Мене вака ми е органзиирано чистењето: преку неделата ќе зачистувам по нешто, а за викенд уживаме сите. Пример, еден ден ќе усисам теписи, ќе изџогирам па ако не ме мрзе ќе избришам прашина. Друг ден ќе избришам прозори (тоа само околу поголеми празници ). Машина со алишта или секој ден или секој втор. Обично ја темпирам да испере пред да станам, па после ги постелам. А за садовите е најлесно „свекрва“ во кујната- машина за садови. Имам мало дете кое е наклонето кон алергии како и јас, па случајно открив многу ефикасни средства за чистење и дезинфекција кои се на природна база. Уште по првото дезинфицирање на душеците за спиење и не морав веќе да му давам Цитеризин за да ја смириме алергиската кашлица.
Па чистам секој ден,ама генерално чистење еднаш неделно-во недела.А не сум некоја да пати од тоа се да е солза чисто и да сакаш не можи.Постојано сум со друштво па секој ден имам еден куп филџани,чаши и ред други работи.
Во гранците на нормалното.Да е средено а за чистеше на мојата соба еднаш неделно т.е кога доага жената што чисте.
Можеш да бидеш поконкретна за кои средства станува збор, затоа што и ние го имаме истиот проблем. Благодарам.
Чистам по потреба и кога имам време. Гледам според тоа што е итно. Ако имам обврски чекам да ги завршам , после темелно чистам и уживам во резултатите од трудот. Мислам дека чистењето ми е најинтересна домашна обврска. Бришам прашина,прозори, врати, фрлам непотребни работи,подредувам фиоки, ги светнувам кујната и тоалетот. Еднаш на два дена пребришувам под само , ламинат е па не се замарам со теписи и сл. и супер ми е. Лесно е и брзо.
Ах кога како , кога ми се работи целе куќа ја исчистувам ништо не оставам ... ама кога не ми се работи е тогаш е тешкото.Само лежам по креветите и често татко ми ме зафркава дупка ќе направиш во креветот.
Од понеделник до петок секој ден бришам прашина и метам , нормало и садовите се измиени а во викенд си правам генералка. Кај нас е чисто додека да си дојде малиот багабонт од кај баба му и после јово на ново. Сите ми викаат не се нервирај така е со мало дете. Сакав да прашам како стасувате:? Син ми е многу немирен на вечер чистам и правам јадење оти преку дене е невозможно. Дајте некој совет како се организирате во чистењето со мали деца ?
^ Помалце ќе се замараш и ВОАЛА, одма почисто ќе ти е Озбилно, опушти душа, фала Богу дека дома ќе ни е растурено, па деца имаме, и ТРЕБА да е! Сепак нели, до одредени граници, зборам сега само за играчки, не и за пајаци и црви. Основна хигиена е под must, се` друго за мене е небитно. Ми се случило се` да испикам под маса (ако чекам за брзо време некој да дојди на гости), чисто колку одејќи да не се испотепаат а и често ми се случува да ги поттргнам играчките само малце на страна колку да поминат до тераса, па после ја оставам да си доигра Олабави малце, ќе видиш како наеднаш ќе имаш помалце работа, а повеќе време за малото
Има разлика помеѓу чисто и расфрлено. Јас сфаќам кога малиот твој е таму тој расфрла, а не прља. Нема потреба до толку да се замараш.. не гледам ни потреба дека секој 2 ден треба да бришеш прашина и да се оптеретуваш толку. Подобро направи му катче каде може да си игра и се да се одвива на едно место.. и учи го самиот да собира за да ти олесни. Инаку јас ќистењето не го гледам како мака, туку сериозно ми е релаксација и отргање на мисли..
девојски ве молам препорачајте ми средство за чистење купатило( када,вц шоља) чисти чисти се ми остануваат као прљави со бигор ли што е тоа... ве молам совет? крпа,четка.средство.....се нервирам после толку макак како неисчистено пак.
Пак јас со содата бикарбона, ама навистина е делотворна и антибактериска за чистење Плус гледам си трудна, топ е за чистење пошто е без мирис. После чистењето со сода, исчисти и со обичен бел алкохолен оцет, ќе светни купатилото Ако имаш мувла, испрскај ја со 3% хидроген пероксид (или од старт направи паста - мешавина од хидроген и сода) и со тоа чисти.
Јас сум презадоволна од овој Пулирапид Ние дома имаме темно плави санитарии на кои многу повеќе се познаваат бели дамки. Сум пробала најразлични средства, ама од ова сум најзадоволна. Во составот има некоја киселина, затоа што кога ќе капнеш врз бигор, почнува да врие. Па препорачливо е да се работи со ракавици. А за во веце шолјата, користам солна киселина. Сипувам пола шише откако прво ја вадам водата, и веднаш светнува.
Со што ги чистите стакло-керамичките плотни? Јас земав Фросцх, ама ми остануваат флеки. Знаете некое поделотворно? Никако не можам да ја исчистам мовта на страниците на туш кабината, поточно на силиконот со кој е прилепена на ѕидот. Ми треба средтсво што ќе ја исчисти, ама нема да го оштети силиконот.
Да пробаш со лимонов сок.И со стара четка за забиНека се исуши добро, после можеш да го премачкаш со оној восок кој го користат за светнување на хауба на колите.Ја одбива водата и нема да ти фаќа мувла.Ако небива со тоа тогаш распостели тоалетна хартија и напрскај ја хартијата со варикина.Ама внимавај варикината е јака
Во нормални услови правосмукалка 1-2 пати неделно сигурно, џогер еднаш неделно, бришење прашина од видливи надворешни површини исто така еднаш неделно и купатило на 2 дена. Ако има гужви и зголемена фрекфенција низ дома тогаш почесто Вообичаени средства што најмногу ги користиме се ајакс универзал и доместос. Инаку било каде најмногу ми пречи нечисто купатило - wc, сакам кога овој дел од домот е среден, чист и добро да мириса.