Од денес решив дека фриждерот треба да ми биде у соба...џабе е оваа врска на далечина шала на страна...од денес решив дека треба да бидам повеќе активна во секое поле
Од денес решив да си одам по патот кој сум го зацртала за себе и моите најблиски, а секој а пречка што ќе ми се испречи пред мене ЌЕ ЈА ГАЗАМ и ич ама ич не ме интересираат последиците по другите. Е така да знаете, не постои веќе добрата Чупе, ќе ме видите во друго светло
Од денес решив дека ништо не може да ме онерасположи и изнервира, дека ќе си терам по зацртаниот пат зашто знам дека тој е the real one!
Сите позитивни решенија носат, јас малку наопаку... Од денес нема да се замарам за школо токлу, повеќе ќе излегувам, помалку ќе учам.
Од денес...решив да одморам повеќе,да примам повеќе витамини инаку тешко мене,планирам на диета да бидам,да се сменам ПОТПОЛНО!
Од денес ќе го сменам малце односот кон некои личности. Помалце ќе бидам оптимист барем за некои работи, затоа што доста беше од разочарувања. Очекуваш цело време нешто а после остануваш разочарана.. е нема дa може повеќе така! Нема повеќе да дозволам газења, навредувања. Ќе настојувам да си останам јас секогаш, недозволувајќи му на никој да ме смени без разлика на се!
Од денес решив да почнам малку поредновно да трчам и да вежбам и помалку благо да јадам(за ова последново ќе видиме дали ќе си го одржам зборот), и да си ги зацврстам ножињава да ми бидат како порано