Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одродување

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Marija6165, 25 август 2020.

  1. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    7.724
    Роднините не можеш да ги одбереш. Со некои си поблизок, со некои не си. Едноставно тоа е. Со чичко ми во иста куќа живееме, 20 години со тато си немат прозборено. Проба на секој начин да не омаловажи, да ни земе од имот, да не остави буквално без кров. Што кога му е на тато брат, што ќе ни е таков?

    Од друга страна па, имам трети братучеди со кои сум како да ми се браќа и сестри буквално. Едноставно тие што ги сакам - сум блиска за нив и се’ би сторила. Тие што не ми одговара ми се на игнор. Евентуално на свадба ако се видиме некоја :D За жал имам и роднини кои мн ги сакам, и сум била блиска, но живеат во друга држава и далечината си го прави своето.

    Порано повеќе живееле роднините, и биле и повеќе деца во фамилија. И секако - постариот секогаш се почитувал, без разлика што и да каже/направи/нареде. Сега веќе не е така. А и нема потреба да биде. Едноставно човек ќе го почитувам заради неговиот карактер, не години и дали ми е роднина.
     
    На kikin, Watermelon96, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    Да, бе, ме прашува колку ми е плата, колку давам за храна, колку за превоз, па малку ми биле, па таа мислела дека земам повеќе. Во тоа време јас работев за 12.000, а таа за 8.000 денари. Пред повеќе години беше ова. Јас се вработив на 21, а тие накај 30 години и преку 30, кога родија деца, па мажите бараа врски за да ги пикнат, едната во бутик, а другата да биде чистачка, да вари кафиња, а тие мене пресметки ми прават. И замисли по сите скандали што ги направи татко им, уште имаат смелост да доаѓаат. Каква дрскост. Ги снема сега, мирна глава. Пријател по ќе ти се најде. Имам пријателка и за најситни работни се извинува ако мисли дека со нешто ме навредила или повредила, а не го сторила тоа, а овие роднини се па како се однесуваат.
     
    На Laufinam му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mony18

    Mony18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2017
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Искрено многу сум била будала шо сум се замарала со роднини само што бев притискана и неможев да се тргнам ради моите и сум била помала. Да го имав ова размислување тогаш немало никого да погледнам. Имам изгубено и пријатели и битни луѓе само поради тоа што угодував на други. Да убаво е да имаш контакт со роднини меѓутоа ако се луѓе на место, не е дека не постои такво нешто. Познавам фамилии што функционираат океј. Најголем проблем кај повеќето е што се загледува ти да не си повеќе од мене итн итн. Премногу злоба, премногу завист. Верувај ми дека ќе те отрујат. Нема подобро од дистанца нема...само треба време да го сфатиш тоа.
     
    На Tanjamm, Marija6165 и Justicija им се допаѓа ова.
  4. Laufinam

    Laufinam Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2020
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Многу јаки ми беа своевремено огласите во весници од типот:
    Се откажувам од тој и тој роднина и сите долгови на негово/нејзино име.

    Иако, веројатно луѓето си имале мака...
     
    На Justicija и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    можеме да ги смениме. Дедо ми јавно во весник се има откажано од синовите а мајка ми ( не знам тоа како се случило или се правело ) станала посестрима со све другарки кои цел живот се дружела. Со нив била исто како со сестра. Јаделе пиеле заедно живееле заедно.... Значи ете можело
     
  6. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Не мислев на такво менување, на крвна врска мислев. Секако дека е можно да не контактираш и дури и да се откажеш во весник од роднината, но тоа не го менува фактот дека ти е роднина.
     
    На Marija6165, cresa-jagoda, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    7.724
    Да им направат ДНК тест, уште ќе бидат крвно поврзани, макар и преку сите весници на свет да се откаже од нив. Значи не можеме. :) Ова што ти го напиша е сосема друга околност.
     
    На Marija6165, marchi-cool, Mami3 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    тоа е точно. Сосем си во право
     
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.971
    Допаѓања:
    35.136
    Пол:
    Женски
    Кога бев помала бев блиска со сите први братучеди и братучедки и од на татко ми и од на мајка ми страната, не дека сега сме скарани и не комуницираме, ама откако се омажила/оженија секој си создаде своја фамилија и ретко се гледаме.
    За разлика од порано кај тетките сум седела за распуст по недела/две, исто и братучедките кај мене, се во свое време, сега секој си имаме своја фамилија маж/деца.
    Исто и со втори братучеди/ки сум многу блиска од на дедо ми страната, од на баба ми не толку, ги знам вторите братучеди/ки ама не комуницираме, нема никаква причина, едноставно подалечни сме. Ретко се гледаме со сите, секој со обврски. Најмногу комуницирам со братучедот од вујко ми, скоро секој ден, како брат ми е, се си кажуваме. Со прва братучедка од на татко ми сестра се одродија од нас откако почина тетка ми, ни на свадба не канеа, ниту пак јас, неможев ни на ФБ да ги најдам.
    Додека бев мала одев со моите на слави кај тетки, кога пораснав сами си одеа, не ме тераа со сила да одам, сега секој си слави со домашните. Откако се омажив чудно ми стана што свекор ми и свекрва ми се дружеа и се уште се дружат со далечни роднини од 4то колено што мм не ги ни знае, а беа поканети на свадба со изговор дека и тие ги канеле. Исто ми сметаше кога одеа на слава/именден кај некој си тетин на мм, а мм не беше во мкд, ме тераа да одам со нив, јас ги одбивав, они упорно, срамота било да не одам. Тоа беше уште на почетокот, сега исто не тераат со мм да одиме со нив, но ние ги одбиваме. Што барам кај нивни роднини, исто ме нервираат со прашањата "колку плата зимаш", "ајде што чекате за дете", а ние се бориме со тоа, "како е мајка ти", еднаш што ја виделе, подалечните роднини па воопшто.
    Мразам да одам на слави/имендени кај роднини, поубаво ми е кај пријатели/ки.
    Долг пост, да си се искажам.