Јас денес планирам да чистам, ама ме мрзи, ептен ме мрзи да станам од столче, но морам, масава ми е лом!
Перфекционист сум по природа така да сакам се да е средено,чисто и под конец.Секојдневно си потсредувам тоа што ќе се расфрла и веднаш враќам се на свое место.Облеката нема шанси да ми е несредена.Обожавам да чистам и не можам да гледам расфрлано и нечисто А плус чистењето ми е многу добра терапија кога сум нервозна
Јас сум девица и не претерувам во чистењето.. собата ми е секогаш средена и гледам да не правам голем неред бидејки потоа ме мрзи да чистам за разлика од мајка ми која е многу педантна и претерува во крајности со тоа чистење и ми оди на нерви бидејки ме кара и мене да чистам а страшно ме мрзииии
Еве како хороскопска девица кои се познати по перфекционизмот и ситничарењето тука сум да го демантирам тоа) Сакам да ми е чисто и средено и дома и на работа,а со оглед на тоа дека сум алергична на прашина мора да ми биде чисто.Во секој случај не се занесувам со цепидлачење и одење до крајности,знам некогаш и да забушавам како на пр плакарот да ми биде хаос неколку дена,или цел ден да не измијам садови....едноставно ако не ми е денот не ми е и точка,не се форсирам.Познавам луѓе кои си уживаат во хаосот,имам пријателки кои едноставно се навикнати да имаат џунгла во плакарот и сл па не им чуе,така им е убаво,баш се смеевме со една ми вика така полесно можам да се снајдам кое кај ми е) Кој како сака нека си прави,јас лично не сакам несредени работи ,расфрлано ,нечисто и се обидувам да ми биде се на свое место ,но ете некогаш има денови кога не сакаш и не можеш да се занимаваш со сето тоа
Со оглед на малиот кој секој ден куќата ја померува од темели и маж кој е архитект па сите проекти, цртежи се по цела дневна соба сепак успевам да биде средено. Добро и сопругот ми помага околу чистењето и средувањето колку може али во суштина недела ден ми е кога се прави генералка.
Моментално психички се спремам да почнам со чистење кај мене во соба Секој ден чистам и пак ми е во неред
Можам да живеам неколку недели во осба како кочина... Ама некад ќе ми збесне и цел, буквално цел ден чистам.
Ах значи не можам да седам во собата ако ми е нечиста.Нон-стоп ја средувам.Кога имам па за учење,тогаш највеќе-мора да ми е се под конец (знам дека малку претуравам ама тоа е ) Само ептен кога сум уморна и ме мрзи,ќе средам онака набрзинка и површно.
алал да ви е девојки!! мајка ми и сестра ми се девици и да не ви кажувам какво е кај нив дома од чисто почисто и ми солат памет како требало, ама од милина да живееш во нивните куќи убаво средено чисто абе милина. а јас баш и не сум по чистењето, средувам секој ден ама чистење еднаш неделно епа сега јас не сум домаќинка како мама и дада де ама што да правам по цел ден сум на работа или на пат па кога ќе си дојдам уште да чистам поарно ќе излеземе на шетка заклучок не ми смета ништо освен расфрлани чорапи
Чистење... Уфф лесен беше животот додека живеев со мајка ми... Невиден перфекционист , ама имаше една добра страна: Никогаш не не вознемируваше нас да чистиме, од причина што мислеше дека никој не чисти толку добро како неа Ама ич не ми недостига тоа нејзиното: Се избриша добро, немој капки од вода да капнат на паркетот дека кога ќе се исуши се познава Сега си живеам лежерно, чистам редовно ама не се опседнувам толку како неа, од причина што секој денес доаѓа најавен (има и исклучоци додуша ) и ако претходно е исчистено има време да се досреди тоа што останало (скоро секогаш имам алишта на креветот , лоша навика )...
Па најчесто сакам да ми е под конец се , меѓутоа има периоди кога неможам да се впуштам во детални чистења, па само онака подрасчистам . Зависи до расположение
Леле девојки каква домаќинка ќе сум јас, ич не ми се чисти по дома. Посебно мразам да бришам прашина, да мијам садови. Се би дала да имам слугинка како во филмовите
Искрена да бидам многу повеќе чистев во средно,станот го доведував до перфекција сама..Ама сега некако послабо,посебно последнава година.Леле,има денови кога нештото вришти да биде раскренато,ама раскренувачката мува не ја лази Кога нешто не е во ред со мене,ама не да чистам,ништо не ми се прави,а најмалку па тоа..Ама во глобала сакам да чистам,само не ми давај плакар да редам,никако тоа.Моите плакари се во стален хаос,посебно па сега откога веќе се и преполни,а на мајка ми ништо не и се фрла,не ги погледнувам,кај ќе редам кога таму има и алишта од пред десет години ,ама нееее тоа мора да стои,мама така вика,нови биле,неизносени,кај се фрлало така Сакам вецето да ми е чисто и дезинфицирано,убаво да мириса секогаш и посебно на тоа обрнувам внимание,а да,и сакам кога јас лично ќе ги исперам алиштата,најубаво мирисаат тогаш(оти ќе ставам 100 кила омекнувач нормално)
Јас ич неможам да поднесам да не ми е средено нешто.Ме фаќа нервоза.Собата си ја чистам еднаш на 2-3 недели (бидејќи ме мрзи)ама тогаш ја светнувам...и стандард фрлам по 2 ќеси работи што не требаат.
Мајка ми многу ме нервира коа ќе ми рече да си ја суредиш собата И кога е чисто вика така .. А мене ич не ми се чисти
чистам еднаш неделно(прашина правосмукалка) а средувам постојано и во мојата соба, и во останатите соби секако