Кога коментира машки член само пријавете го мислењето и не го цитирајте за да не мора да тргам потенцијално добри коментари. Thanks.
Абе испадна дур сме биле в сопче не чинело, ојдовме на сред село и пак не чинело. Си гледав мојата омилена јутуберка и збора за жена шо по секоја цена брани мажи, на штета на жени. Накратко, пик ми де. И пошто тука кратко зборавме за то, сакам да го ставам видеото ако некоја сака да го гледа. Оти не знам пишано вака дали се долови.
Темава изгледа ја отворив да ми е дневник еднаш неделно. Ама сериозно сафри ми се кренаа и прво директно ќе се рчкав. Ама решив дека мора да се обидам да се спротиставам на таквите импулси оти се почесто ги имам. И нормално мажите на темата не се фатија на то дека овај е идиот, или да кажат било шо конструктивно за постпородилна депресија. Се фатија за то да исправат криви дрини дека било "не сите мажи". И после некои кажаја дека да, не биле ко овој тие. И толку. Значи прво да се средат кревките машки чувства, и дури после МОЖЕБИ ќе кажат нешто конструктивно. И ова не е прв пат. На секоја тема каде се спомнува "мажи" мора некој маж да ја заобиколи цела тема само за да нагласи дека "не сите мажи", "не тој" и "сигурно имаш татко, и тој?". То не е ни поентата бро. Ќе ги цитирав коментарите ама се предомислив. Ама не можам да опишам како од кожа ме вади то "нЕ сИтЕ мАжИ". Причината поради која тредов е пишан е поразително тажен и трагичен ама вреди да се прочита цел. Прво и основно, фактот дека "не сите мажи" или "ни еден маж не поддржва, чим поддржва не е маж" - сфаќам од кај иди. Од потребата да не си асоциран со насилници. Ама то не го менва фактот дека најголем % од насилствата извршени воопшто како и родови насилства - се од мажи. Факт е дека и двата пола можат да се, и се, жртви на насилство. Со застапеност 1 на 4 жени, и 1 на 9 мажи како жртви на екстремно физичко и психичко насилство од партнер. 1 од 7 жени и 1 од 18 мажи се жртви на сталкинг. 1 од 10 жени силовани од партнер, немаше инфо за мажи. 72% од сите murder-suicides се направени од интимен партнер, и дури 94% од сите жртви се од женски пол. И овие информации можи да се копат до недоглед. Ама то не е поентата. Поентата останува: не можи да негираме нашите чувства и стравови, кои се многу реални, и да ги невалидизирате само зошто имате една заедничка точка со тој наш страв. Ништо поќе. Не велиме дека ВИЕ сте насилници или дека ВИЕ држите исти стравој со дотичниот. Ама тие кои не загрозуваат се сепак мажи. Да, вистина е дека "не сите мажи", ама кога бегам сама дома не знам во која група спаѓа мажот шо оди зад мене. Се осеќам како да врискам во празнина ама па, то ми треба.
Темава толку беше што ви лежи на душа? Туку, сакам да отворам тема за бришење на жената, моментално/ историски, причини, последици и цена,(евентуално може и некои Илуминати аспекти) , мислам дека не е за тука, поопширна е. Си бараа поопширен вовед плус, па кажете да знам дали да отварам нова или овде ви се дискутира и дали воопшто ви се дискутира.
Ок тогаш нема потреба од спремање вовед. Епа повелете тогаш дами и госпоѓи, не се срамете да елаборирате пошироко и подлабоко. Да му ја удриме У корен работава.
Ако сакаш да смеат да дискутираат само жени - тогаш тука е точното место. Ако сакаш да вклучиш сите членови на форумов во дискусијата - тогаш да пробаме да најдиме соодветна категорија.
Јас би сакала таква тема. Мислам дека знам за што сакаш да се збори ,ако е за она со кое моментално се соочува цел свет . What is a woman? И се што тоа опфаќа.
Така е Вовед не треба, ама пиши мислење барем, па да се надоврземе. Јас не знам од кај да почнам, од премин од матријархат во патријархат, или од пред половина век од денес?
Добра поента. Тотално ми ги намалува дилемите околу опширноста. Да во тој контекст, но сакам уште поопширно тука да го вклучам и религискиот аспект. Затоа и пишав да се консултираме прво колку опширно. А зошто не и понадаље? Како што реков поопширно. И до корен! Ајде тогаш да спремам вовед до вечер,пишете битно околу опширноста. Паметно од мене што пишав баш пред излегување. А до колку работите?
Па темава е зато многу општа. За било шо шо би сакала да го дискутираш само со жени - да имаш простор да го напрајш то. Еве на последнава страна јас три работи скроз различни сум коментирала само. Така да изборот нека ти е меѓу тоа кој сакаш да вклучиш во дискусијата. И чим се одлучиш или тука ќе пишиш шо сакаш да дискутираш, или ќе отвориш тема и ќе почниме. Па са види, на одмор сум и хронично онлајн...
Дечки ви доаѓам со мојата одлука. Пошто вака како што ја планирав е превише опширна и контра-продуктивна за дискусија бар во вој формат, ќе отворам посебна и поконкретна зошто е актуелна и релевантна, нека има посебна тема, па може и овде додатно да се дискутира од само женски аспект. Дали одговара вака? Иначе, жени, мајки, кралици, сестре по сузама, ќерки на Големата Мајка Дона,итн... Среќна ви Нова Месечина во Рак,во својот месечев знак, воедно и знакот на жената. Пораката, интересен факт и потсетник воедно: Зборот Lunatic потекнува од зборот Luna( латинско име за Месечината) а Месечината се поврзува со жената, посвеста, или Анима на Јунг, нејзиниот месечен циклус и целосниот спектар на емоции и чувства со кој изобилува и за што е способна поради истиот. Така што потсетете се на ова нареден пат кога ќе се почувствувате загрозено, или ако не дај Боже некој ве нарече само "човек што менструира". Воедно и Добро Утро!
Дечки еве го воведот како и во кој смер ја замислив темата. Мислам дека си заслужува посебна, ама и логично е тука да се дискутира од женски аспект. Ќе го поставам тука, па како мислите така, ако треба додатно ќе се отвори посебна.Пробав да скратам за да биде што е можно пократко и јасно и да не дојде до понатамошни забуни за смерот на темата. Бришење и девалуирање на жената, што е тоа чудо од жена и зошто и кому толку (упорно) чудесно смета? Моментално е актуелното прашањето '' Што. Е. Тоа. Жена? ''. Бидејќи веќе има тема каде се води таа дискусија, оваа тема не е наменета за тој смер, како ни за циркулаторни и бескрајни дискусии околу ова прашање. Tемата е наменета за поопширна дискусија. Она што вклучува и за што е наменета темата; Како уопште доаѓаме до тоа да мораме бизарно да се објаснуваме, правдаме, компромизираме и извинуваме за бидувањето жена и што е тоа жена? Бришење на зборот жена, замена со нови термини,и сведени на луѓе што менструираат, раѓаат, дојат...(не со дојки, со гради!) се освен жени? Само заради нечии чувства? Повторно да сме девалуирани и омаложувани? И зошто уопште бришење на жената? Но оваа проблематика не е само моментална за жал. Бришењето и девалуирањето на жената од општеството, како и нејзината улога во него е проблематика што си влече корени долж историјата. Затоа и темата е наменета за поопширна дискусија. Кои се причините за нејзиното (упорно) бришење, деградирање, како и попречување на нејзината активна улога во општеството и од каде влече корени? Каква улога има феминизмот во ова? Колку помага? Колку одмага? Религиите исто така? Па, што е тоа чудо од жена и зошто и кому толку (упорно) чудесно смета?
Од новиот случај од црната хроника, ќе кажам - загрозени сме затоа што не сме сфатени сериозно кога пријавуваме закани или обиди за силување или насилство. И мажите се жртви но жените се доста почесто. Зошто? Ништо не се превзема додека не се случи најлошото. После џабе е, доцна е.
Нема по алармантна случка од хоророт што го направи босанецот, не сакам ни да помислувам на тоа како се осеќала таа жена во тој момент...И све тоа идело лајф на инста...Ужас, многу сме загрозени!!!
Вака, по консултација со @theowndemon ќе пишам овде, па ако има потреба ќе биде преместена и отворена нова, посебна. Пошто и се ближи месецот на жената, па да ја активираме малце темава. Имено, идејата ја добив од темата/ дискусијата во жени домаќинки највеќе каде и го поставив прашањево. Ќе поставам додатно и неколку клипови што дополнително ме инспирираа колку да ја доловам поентата.