Ама ограниченоста нема пол. Перењето мозок е толку јако, од најмали нозе се всадуваат предрасуди и патерни на однесување, кој како треба да изгледа, кој како да се однесува и се тоа од пресветата Америка, од Мерлин Монро па до Дилан . Секое срање има поминато, ова последново изгледа дека веќе нема проџа. Ќе продолжам во соодветната тема.
Оние кои никогаш не виделе ништо добро во некоја жена, за кои сите жени се змии, и сите нив лошо им мислат, можеби треба да видат да не случајно проблемот лежи во нив.
Истиве, се први да соопштат најсочни трачеви за другарка им во машко друштво, до толку се гадинки. А змии пријатели повеќе кажува за вашиот избор на другарки отколку за нив. Такви не се во моја близина, а имам многу другарки, значи не се сите исти не? Се плашам од жени кои немаат жени блиски, не може сите да не им чинат од толку карактери на светот. Можеби овде треба да се стави етикетата змија.
Да де, оти е женски форум. На Кајгана можеш да увидиш што сорта се македонски мажи на пример. И да сфатиш колку е сето трагично.
За пик ми жени сте збореле. Мене знаете кои ме нервираат? Пик ми мажи. Ама оние мажи што наводно се феминисти, либерални и све и во секој момент потенцираат дека они не се шовинисти ко другите мажи туку се поразлични и колку ги почитуваат жените. Bro...ако си стварно таков ќе приметиме, у реду е, вака само оддаваш слика на сељак и нарцис. И да, можда стварно се такви ама леле ќе пукнат ако не потенцираат дека тие се тие од горниот пратени да ги бранат жените. И многу често обожувани од жени оти леле види овој како нѐ брани. Епа ве брани ама кога мора да потенцира дека е дифрент, сељак е, сори. И не е да испаднам хомофоб ама чести вакви примери сум сретнала во живо и по нет од геј мажи. Од толкав страв да не бидат асоцирани со стрејт сељаците, побетер испаѓаат Мислам... можеш да ме почитуваш без да спомнеш директно дека ме почитуваш.
На прсти се брои колку пати имам отворено кајгана и од сите тие пати ми се згрозило. Мислам дека најлошите примероци од општествово се таму напикани.
Ова! Red flag е ако женско нема другарки. Не во смисла ако нема друштво заради различни ситуации, но, aко нема другарки пошто таа е подобра од сите други женски. Проблемот е дефинитивно тука. Мн убаво напишано
Пак најдовте причина за раслојување на женското јадро и поделби од типот жена е жена само ако има другарки? Другари или другарки се стекнуваат во одредени животни околности, во школо, во маало, во местото каде си пораснал. Ко ќе бидеш возрасен се сведува на колеги од работа, нема ваљда и некој тиндер за другарство? Сите сме различни, различни интереси и теми на муабет имаме, како што не кликнуваш со секого за љубовна врска, не кликнуваш со секого ни за другарство, и тоа е тоа, нема врска мажи жени или останати.
Има примери кога не значи ништо, едноставно си можеби во машки колектив, опкружена повеќе со мажи, или немаш голем круг на пријатели и од тие неколку повеќе ти се свиѓа машко друштво и нивни муабети, може на избор имаш само една екипа на женско друштво и мислиш дека функционираат ко секта пример па не би баш во таа екипа и слично. Но ако константно избегнуваш женско друштво иако имаш прилики да запознаваш и се дружиш со разни жени, различни карактери...Е симптоматично и има нешто во позадина. Да речев дека не се дружам со црнци (а сме 50:50 пример како мажи/жени) оти не кликаме ќе сум расист, ако не кликам со геј ќе сум хомофоб и ќе е точно. Ниту црнци ниту геј луѓе немаат еден типичен за нив начин на однесување и размислување. Така и жени. Секоја што ќе рече - сите жени се...и затоа не се дружам со нив си пати од комплекс на виша вредност, воедно е и мизогнист. Или едноставно незрела атеншн хор особа.
Поентата е ако се дружи строго само со мажи, затоа што жените ги стереотипизира (змии, оговарачки, ју нејм ит). Значи не ни може да создаде врски со други жени затоа што однапред има некаква искривена перцепција какви се врз основа на пол. Фала Богу дека секој бира луѓе со кои клика, симптоматично е кога има друштво од 10 мажи, а ни една жена. One of the boys синдромот е Како многу мала, немав избор, само 2 девојчиња бевме и до школо реално повеќе машки ми беа другарчињата поради ситуацијата. Ама тоа е различно од активно избегнување на жени за друштво, кога мислиш дека со жени немаш ништо заедничко за дружење, а со мажи имаш.