Одродување

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Marija6165, 25 август 2020.

  1. Marija6165

    Marija6165 Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    Темава што ќе ја отворам мислам дека е за во категоријата Семејство. Дали сте се одродиле од роднини?
    Јас мислам дека како што тргна ова време ќе се одродиме и со родени брат или сестра... Еве кога ќе одиме на гости кај моите братучеди тие едвај да ме поздрават... Ако јас не почнам да им зборувам тие нема ни да гукнат (прозборат). Ромите се каде каде подобро од нас, сакам да кажам дека кај нив има слога не само роднина со роднина туку сите се сложни. На татко ми еден пријател се оженил со ромка но таа е многу пријатна жена, чиста е, средена, културна и се има со сите... Па потоа овие белите ќе се прават подобри... Ти ако сакаш и заврши и 3 факултети, но зошто да си го дигаш носот и да мислиш дека си секогаш во право, да се одродуваш и да немаш време за твоите роднини? Еве едни мои роднини во ист град живееме, тетка ми која и е на мајка ми 1 братучетка нема никогаш дојдено кај нас...???!! Секогаш кога ќе се сретнеме ја поканувам да дојди кај нас таа само немам време, па немам време, па немам време... Јас знам дека денеска сите се така немаме време за се, но тие еднаш ние се погодиме кај наши роднини и тие се погодија таму. И не само тогаш туку неколку пати така се има случено... Јас незнам што е проблемот во нас што не сакаат да дојдат кај нас. Па веќе сигурно има 10 години од кога таа се мажи и живее во градот каде што живееме ние, и што сега во цели 10 години немала време да дојде да не посети? И тоа не е само она, многу наши роднини се така. Знам сега дека ќе си помислите дека е во нас проблемот, но јас сум милион посто дека не е во нас проблемот, така мислам дека тетка ми која живее во Австралија доаѓа овде на секој 5 години и кога ќе дојде ги посетува сите нејзини роднини, ни носи и слатки од Австралија. Многу добра жена е. Такви се подивеани овие роднини од страна на мајка ми, има и од на татко ми но премногу ретко. И дали имате и вие такви роднини?

    _______________
    @RainBow ако има ваква тема, оваа што ја отворив избриши ја и овој реферат што го напишав префрли го во таа тема.
     
    На poi, marchi-cool, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    8.818
    Пол:
    Женски
    Роднините не ги бираме самите и не можеме да ги смениме, тие се што се и какви се-такви се. Не можеме подеднакво блиски да сме со сите роднини. Имам први братучеди што одвај еднаш годишно се гледам на некој себап (и ќе си речеме ај дојдете ни на гости некоја вечер дома, па ајде ќе се договориме и нормално, никогаш не се договараме), и први братучеди што нон стоп се гледам иако живееме во ист град и со едните и со другите. Втора братучетка имам во Германија па со неа најмногу контактирам, повеќе отколку со првите братучеди. Па искрено мислам и нормално е, прво не сме сите ни иста генерација, второ сите сме различни карактери и автоматски не можеш со сите подеднакво близок да бидеш. Да се има почитување и секогаш да ни биде пријатно во меѓусебното присуство е според мене многу поважно од тоа колку често се гледаме и контактираме. Ако некој роднина ми бил многу близок и одеднаш се сменал, ќе направам муабет зошто е тоа така, ама и да продолжи да се однесува така и после муабетот, сигурно нема да си ја врзам главата. Најважни ми се маж ми, моите дома и сестра/брат. Со нив да ми минува убаво живеачката, а со други роднини само да бидам во добар однос ми е сосема доволно.
     
    На Victorian, Seli20, темјанушка и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Laufinam

    Laufinam Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2020
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Најмногу проблематични врски со роднините е заради завист, имотно-правни прашања и сл.
     
    На poi, темјанушка, BlackAndWhiteSwan и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.263
    Допаѓања:
    9.075
    Пол:
    Женски
    Јас па искрено и воопшто не ти ја разбирам потребата од роднините, од гледања, дружења и разговори со нив.

    Не знам дали дека јас сум така по ладна како особа па е до тоа, ама јас воопшто не сакам да имам контакт со роднини, со тие што сме од ист град дури ни на улица не сакам кога ги сретнувам, а не па да се дружам со нив (ова зборувам за некој што воопшто ми немаат ни згрешено нешто во животот, ни слично). И не е дека живеам на висока нога, или ги потценувам луѓето, многу спротивно од тоа сум, ама едноставно не значи дека ако ми се роднини и не сум имала избор да ги изберам морам и да живеам и комуницирам со нив, живеам со тој што јас сум сакала и сум го одбрала.

    Друго имам роднини кои со причина и поради кавги сум ги избришала скроз од животот, за век и веков, што ни сенката не сакам да им ја видам, а не дај боже па нив.

    И мене ова одродување ми е сосема во ред и нормално, бидејќи секој си има свој живот и сам бира со кого му одговара да се дружи, не можам јас со сила сега дека некоја си таму и била братучедка на мајка ми и по дифолт морам и јас со нејзе да зборувам или да ми иде на гости, за што ќе правиме муабет...? Немаме ниту заедничка тема на муабет, ниту некаква допирна точка во животот.
    А па на тие некој си тетки што ми се и имаме ете тоа "иди ми дојди ми" тоа е поради мајка ми сеуште, и таквите дека сметаат нели роднини па си земаат за право да ми кажуваат што и како треба во животот, фала ама не, такви луѓе не сакам, јас на мајка ми не и дозволувам да ми каже што и како а не па некоја тетка.
    Колку по настрана толку подобро.!
     
    На Regina.Phalange, Victorian, Nevenche26 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.838
    Допаѓања:
    35.717
    Пол:
    Женски
    Јас сум роднината што нема време за некој, а за други има.
    Како прво на растојание сум од сите, пред се од роднини. Ги сакам и им мислам само добро, но зошто да си го комплицирам животот.
    Воглавно не ни имам време за да им посветам внимание или да размислувам на вакви теми.
    Бидете си сложно и хармонично семејство и не мисли до толку многу на роднините. Ако имате оди/ дојди мислиш посреќна ќе си? Така се прават стресови и сплетки.
    Ако на некој му одговора дружбата со роднина нормално не е забрането да се дружи ама лично мене никој не ми одговора и не е во мене проблемот.
    И нормално е што отишла таму кај што сте се сретнале, едноставно со нив им е полагодно, и тоа е избор, секој има право да оди кај што му одговара.
     
    На Victorian, mal.ecka, Nevenche26 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.514
    Допаѓања:
    55.190
    Пол:
    Женски
    Роднини ко роднини, нит ми требаат, нит ми значат нешто многу..немам потреба ни време..луѓето што ми се блиски се во мојот круг и ми е убаво со нив се ептен блиска рода...

    Кога се омажив мораше да одам со свекор ми и свекрва ми на гости кај братот на свекорот, чичко на маж ми...за моја среќа тоа мораше беше наметнато од свекрва ми па и маж ми секако не сакаше (ова откако се земавме тазе) и така после сами си одеа на гости кај нивни блиски..исто кај бабата на маж ми (на свекрвата мајка) сеуште е жива жената и често маж ми ја посетува, кога сме во можност одиме и ние со децата, ама дека е навистина пријатна и ми одговара нејзиниот муабет..Друго од роднини едно големо НЕ..
     
    На Nevenche26, Justicija, Marija6165 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Marija6165

    Marija6165 Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    Океј. Ги исчитав сите мислења. Имам едно прашање. Кои се причините за одродувањето?
     
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    За да се одродиш прво требало скрос да се дружите. Не може да се одродиш ако никогаш не си била блиска. Едноставно различни карактери. И јас не одам кај роднини кои знам дека ќе ми прават за мене глупи муабети. Не трошам време и енергија на такви. Си одам кај слични на мене. И тие си одат кај слични на нив.
     
    На Victorian, Nevenche26, Marija6165 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.699
    Пол:
    Женски
    Како што близок човек може да те навреди повреди манипулира и заебе. Така неможе ни најголем душман.
     
    На темјанушка, m.i.g, andrejko82 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Κако што близок човек може да те навреди повреди манипулира и зафрκне, така неможе ни најголем душман.
     
    На Regina.Phalange, Justicija, Marija6165 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.229
    Да. И тоа со повеќе.
    Кај мене причините не се имотно-правни и не се поврзани со ништо материјално.
    Едноставно сум проценила дека не ми влијае добро контактот со нив. Неповикано искажување на мислења, постојано мешање во личниот живот и ,,добронамерни совети'', а сум слушала и навреди маскирани под тие совети... не, благодарам. Знам дека не можеме да си ги бираме роднините, но можеме да бираме дали ќе имаме контакт со нив. Ништо не значат за мене. Не значи дека ако имаме крвна врска, мора да контактираме.
     
    На KateKane, andrejko82, Frosty! и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Marija6165

    Marija6165 Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    Океј, но ако се немаме со роднини, со кого ќе се имаме?
     
  13. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.790
    Допаѓања:
    166.258
    Со тие што ти одговара
    со тие што си исто ниво со нив
     
    На Regina.Phalange, Victorian, mal.ecka и 10 други им се допаѓа ова.
  14. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Со тие што ќе ни легнат на душата и ќе ни се мили. Не ми треба крвна врска, ми треба искреност, отвореност и што помалце глума. Сакам да бидам своја и да се чувствувам пријатно со тој што си живеам и имам.
     
    На Victorian, Nevenche26, темјанушка и 8 други им се допаѓа ова.
  15. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.229
    Со оние што ние ги бираме, без разлика дали сме крвно поврзани. Вака отстрана може суровот да звучи ама за мене крвна врска не значи ништо, ако не се согласувам со некого.
     
    На burthdaykake, Marija6165 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Со пријатели.
     
    На Marija6165, Angie1432 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. Marija6165

    Marija6165 Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    Ниту пријателите не се баш мед и млеко.
     
    На LadyMau и edna_malecka им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Има пријатели што се.
     
    На Marija6165 и edna_malecka им се допаѓа ова.
  19. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.353
    Допаѓања:
    11.798
    Пол:
    Женски
    Мене некој од пријателите искрено повеќе ми значат од роднините, со роднините да не сме роднини нема ни добар ден да им кажам а пријателите се тука го знаат цел мој живот.
     
    На Regina.Phalange, Marija6165, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.778
    Допаѓања:
    12.307
    Се одродивме со повеќето. Од страната на мајка ми имавме лаком тетин, кој сакаше со лажни документи да го лапне цел имот од дедо ми и баба ми, но институциите го открија и го казнија парично. По ова им дадовме шанса на тетката и децата, си велевме, добро, не се виновни тие. Но, при секое одење кај нив, што да кажам, се правдаа и цела вина ја префрлаа на нас и на другите роднини. Кога одев кај нив уште што не не тепаа, цело време правдање на висок тон, иако никој не ги обвинува, напротив си го премолчувавме тој момент. „Што е ова, ќе трпиме за леб, тате ќе плаќа казни“. Ама ние не го гоневме, институциите го открија. Кога ќе дојдеа кај нас, иста песна, уште што не не тепаа дома, со тоа правдање и префрлање вина на друг, делење лекции, совети, а не се некои успешни и напредни. Еден ден ми пукна филм, ги блокирав на фб, и пак потоа дојдоа уште еднаш, и сега мирна глава, ги нема.
     
    На mal.ecka, tina2018, Laufinam и 2 други им се допаѓа ова.