Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одржување на чистотата во домот

Дискусија во 'Дом' започната од magic, 12 декември 2009.

  1. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Па треба да се чисти барем еднаш во неделата, генералка хахаха.
    Иначе не го сакам чистењето и обично тоа го прави мајка ми или сестра ми. Некогаш се ми е уредно во плакарот, а некогаш се ми е расфрлано и неможам ништо да си најдам. :)
     
  2. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.853
    Допаѓања:
    40.268
    Пол:
    Женски
    Се обидувам колку толку домот да е среден , да нема расфрлани ствари насекаде ... Највеке од се ме нервира пустата прашина , Колку и да бришеш се појавува повторно и поторно :| :|
    Пошто сега сум по дома , и немам некоја обврска поголема(сега за сега не) средувам малце по малце .
    Кујната ја средувам после секое готвење , не сакам трошки да има наоколу . Два до три пати во неделата пуштам правосмукалка ´, ја средувам бањата , еднаш во неделата менувам постелнина и тоа .

    Гледам да е секогаш Чисто и средено ! :D
     
  3. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Јас си бев по чистењето од порано, ама откако летото работев во хотел како собарка, ау мамето ми се еба :D
    Таму не тераа да чистиме абе до линиите измеѓу плочките, секое можно ќоше, дамка да нема.
    Така сега и Скопје, во цимерскиот стан. И се нервирам зошо ниедна не е онака како мене во чистење. :D
    Нема шанси да легнам да спијам ако чиниите не се измиени, на масата освен некој украс или свеќа ништо да нема, вецето го чистам и мијам секој втор ден, и тоа онака со доместос кадата, умивалникот, плочките долу, шолјата... кујната со арф, да сија. И воопшто не ми е мака, после тоа чувството е прекрасно кога ќе легниш да одмориш и околу тебе сѐ сија. :wasntme:
    Преку ден не расфрлам, сакам сѐ да си биде на место. Па кога ќе исполирам со тоа спрејот за мебел, мх мх како мириса... :wasntme:
    А најмногу што мразам е кога влегуваат со кондури, без осет онака.
    Затоа вака преку зима повеќе пати го рибам тепихот со четка, пошо на перење надвор нема да се исуши до пролет. :D Кофата со прашак и ленор, четката и ајмо брате. За сат - два се суши.
    Се чудам колку чистам а само две сме, што ли ќе биде кога ќе имам цело семејство? :worried:
    Аааа не, уште од мали ќе си ги учам децата секој ќе си има за задача да си ги става алиштата на место, и да и помагаат на мама. :wasntme: Уште од мали ако се научат, нема гајле за понатака.
     
  4. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178
    Moјата соба секогаш била средувана од мене, мајка ми не пипнува кај мене, секогаш сама си ја чистам. Но средувањето на собата не ми претставува проблем бидејќи сакам се да ми изгледа уредно и убаво, да имам убава миризба (на чисто) во собата, и да ми биде подредено. Сепак, понекогаш :)wasntme:) кога ми е расфрлано или пред излегување кога оставам дома хаос, пак самата можам да си се снајдам во него, немам проблем :D За во дневната и помагам на мајка ми, а во кујната најчесто ги мијам садовите. Тоалетот не го чистам сеуште, мајка ми го прави тоа. А сега да се пофалам ме чека една генералка во собата, после ручекот :| :D
     
  5. Lady-Love

    Lady-Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    32
    феминкиии!! итно е ве молам помогнте ми незнаев каде да прашам па се решив тука.имам нови гарнитури еко-кожа се,но од невнимание се шкртнаа со пенкало,па незнам како да го извадам(пробав со ракија но не излегува) ВЕ МОЛАМ доколку некоја од вас се има соочено со ваков проблем да ми каже со што да го исчитам!!!!!!!!!!!!!!
     
  6. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.691
    Допаѓања:
    5.468
    Пол:
    Женски
    ^^^ Види во оваа тема
    dom/kako-se-spravuvate-so-damki-fleki-t588/,
    сигурно ќе најдеш решение тука, а мислам дека би можело со крема и крпа, барем јас така сум чистела чанта.
     
  7. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    Дамка или шкртнато со пенкало најлесно се чисти со ЛАК ЗА КОСА. Прскаш од лакот на линијата и бришеш со крпа ако е потребно ќе пребришеш и со мокра крпа. За да не направиш поголема белја пробај на некое место каде што не се гледа.
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Уф, мене тие домаќинки со благо опсесивно-компулсивно нарушување за чистоЌа ми се најодвратни, ми иде да им влепам по една врела. :@
    Сега сме седнале на кафенце муабет, си се мезиме лезетски, она загледува со тоа очиштата да не ти падне некоја трошка. :^)
    Ај мани што гледа да не и го упропастиш ќилимот или масичето, и тебе те загледува, те чупа од влакна, ти наоѓа прашинки... како да си под лупа, не те остава да дишеш.

    Второ сценарио - подметачи за чаши.
    Јас не ги сакам. И не сакам кога ми ги ставаат. Така можам да направам само поголема белја, да ми се лизне чашата, па да направам лом. Упорно го тргаш настрана, упорно ти го пика под чашата.
    Да може - и две ќе пикне едно под друго.
    Кој напор.
    |(

    Генерално немам некое почитување и убаво мислење за чистите Дани.
    Да биде чисто, суредено, во граници на нормалата, да не живееш во свињарник.
    А не, не може да дочека да ручаме, да собере чинии и - правец на миење. Ако ти уште си на гости, она брате ќе мие садови одма, сега! |( дотолку е домаќинка и чистотница.

    Па се потресува за секоја капка, мала дамка, па урла по децата и мажот...
    досадно ми е - ај ќе чистам.

    Мхм, нема грешка.
    |(

    Подобро ќе си го сексам мажот и ќе си лакирам нокти, него 10 пати во денот да го пребришувам масичето.
    Некои сериозно претеруваат.
     
    На senza.parole, bittersweet, Theodora и 13 други им се допаѓа ова.
  9. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    секогаш гледам во мојата соба да е чисто и уредно, уживам во тоа.
     
  10. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Aу со тие подметачите,ти носи сок или кафе и брзо брзо ти го ставаат |(
    За жал имаме една таква роднина,и кога ке дојде време да одиме кај неа,стварно не ми се оди,ти стануваш да одиш во тоалет,таа брзо брзо ги мести килимите на каучот кај што си седела,мислам стварно :^)

    Aман веке,ме нервираат ваквите само викаат по децата ако седнале на каучот и го растуриле,или ти доагаат дома и ти велат женска не ти е чист тоалетот,да одиш да си купиш доместос,не е скап :devil:
    Tоа да ми го каже мајка ми,нема да се налутам ама некој вака,па оди жено вработи се чистачка :rofl:

    Jас сакам да ми е чисто,но не претерано како ваквите,сега имам и мало дете и нормално повеке се валка,ке си ги растури играчките,така да не се замарам многу :D
     
  11. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Прилично сум опсесивна со тоа се да биде средено, под конец. Инаку не можам да функционирам.
    Ама не до тој степен да собирам по гостите додека уште го пијат кафето. |(

    Но сакам да ми биде чисто, да ми мириса убаво, да ми биде уредно, иначе се напнувам. :^)
    Местото шо го делам со цимерите е мал простор, уствари, и можете да замислите колкав неред прават 5 души. Ако секој фрли по една работа зад себе и не ја собере - настанува хаос. И ме иритира прашина, бунење кој е на ред да чисти.
    Има да чистиш да ти биде чисто, не оти ти дошол редот.
    |(

    Па, мислам дека ми нема поодвратно од непедантни девојки што не собираат позади себе.
    Како ќе одржуваат куќа кога ќе дојде ред?
    Стрина ми, на пример, кај нејзе е секогаш хаос.
    И децата беа мали, пораснаа, ама не било до децата.

    Прво и прво треба да ти биде чисто за тебе. Тој шо ќе дојде на гости ќе влезе и ќе излезе. А ти дома спиеш, јадеш.. :!:
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Тука се согласувам.
    Да не голташ прашина со денови од мебелот, да не ти е страв да згазиш на килимот без да ти скрцне нешто под нога. :D
    Редовно проветрено, и да не дозволуваш садовите да стојат повеќе од еден ден.
    Вецето да се чисти барем два пати неделно. Доволно е, најголем извор на зарази и бактерии е.
    Ама оние што дневната соба ја претвораат во пеглална... боже, наредиле тон алишта, купишта и - ајде дојди да пиеме кафе.
    Одиш таму, она си пегла со саати, мука нема.
    Пегла крпи, пегла долен веш, постелнина, се' живо и диво, фали уште монтка да стави под пегла што се вика.
    Види мацо, се уништуваат бактериите со пеглање.
    |(

    Bitch please.
    Перење со претперење, центрифуга, што ти знам таму, вриење тра ла ла, сушење и ти на крај домртви ги крпите со пеглата.
    Лудило.
    |(
     
    На maca99 и MacenceEna им се допаѓа ова.
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Чистам за да ми биде мене чисто. И не се потресувам околу тоа. Ако викнам гости, им се истури нешто, или не знам, паднат трошки, нема да направам драма. А познавам такви што паѓаат во несвест ради тоа.
    На таквите би им истурала кофи со вода од валкан џогер насекаде по станот.
    За инает.
    Значи, чистам кога треба да се чисти и не поднесувам компулсивна чистота како во аптека. Тоа ми прави асоцијација за некој кој има проблем со сопствените демони, па со чистењето има чувство дека ги контролира.
    Да не забегам од темата, да си кажам:
    Мрзлива сум за чистење. Особено ако ми стојат над глава.
    Правосмукалка, најчесто, зошто ме нервира кога гледам клопчиња под кревет или пајажинки што си виснале. Прашина мајка ми брише, алергична е на прав, така да и кога не сум дома, она си врви со крпче и ме ослободува од таа должност :lol:
    Единствено имам мерак да си ги средам алиштата, плакарите, да редам обувки, книги, да прередувам. Се’.
    Не оставам трошки или валкан тоалет позади себе, никогаш.
    Мразам да мијам садови, да речеме.
    Ама затоа перам алишта (рачно кога има потреба), пружам, ги собирам, ги сместувам. Дома за тоа сум задолжена веќе неколку години.
     
    На anabel-a и bittersweet им се допаѓа ова.
  14. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Јас си чистам генералка во сабота или недела, иначе немам време и ме мрзи хехе
     
  15. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Дома некогаш ми е да речам БОМБА собата, но кога ја чистам.. чистам навистина како што треба под конец и тоа секој ден.. а некогаш и мајка ми ми ја средува собата.. али ако не е онака баш под конец.. се лутам...!

    п.с Не сум девица во хороскоп :D
     
  16. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Сакам дома да ми чисто и средено, од хигиенски и од естетски причини. И за себе, но и за другите (не сакам да му е на некого бљак да испие кафе кај мене, а сите сме влегле во некој таков дом, нели).

    Порано чистењето го оставав за викендите. Така ептен се нервирав и се осеќав фрустрирано.
    Сега имам навика преку недела по нешто да фаќам, си подзабришувам нон-стоп (оние марамчињата за дезинфекција на Глос ги имам во кујна и купатило и вршат голема работа). Со еден збор не дозволувам, толку да се извалка, па после цел викенд да ми помине во гланцање.

    Не дека нешто многу лудувам по чистење, но кога мора.... Кога имам големо чистење (прозори, завеси и сл, ) мозокот си го навивам на "сладок лимoн", и така размислувам за бенефитите од чистењето - ред во куќата, вентилирање на негативна енергија, а и губење на калории.
     
  17. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405

    Пеперминтке каде можам да ги набавам овие марамчина за дезинфекција , не сум видела по маркети, кај нас во Тинекс не сум заприметила, знам има спрејови а за вакви прв пат слушам, со мало бебе сум и многу ке ми се најдат.Какви се, каде ги има и која цена ако може.Фала :)

    Инаку во контекст на темата сакам да ми е чисто дома, порано поеке се оптоварував, сакав се под конец да биде, сега немам толку време ке подазафатам нешто ама морам да чекам да е мм дома да го занимава малиот па јас да средам, инаку и од него имам голема помош.На тоалетот еднаш неделно му правам генралка обавезно, прашина на два-три дена, правосумукака исто, машна секој ден, е најнеомилен дел ми се кујната и тањирите... :devil: :$
    Сега некогаш (читај многу често :lol: ) е како бомба да паднало марамици ваму, играчки онаму, алшитенца за пеглање еден куп, е сега тој хаос не ме иритира премногу нормално е со мало бебе сме, битно ми и секогаш гледам е да нема валканици по дома како прашина нечист тепих и паркет и слично, другото не е страшно.Битно е да е чисто во однос на хигиена, а за расфланоста симатични ми се играчките расфрлани, барем за сега :D
     
  18. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Gloss марамчињата за дезинфекција ги купувам во Тинекс. Стојат обично кај средствата за чистење. Во едно пакетче има околу 70 марамчиња,но не сум многу сигурна за цената, мислам дека се 180 ден.
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Јас сум мрза понакогаш. Чистам како мачка со опашка. :D Се е бомба дома. Кога ќе влезе мама во собата има шо да виде. Алиштата на земјата, играчките на земјата се е на земјата. :rofl:
    Но на другарка ми мајка и, се сака да е под конец. Кога ќе влезеш патиките, чевлите шо и да носиш го става на чергичето веднаш. Дворот и е секогаш чист нема ни едно лифче на земјата, а да не зборувам за дома. Тип-топ. :geek:. Во фиоките се под конец. Шноли на една страна, стегачи на друга страна... и тако даље да не продолжувам зашто нема крај.
    чисте се зашто е жена без работа не за друго :rofl: (барем ја така сваќам)
     
  20. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    286
    чистам по дома редовно. не ми е по кеф али мора секој ден да бришиш барем в дневна... па кај нас дека е се на бордо :x ко ке се мажам се бело ќе биди барем нема да се гледа прашина и прсти :lol: а за кујна е тоа ми е хоби, да готвам да мијам садови и да ја средувам... толку си ја сакам кујната :D иначе секоја недела имаме генералка дома од горе на долу се со ред :)