Буквално не функционирам во несредена просторија. Собата постојано ми е тип-топ. Најмногу ги сакам саботите кога е време да си ја исчистам собата. А во последно време јас сама ја чистам цела куќа, онака мерачки. На крај само ќе измијам садови доколку има, ќе удрам туш и книгата во раце.
Неможам да гледам нечиста соба. Особено мојата. Од мала ме научиле се' да ми биде средено. Сега дури ми стана навика да станувам во 6 ипол (кога сум прва смена) и да си зачистам, да си го наместам креветот. Не ми е тешко навистина. Сметам дека уште од мали нозе треба да се научиме на педантност, хигиена, чистота. Сега се грижам само за мојата соба и често за кујната. (Обожавам да ми е средено кога се решам да готвам) А кога ќе живеам во моја сопствена куќа/стан, сигурно ќе биде светнат/а и среден/а со вкус.
Феминки сакам да ве прашам во врска со оваа тема за перење:Како ги перите долната постелнина,јорганскиот чаршаф,навлаките сето тоа кога мените постелнина ги ставате со руби или посебно ги уклучувате само тоа јке ми кажете ли ??? ве молам ???
кога се перат бели работи,тогаш кај нас дома со нив се пери и постелнината.Ако имаш доволно постелнина да се наполни машината ,можеш и само постелнина
Не дека јас се грижам за домов, туку јас средувам да сакам да биде средено и чисто, али не претерувам
Ме погоди. Девица сум и како што кажа сакам се да биде средено и чисто. Кога ќе влезам во некоја куќа не ми паѓа во очи мебелот или дизајнот толку колку што ми паѓа во очи средената куќа. Мојата соба се трудам секогаш да биде средена, а за останатото мајка ми. Понекогаш ја средувам и целата куќа кога ќе имам вишок слободно време, па кога ќе дојде мајка ми од работа и ќе види како сум средила ќе рече: "Колку си средила ко да ќе доаѓаат гости"
Многу сакам кога ми е се чисто и под конец... ама да не чистам јас.... Стави ме да готвам, да правам било што, ама да чистам.... уф, колку ми е мака. Кај мене е се чисто... а кога не е... можам да преживеам неколку дена... после ме фаќа паника....
А вредна сум јас бе си чистам обавезно по дома Уште па кога ќе видам несредно лелеј за 15 мин,максимум 30мин.готово ми е се,како што ми е мало станчето * Плус си сакам да си чистам ја интересно е,кој сака да му зачистам нека каже (се дешава да ме мрзи да чистам,секако.да не помислите дека секојдневно чистам,ахам..)
Јас уживам во чистење! Тоа ми е психички одмор од секодневните грижи и најчесто за време на колоквиумска го одмарам мозокот додека си чистам по дома. Си пуштам музика, мозокот на пасење и спремна сум за акција Во принцип сум педантерија невидена и сакам се да ми е средено. Се нервирам за банални работи, на пример ако каталозите од Авон биле малку подизместени Ама ако треба ќе станам од кревет и ќе ги наместам. Ми бодат очи едноставно. Не знам, некако чувствувам дека ако ми се подредени работите, имам контрола врз нив, затоа што знам во секој момент кое каде се наоѓа. И токму затоа никогаш ништо не сум изгубила
Дома мора да ми е се под конец! Неможам да седнам и да седам во просторија во која владее тотален хаос. Значи што и да правам,претходно средувам се детално,па тогаш седнувам да учам,да гледам тв,да седам на пц...да јадам.
Мерак ми е да чистам. Правосмукалка-нема проблем, садови-нема проблем, прашина и прозорци-ме мрзи по малце , бањата-ноу проблем. Ако треба да се употреби пачавра, ме мрзи, и гадно ми е. Ми се допаѓа кога ја гледам разликата. Спојлер I'm a before-after freak. I looovee transformations.
Јас сум најефективна во чистењето кога сум нервозна, тогаш се зафаќам со рибање на сите можни фуги од плочки и такви претежно грубо-рибачки активности (кади, шпорети, теписи и сл.). Сакам нормално да е чисто околу мене, ама најважна ми е хигиената на кујната и тоалетот искрено, тие треба да се беспрекорни. Ходникот, дневната, спалната и терасата ми се споредни, според моја слободна проценка таму знам да средувам и по убрзана постапка додека во погоренаведените знам да претерам и временски и одам на многу квалитетно извршен труд. Ех, нешто што ме нервира многу да си напоменам овде - значи на гости во тоалет одам ама ептен ако морам и не дека им ја манијачам хигиената ама некаде баш славините или батериите на чешмите се онака запоставени т.е. се познава како слој зацементиран од вода и сапун како беличаст кој многу грдо ми изгледа и гадно ми е да се мијам раце , па пуштам често вода со тоалетна хартија одвртувајќи ја славината ( и што пр. ако плочките наоколу се совршено чисти, кога нив никој не ги допира ). Баш деновиве чистиме дома генерално и многу ми е пријатно чувството потоа се осеќам некако стерилизирано . Сепак на тема чистење преферирам значи умереност некоја не сакам опседнатост постојана со чистење и потоа само ги следиш луѓето наоколу со вакви погледи да не нешто извалкаат или растурат, бидејќи сметам дека првенствено домот треба да е катче кое ќе ми понуди топлина и мир, не да му робувам со постојано трчање наоколу со крпата во една рака, а правосмукалката во другата.
Да не знаете со што може да ги исчистам теписите дома? поцрнеле, а летово немав можност да ги исперам
Сакам да ми е средено. Мразам да чистам. Сериозно, невидено губење време ми е тоа. Ме фаќа чистачка треска еднаш неделно. Не од што сакам, туку од што се мора. Ако имам вишок енергија или сум нервозна, имам попаметни активности на список, отколку да чистам. Сега па имаме една правосмукалка на вода, а нејзиното составување е ко ракетен погон. Повеќе време ми одзема склопување, расклопување и чистење на истата, отколку целокупното усисување. Миење садови, собирање прав ајде и некако, ама диплење алишта и суредување плакар... ХОРОР! Да речеме дека најпријатно ми е да го чистам вецето. Инаку, се надевам ќе заработувам доволно еден ден за да си имам чистачка. Ја ти бре нејќам да чистам.
Јас мразам кога некој оди по мене и ми вели среди си го креветот, погледни каква ти е собата, колку прашина фатило, алиштата на што личат.. Е тогаш на мајка ми и велам не влегувај повеќе овде, и така нема да се нервираш. Значи, и јас се нервирам кога гледам дека нешто е несредено. Дома толку не, но кога цимерките ги остават нивните работи на маса, неќеш чешел, неќеш лак за коса, неќеш огледала. Алишта и чорапи на сите страни. Абе девојки се, сто пати им повторувам. Не бе. Кој те шиша! Е тогаш се нервирам многу. Се собирам и на куп фрлам врз нивниот кревет, или по подот. Нека знаат да соберат за нареден пат. Но кога сум дома, чистам само затоа што стварно фатило прашина или ептен е хаос. Мразам! Да да, мразам да чистам. Чистам од што морам. И се нервирам кога мајка ми ми остави алишта самошто тргнати од жица. Ме фаќа саклет од таквите. И исто мразам да усисувам. Е не ме мрзи да бришам прашина, и да мијам садови. Тогаш пуштам музика, и не го ни осетам времето кога ја завршувам работата. И додавам..Понекогаш има денови кога ме фаќа онаа која ме тера со мерак на чистење .