Од денес за утре [Сител]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од angie, 22 септември 2010.

  1. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    235
    „Од денес за утре“ е насловот на новата македонска играна серија
    којашто во продукција на „Идеја плус комуникации“ и Сител телевизија
    ќе почне да се снима во почетокот на мај, а премиерно ќе биде прикажана
    на таа телевизија во септември годинава.

    Серијата обработува тематика од секојдневниот живот на просечно
    семејство од средната класа составено од неколку генерации кои живеат под
    еден покрив. Играната серија ќе се обиде да ги прикаже од духовитата страна
    на животот проблемите и предизвиците со кои се соочува семејството во секојдневието.


    Режисер на серијата е Иво Лауренчиќ, сценариото е на Братислав Димитров и
    Предраг Перишиќ, а музиката е на Ристо Самарџиев.

    Според режисерот Лауренчиќ, целта е да се направи
    квалитетна македонска хумористична серија која, како што вели, треба да
    биде на европско ниво.

    - Ги изанализиравме работите и видовме дека овој
    жанр не е работен во последно време и решивме да пробаме да направиме
    производ кој не би бил квалитетен само за Македонија, туку би ги
    поминал македонските граници, односно серијата да се прикажува и во
    Хрватска, Србија, Бугарија... Ова идеја е пионерски потфат бидејќи
    воопшто не е лесно да се пристапи кон продукција на ТВ-серија, рече
    Лауренчиќ.

    Перишиќ, кој се смета за еден од врвните
    комедиографи на овие простори, истакна дека досега испишал 600-ини
    страници текст за вкупно 13 епизоди на серијата и верува дека вложениот
    труд ќе вроди со резултат, а веќе пристапил кон пишување и на нови 13
    епизоди од серијалот.

    - Хуморот е универзален речник. Тој е најразбирлив
    и најприфатлив секаде во светот, а семејните проблеми се слични секаде
    и затоа верувам дека игранава серија ќе биде разбирлива секаде, рече
    Перишиќ.

    Димитров, пак, кој е исто така автор на сценариото
    за ТВ-серијата, вели дека се обидел на серијата да и го даде колку што
    е можно повеќе нашиот македонски колорит, имајќи предвид дека темата е
    универзална и е заедничка за сите т.н. посткомунистички земји кои
    минуваат низ непопуларно наречениот транзициски период.

    Самарџиев, уредник во Телевизија Сител и автор на
    носечката тема во ТВ-серијата, подвлече дека оваа ТВ-серија е еден од
    најголемите проекти на Телевизија Сител. Сите се надеваат дека „Од
    денес за утре“ ќе поттикне и други ТВ-куќи да придонесат да се врати
    телевизиската продукција во Македонија и да се отвори простор
    за творештво на нови млади автори.

    Филип Петрески од „Идеја плус комуникации“ посочи
    дека комерцијалната страна не била приоритетна за да се пристапи кон
    проектот, туку квалитетот на производот и неговата добра промоција.

    Серијата ќе почне да се снима на 1 мај во студио
    во Скопје, а дел и на локации низ Македонија. Премиерно ќе биде
    прикажана на 15 септември на програмата на ТВ Сител. Актерската екипа
    која се уште не е докомплетирана ја сочинуваат десетина поважни ликови,
    а Билјана Беличанец Арсиќ и Сенко Велинов се дел од актерската екипа.

    Лауренчиќ како дел од авторската екипа „Од денес
    за утре“ во своето богато творештво има реализирано преку 40 играни
    филмови и ТВ-серии, меѓу кои и ТВ-серијата од 1.030 епизоди „Говорете
    македонски“ и кампањата за зачувување на македонската кирилица „Додека
    пишувам кирилица постојам“.

    Познатиот драмски писател и филмски сценарист од
    Белград Перишиќ е познат по култните филмови „Работа на одредено
    време“, „Татко на одредено време“, „Не е лесно со мажите“ и други, а за
    своите дела наградуван е на многу домашни и странски фестивали.

    Димитров, пак, е познат македонски писател,
    драматург, сценарист и колумнист. Автор е на осум драми и на една
    монодрама, како и на ТВ-серии „Салон Хармони“, „Обични луѓе“ и „Томе од
    бензинската пумпа“, а има режирано и две претстави.


    Превземено од Сител
    Мислам дека уште серијава не е почната иако пишуваа дека на 15ти овој месец ќе се емитува. :?:
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.076
    Допаѓања:
    25.084
    ''Од денес за утре" - Нова македонска серија

    Уште кога видов дека квичалото Влатко Илиевски ќе глуми ми одмили. Ама незнам, можеби ќе биде добра серија. :wasntme:
     
  3. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    1.565
    ''Од денес за утре" - Нова македонска серија

    кога ќе почне знае некој? :wasntme:
     
  4. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    235
    ''Од денес за утре" - Нова македонска серија

    На Сител даваат реклами дека наскоро ќе почне да се емитува ама кога е тоа наскоро не знам...
     
  5. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    235
    На 2 октомври на фреквенцијата на Сител телевизија, може да ја погледнете приказната на оваа хумористична серија, сите најинтересни моменти, проблеми и ситуации за време на снимањето. А од недела 3 октомври во 19:40 стартува и првата епизода “Од денес за утре”.
     
  6. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.807
    Пол:
    Женски
    е значи оваа македонската серија историска стана :D :D
    денес, утре, денес... и никако да почне |(
    :D :D
     
  7. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.721
    Допаѓања:
    5.118
    Па затоа и се вика: Од денес за утре
    Денес викаат дека утре ќе почни, утредента кога ќе биде денес, пак за утре, и така си оди тоа круг :rofl: :rofl: :rofl:
     
  8. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    235
    Хехе еве имало надеж за почеток и се надевам дека ќе си стојат на збор :D Со нетрпение чекам да видам баш каква ќе е. А и Влатче глуми... :inlove: :wasntme:
     
  9. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    1.565
    И.. серијава :| ништо посебно! барем за сега...

    (може премногу очекувам за 1 епизода :D )
     
  10. skygirl

    skygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    152
    И јас си викам...можеби е брзо да заклучиме каква ќе биде. Ај ке видиме...
    Ама поради Влатче ќе ја гледам :)
     
  11. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Не дека имав намера редовно да ја гледам ама ај си викам да видам што серија ќе биде ии..онака ништо посебно како без содржина некако и што ќе биде заплетот? :?:
     
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.702
    Прв пат слушам за серијава....
    А знае ли некој како ќе ја даваат (еднаш неделно, секој ден...) и во колку?
     
  13. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.103
    Изгледа ќе се емитува еднаш неделно, секоја недела во 19:30 часот на Сител телевизија. Има 16 епизоди. Првата заборавив да ја гледам, ако има реприза ќе ја погледнам. Обично ги гледам македонскиве серии иако ретко ги има...
     
  14. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    539
    Пол:
    Женски
    mene mi se dopadna,ne ja fativ od pocetok,ama toa so go vidov mi se stori interesno.navistina ja otslikuva realnosta vo makedonija na eden humoristicen nacin.bas me nasmea segata za sijalica u hodnik so nesakaat da stavat komsiite,. i kaj nas u zgrada na nasiov sprat moite stavaat sijalica celo vreme,cat pat i edni drugi komsii,a drugite dva stana aber nemaat sijalica ne stavile od ko se uselile :D
     
  15. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    462
    Погрешно време во некоја си помодерна верзија, до кога македонските серии ќе имаат ваква содржина?
     
  16. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.807
    Пол:
    Женски
    сега еве ја изгледав првата епизода (реприза од вчера нели), и...... типична македонска серија :)
     
  17. Lebedev

    Lebedev Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    36
    Ja utepaa od zborenje, od najavuvanje... lele lele... so volku kameri, so tolku kameri... vakva fotografija, takva fotografija... dzabe im e sve koa glumcite im se utnati... ne site se razbira. ama vlatko, ko pederce nekoe, a onaa ana znaci stvarno ne ja mozam... se utepa od klestenje. sto da prai devojceto, misli deka toa e gluma. a zaborava deka e pred kamera. IGRATA PRED KAMERA I NA SCENA SE RAZLIKUVA !!! toa e nebo i zemja. pred kamera se treba da e UMERENO, a ne ona se klesti ko nedovetna...
     
    На LoveFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    111
    Од толку најавување и исчекување ја пропустив и во неделата и сеа репризата. Да не знае некој кога ќе има пак реприза во теков на неделава? :lol:
     
  19. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.807
    Пол:
    Женски
    а стварно таа ,,Kалина,, се утепа од смеење |( баш дебилско смеење |(
     
  20. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    1.081
    Пол:
    Женски
    Некако не ми се допадна, ич не се насмеав. Салон Хармони беше за 6 класи подобра!