тие знаат многу да се умирисаат ако пржиш често
    Едит 2: имам забележано дека свежи цвеќиња прават домот да изгледс топло и средено. Буквслно го живнуваат домот
     
    Последна измена: 24 февруари 2024
    На praski4e, katalina, bbwowww и 6 други им се допаѓа ова.
  18. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.993
    Ќе бидам кратка. Имав потреба да превртам се од шкафови до кујна, што треба и не треба пред одредени почетоци. Пред да се породам со првото дете, па пред да се вратам на работа, во недела да ми е спремно за следна недела, пред да се породам со второ дете, пред да се вратам втор пат на работа, на крај на боледување пред да почнам на работа, пред --- да си измислам причина. Чувствував олеснување кога ќе завршев а додека го мислев грижа на совест, е баш сега мора, после нема кога, готово, крај на свет :)
    После години, научив дека секогаш ќе има друга недела, друга прилика, не си стварам непоребен притисок. Нема крај тоа.
    Имам помош од жена која си ја плаќам за чистење многу години. Најдобрата работа што си ја подарувам на себе и на моето семејство :)
    Многу сум среќна што барем не си правам тооолкав присок ко да нема утре.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Emilija28

    Emilija28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2024
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Zdravo na site, bi sakala da prasam so sto brisete prasina vo domot a pritoa da ne e politura zasto nemozam da go podnesam mirisot.
    Momentalno brisam so dezintal ama za 10 min pak ima kup prasina
     
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.195
    Допаѓања:
    36.641
    Пол:
    Женски
    Со ова чистам

    upload_2024-5-7_15-20-10.png

    Има едно средство Сегмент. Го купував во Стокомак. Не знам дали го има уште. Тоа е во амбалажа со пумпица.
     
    На Emilija28 му/ѝ се допаѓа ова.