Јас ги избегнувам роднините искрено пошто ми се досадни и не ми одговараат карактерно. Најди си другари. Луѓе ко луѓе, мора ли да ти бидат роднини? Ако не можеш овде, најди си од странство и комуницирајте преку интернет (можеби различен менталитет повеќе ќе ти се погоди), др не знам шо би ти рекла. А инаку, луѓето се претежно од корист, да имаш дома некој на висока функција ќе ви се лепат сите, глава не би кренале од нив, тоа е реалноста.
Со тој што ќе ми одговара за дружба, за муабет, карактерно, некој што не повикано нема да ми дели "добронамерни совети", слични луѓе на мене. Многу е наивно ова мислење, ако не се роднините тогаш кој, ама ножевите во грб секогаш идат од најблиските.
Одржувам контакти само со роднини кои ми се нашле во најлошо,кои во секој момент ми се рамења за плачење. Се дистанцирав од оние кои се однесуваа лошо кон мене и други блиски.
Крвната поврзаност не е гаранција за блискост. Имам многу повеќе пријателки со кои сум блиска и со кои можам да се дружам и се' да споделам отколку со братучедките.
Роднини не се бираат ама се одбираат тие што ти одговараат. Откако знам за себе моите не биле претерано блиски со роднини. Мајка ми има и сестра и брат, со сестра ѝ се скроз различни и воопшто не им оди дружба. Не гледам проблем, и едната и другата имаат пријатели поблиски отколку тие две меѓусебно. Мајка ми најмногу се дружи со прва братучетка од роднини, и тука списокот завршува. Јас и брат ми не сме премногу блиски. Ги дадов овие примери како најблиска форма на роднинска врска. Инаку сметам дека сѐ е до човек. Првите комшии повеќе ни се нашле од било кои роднини. И не го сфаќам тоа одродување кога никогаш освен формално не сме ни биле "зародени". Немам проблем да се дружам, сум пробувала, ама не сме на иста бранова должина.
Какви роднини имам подобро да не ги имав ! Еве до мене живеат 2 род и не разговарам со нив целокупно бидејќи не се луѓе за мене.Со години се тужевме сакаа имотот да ни го земат цел и од нашата куќа да не истерат,се тужевме и секако не успеа во нивните зли намери !Јас и не ги сметам за род , ниту за свадби им отидов,ниту и за погреби ќе им отидам,ниту за ништо,нити ме интересира што прават Како што кажаа погоре крвната поврзаност не е гаранција за блискост , секој си е различен карактер Јас имам само една сестра ,имам и една прва братучедка на исти ден сме родени ,иако е помала од мене е таа баш е некако мн поврзана со мене ,нон стоп ме бара за све ,а исти карактер како мене е другите се машки па секој по својот пат ,а од страна на мајка ми немам први братучеди а другите повеќето не ги знам Не ја гледам потребата за иди ми доџи ми со роднини , што фајде од тоа ? Сега на комшиве да им се јавам за помош или услуга ќе дојдат одма, а на овие другиве не ни сакам ниту би барала нешто од нив! Само дружење со пријатели и тоа , а вакви род не ми требаат ниту ги сметам за блиски, ниту имам љубов спрема нив , ниту омраза , едноставно не постојат !!
Супер ви се мислењата на сите.... Значи колку сум била наивна... Имам едни роднини кај што одиме на секои 4 недели и од таму слушаме секакви навреди и пак на секои 4-5 недели одиме. Што мислите дали треба да имаме и понатаму контакт со нив?
Ако уживате во навредите и ви годат, слободно продолжете да одите. Како бе некој да се изживува врз мене и да ме навредува и пак да му одам да го видам. Плус тие роднини со тие навреди сакаат да ви кажат дека не сакаат да имаат контакт со вас, и на тој начин сакаат да ве оттргнат, ама изгледа сте премногу наивни па не разбирате. Да фамилијата треба да е на прво место во животот, ама во блиска фамилија спаѓаат мајка, татко, брат, сестра. Све остало е тотално небитно.
Епа јас не сакам да одам, но моите ми велат леле колку си земаш при срце, жената е стара и има многу обврски затоа така те навредува.... И со сила сакаат таму да ме носат....
Ти си мало девојченце за да те носат со сила? Штом не ти е убаво, се знае дека не треба да одиш. И не мисли многу на роднинските врски. Се одржуваат само оние со кои си сличен и имаш што да си кажеш. Се’ друго е на игнор.
Не, тие мене не ме влечат со сила да одам кај нив. Туку ми велат има да одиш и да не се лигавиш многу... Мислам како може тоа така??? Тоа воопшто нема смисла... Но незнам повеќе што да им кажам за да не ме тераат на сила да одам таму, што треба да почнам да се тепам со моите?
@Marija6165 колку години имаш? Не знам зошто би те терале со сила да одиш кај роднини, особено ако си постара веќе.
Горе доле секаде е исто. Зошто да трпам понеобразовани да ми делат лекции, да ми прават пресметки на плата, колку земам, на што трошам? Јас не сум прашала никој колку плата зема, нити на што троши, нити каков му е бракот. Сметам дека е непристојно. Дојдоа и сега ме прашува дали зошто дворот не е ограден, дали е поделен или не со другиот роднина? Што е тоа важно за неа?
Да разговараш со твоите и да им кажеш дека не само што не сакаш, туку и нема потреба да одиш бидејќи си голема, а тие нека се дружат штом сакаат. Или, излези, не биди дома кога ќе сакаат твоите да одат. Не знам на која возраст си, но ако учиш или студираш, ќе кажеш дека имаш за учење. Ништо во животот не се прави против своја волја.
Сум го пробала и тоа, но бидејќи сум малолетна и сега сум под нивна завист и треба да правам се што тие ќе ми кажат. Незнам зошто да одам кај некого кој ме навредува со зборовите красто и некој што ме колни. Ми се смачи веќе од тие нивните "добронамерни совети"!!!! Таа жена ми вели 'ти си за отепување!'????? Што треба уште да ми кажи за да им се налутиме???!!!
Само со неколку роднини сум во не толку блиска комуникација. А со останатите сме отуѓени. Крвна поврзаност не значи ама баш ништо, кога постои незаинтересираност или пак кога некој ти наштетува од х причини. Откако отсеков одредени роднини од мојот живот, кои биле извор на неизмерна негативна енергија, песимизам, агресивно однесување, простотилак; помирно спијам.
Јас сум да речам одродена со едниот брат, штом можам со брат, можам со било кого. Незнам конкретна причина, ама од негова страна беше тоа, буквално се ожени и се оттргна од цела фамилија, мајка ми, брат ми, тетките, жими кај дедо ми одат со снаа ми чат пат, зошто он има пари, па питаат од него. Буквално дете ми се роди, го нема видено, внуците од другиот брат исто. Имам внук од него, не го имаме видено лично никој од фамилијава, освен дедо ми. Несакаа да одат со снаа ми на свадба кај прв братучед, што со него растевме, бевме преблиски, под изговор дека немаат пари (за датумот за свадбата знаевме 1 година унапред, мајка ми им се понуди она да стави за нив пари во плик уште 50 еур, само да дојдат, да се појават, ама не сакаа), а еден месец после тоа отидоа на 14 дневен одмор во Италија. Кога правеа свадба они, нормално братучет ми не дојдоа, се налути брат ми, за него тоа било навреда, он немал пари, на овој кој му бил изговорот. Незнам, мене ми е криво што е така, ама се навикнав да живеам, само ми е криво, децата се први братучеди а не се знаат, мајка ми има внуче го нема видено. Се што побара му беше дадено та и повеќе, никогаш за ништо им се нема замешано, им даде и пари за во приватна болница да се породи снаа ми и после тоа и викаа детето ќе го видиш после 40 дена, а мајка и со неа беше по цел ден. Мене искрено највеќе ми е жал за мајка ми.
Ова прашање "колку плата земаш"ми е најглупо. Така една братучетка на еден роденден, пред сите ме праша "а ти колку пари земаш?" и јас собрав храброст да и одговорам "не ми поставувај такво прашање, тоа е приватно" и госпожа се навреди "аууу добро ти во НАСА си па да не кажуваш" ја бев келнерка, за минималец.