Не е ни 1 од 2, секоја е. Тоа што не секое однесување сме го протолкувале, сме го пријавиле, не значи дека не се случило. Еднаш одамна, тинејџерка бев, малолетна, основно. Кај мене во населба си одев накај дома, околу 8 навечер. Скриени беа и ме нападнаа група на машки постари 1-2 години од мене, суштински "ништо не ми направија", освен што насилно ме допираа. Никому не реков МНОГУ години, срам ми беше. И ден денес малку луѓе знаат. Сите бевме деца, ако сум имала јас 13-14, тие имале 14-15. Меѓутоа, толку знаев, толку разбирав и толку бев понижена што ете ќутев. Денес знам дека не бев единствена сигурно, само ниту една не прозборе јавно, дури и да кажала некоја дома, ја заќутеле - родителите сепак ни се комшии нели, "детска работа". А дома иако ми зборуваа за секс, за спб, ете не ми кажаа никогаш дека може некој непримерно да ме допира и тоа НЕ Е моја вина и треба да кажам. Catcalling е сексуално вознемирување исто така, не е ласкање. Јас не познавам жена што не била на некаков начин сексуално вознемирувана во најмала рака. И не, не се сите мажи. Но се случува и оние мажи што немаат НАМЕРА да постапуваат на начин кој е вознемирувачки, да го прават истото несвесно оти така се воспитани или така е прифатено. На пример, од маж кој знам без сомнеж грам дека не би направил ништо што би загрозило жена, слушнав глупава шала. Ама тој ме ислуша, сакаше да знае што е проблемот и да не го повтори. Сè додека драпаме "не сите мажи", ја губиме смислата дека СИТЕ мажи треба прво да се едуцираат и да промениме нешто во тоа како се воспитуваат машките деца. Ништо нема да постигнеме ако само ги ловиме престапниците, без да објаснуваме активно и постојано на "оние другите". Ако не сакаат да слушаат - тогаш спаѓаат во "сите мажи".
И таму каде што мажите се жртви, насилникот скоро секогаш е пак, маж. Значи се враќаме на истото, тоа не е аргумент за not all men. И аман што е толку тешко да се сфати дека знаеме оти не сите мажи, ама тоа не значи дека нема да сме претпазливи од сите мажи. Кога одам навечер сама дома и има зад мене маж нема прво да помислам не сите мажи, туку што ако е еден од нив поради кои нѐ има во статистики. "Не сите мажи" не се докажува со цимолење и глумење жртви од лошите феминистки, туку како тие мажи што некни ја штитеа девојката во Кисела Вода, која патем за малку ќе беше силувана од маж. Од каде да знаеме дека ние еден ден нема да сме на нејзино место? Ама добро, не сите мажи.
@INNERBEAUTY остави САД, репер за баш ништо не ми се. Него што правиме кај нас? Еве само во Македонија, но и на Балканот? https://www.dw.com/mk/femicidite-ze...-19-zeni-i-devojcina-vo-makedonija/a-66790178 Феминизам ни треба повеќе од кога било, со оглед колку жртви има. Не е феминизмот работа ставена на хартија, закон има значи сè е таман. Не е таман, таман е кога нема да се плашиме за сопствениот телесен интегритет и живот, а верувај ретка среќничка си ако не си доживеала ништо макар вербално насилно. Не сум анонимна на форумов за да кажувам детали од настани во животов, прво заради сопственото ментално здравје и немање желба да бидам преиспитувана, а второ не сум среќна и не сум помирена со сопствени избори кога сум молчела а не требало. И не сум само јас, не познавам жена што некако не била вознемирувана во најмала рака, како што кажав.
Ај да ги оставиме мажите на страна, туку шо е со овие жениве шо така размислуваат? Ве чувале дома во стаклено звоно ли? Асоцијални ли сте, шо не познавате некоја шо била сексуално вознемирувана? Кога слушам такви муабети од жени шо не познаваат ниедна вознемирувана жена или не се слушнале за таква, прво шо ми иде на памет е дека вие уопште не се дружите со луѓе, ни со жени а камоли со мажи. Изгледа немате отидено подалеку од маалската продавница во која купувате леб. Навистина не ми е јасно. Скоро секоја жена шо сум ја запознала, другарка, пријателка, роднина, комшика, абе не е битно, ми има раскажено некоја таква случка. Дали е била следена, дали таксистот ја допирал, дали во некоја уличка ја грабнале, дали ја силувале.... Дали вие уопште не зборете со жени или шо е работата? Или ве гледаат дека не сте озбилни па не сакаат да ви се доверат?
Од мене на темава. Имам и на долго и на широко, и сопствено и туѓо искуство. Ама за друг пат. Ко ќе поминат траумите прво
Посматрај будно, штом само тоа и можеш и си способна да разбереш од сето ова очигледно, само без пик ми проекции грл бејб!
Баш. Не знам дали некогаш ќе успеам да прозборам, а не е ни "до толку", не сум била силувана на пример. Ама некои рани дупки се направени, не можам да зборувам. Со психологот мој со години работиме и пак само површински знае, не успевам сè да кажам.
Оф бе @CameliaMiller ко да не знам. Ова (болдов) ми е зборот и мене, и потполно се сложувам. Се надоврзав на примериве што беа спомнати, затоа и ги поставив овие. И пак на идеологијата " Not all man, but always man" дури сега слободно може да се сретне и во формат "Yes, all man" што полека ама сигурно ни се провлекува и доаѓа од таму. Многу лесно може да се помине линијата, поготово во ваква атмосфера кај што фрчат (екстремни) идеологии горе-доле, лево десно. Кревање свест за реално стање ДА, идеологии и празни рецитации, со пасивно агресивно дехуманизирање на цел (машки) род НЕ. Игнорирање на празни мозоци шоедвај чекаат да зе се лепат за исти од немање друг капацитет, како бонус.
Погледни што си напишала @INNERBEAUTY 1 in 5 women and 1 in 59 men in the United States is a victim of rape in their lifetime Една во пет жени и еден во 59 мажи, сфаќаш ли што значи тоа? Тоа е статистика која ти самата си ја постирала. И тоа тој еден маж во 59 е повеќето од времето силуван од друг маж. Твоја статистика и браниш уште нешто непостоечко.
Ај па препрочитај и не лепи претпоставки само зошто не разбираш. А и ако па не разбираш твој проблем.
Буквално и тој маж е најверојатно хомосексуалец и силуван од друг маж. Мажите што се убиени се убиени од други мажи најчесто. Затоа постои и термин кога жена е убиена затоа што е жена, "фемицид". Постои и термин "андроцид", кој не го слушаме оти мажите се убивани поради својот пол при војни, геноциди општо и слично, не оти е честа појава во било кое општество. Андроцидот речиси без исклучок е дело на повторно, други мажи.
Што да препрочитам? Ти си постирала, ти прочитај што постираш прво, а не постираш нешто што оди контра твоето мислење, па после другите не разбирале.
Никогаш не ми требале статистики од интернет, за да знам шо се случува во мојата околина а и глобално. Гледам, не сум слепа, слушам, не сум глува.
Оф бре серазбрана Реин никаде ја го бранам тоа, ти само така си го не/разбра. Скроз друго беше зборот, шо го имаш веќе во неколку постови. Ок е да не разбираш ваљда, не и да лепиш претпоставки врз основа на тоа неразбирање.
Нема што да додадам на сѐ што ти кажале. Ти си таа на која некои работи не ѝ се јасни, ваљда пошто се подлабоки од некој глуп хаштаг.
Така уште повеќе си свесна. Сексуалното вознемирување и насилство во огромна мера не се пријавува ниту денес. Жртвите ретко се способни да се соочат и да пријават, а и кога ќе пријават, често имаат работа со полиција која не знае како да постапува со нив и ги ревиктимизира...
Ок е да не разбираш, се сложувам, ама кога не разбираш барем покажи емпатија за другите кои биле жртви, а не да им патронизираш или да кажуваш дека непотребно медиумски биле споделувани насилствата и грозоморните убиства над жените. Искрено, не знам дали сама себе се читаш уопште, не е ни важно, важно е да се пишува за другите кои поминале или поминуваат низ нешто дека не се сами и имаат поддршка, а ваквите како тебе се малцинство.