Енца треба да почнеш да се распргавиш, бидејќи сега снаа кога ќе отидеш, ќе мора да се покажеш ( Ти се мажеше или грешам )
јас сум ...ама исто ко ништо да не дешава...ама сами ќе живееме, а идниот ми сопруг е поише по чистењето.... (нема избор кутриот, аждаја сум ти јас)
Мене искрено многууу си мена нечистотата. Не ми е толку битно за останатиот дел од куќата ама мојата собаа МОРА да ми биде чиста инаку ептен се нервирам
Живеам во куќа со три мажи .Мојот сопруг и два сина ,и да се утепам од чистење пак ми се гледа нечисто .Ех само мене така ми се гледа, другите ми велат тоа било болест .Мојата сестра ми вели ти си луда тебе ти е апотека, незнам што му значи тоа но често кога се жалам дека расфрлаат знае да ми го каже ова. Многу сакам да ми е онака под конец се наместено ,средено ,чисто како ќе наместам така да си најдам , има денови кога тоа им е во глава па внимаваат на хигената и си го потсредуваат својот неред околу себе сто го направиле, но некогаш ги мрзи и постелата да си ја наместат но тоа е тоа .А често се со друштво до касно и знаат да направат неред кој мене ми дене очи и ми е потребно време да го средами Понекогаш во недостик на време и кога сум подолго отсутна од дома и одредувам термин на една жена која подолго време ја знам и таа си ја знае работата и сум задоволна од неа а богами и таа од мене . Сакам чистота ,хигена на завидно ниво , посебно во бањата ,кујната ,дневниот простор ,и се околу мене
Сакам да чистам и да ми биде чисто и многу се нервирам баш кога ќе ми биде најнечисто (барем јас така мислам ) ќе ми дојде некој. Инаку купатилото ми е слаба точка па го гланцам секој ден.
Ме фаќаат моменти кога морам да средам се , не смее нешто да не е на свое место .. ретки се тие моменти ама битно ги има За миење садови , морам .. порано не сакав , мислам ни сега не сакам ама како да ме јаде нешто од внатре ако не ги измијам
Како и секоја девица хаха..сакам се да ми биде под конец.Станувам и попат кон купатилото потфаќам се што е растурено околу мене.Садови миење обавезно,кога не се измиени мислам целата кујна е растурена.Секојдневно бришење на прашината исто така задолжително. На крај освежување со спрејче.Прекрасно се чувствувам кога се ми е под конец.
Со оглед на тоа дека сум перфекционист и доста педантна, ми пречи ако нешто е растурено. Едноставно ми боде очи и ако видам дека папучата е на криво наместена, абе ќе станам и ќе ја наместам. Сакам да ми е се средено и затоа во секое време ако имам потреба од нешто - знам точно каде се наоѓа. Велат дека колку ти се средени фиоките - толку ти е среден животот, па ако е точно, тогаш се ми е под конец.
Зошто да го местиме креветот наутро кога навечер пак ќе легниме во него? Зошто да ја креваме масата кога јадеме кога три пати во денот се јаде? И зошто алиштата да ни се спастрени в шкафче кога пак ќе ги носиме? Се шалам. Инаку девојки над мојов пост што сте вредни домаќинки ме потсетивте на монк незнам дали сте го гледале филмот
аууу ја неможам да трпам неред, па нема да можам да заспијам ако собата ми е хаос мн пати кога ми била лом, а сум легнала сум станувала одма да ја раскренам прво и после како бебе сум спиела а за разлика од мене на сестра ми собата и е лом и ја незнам како може да опстанува во неа и постојано се карам со неа за тоа зашто каде и да помине мора да фрли нешто на земја, а ја морам да го тргнам сакам педантни луѓе ( у граници нормално), не како Монк хахаххахаха
Хахаха да да,серијата монк,многу интересна серија беше,не знам дали уште ја даваат. Тој па ептен голем перфекционист
Па сакам секогаш да ми биде средена мојата соба! Но не е секогаш така... а да ! Плакарот со алиштата, цел живот го прередувам и пак не ми се на место алиштата