Најчесто од Sara fashion, најмногу пристапни цени има, изборот им е задоволителен. Би пробала и од Бонати ама немам во мојот град а онлајн не ми се ризикува, може и се подобри на квалитет. Лиска некако преценети со цените, имам кај нас минимален избор ама ептен цените високи. Можеби подолго се носат ама градник јас не носам ни неполна година, со Лиска не знам како би било, можеби барем две години ќе се исплати цената.
Најчесто купувам од Bonatti, секогаш имаат многу убави колекции (освен последната, мене лично не ми се бендиса), а и за квалитетот што го нудат цените се пристојни Сакам да прашам, дали некоја од вас знае каде може да најдам stockings големина 5ка?
Последната година од Бонати, имаат убав избор исто и купачите им се убави, кај мене се покажаа квалитетни.
Девојки кај можам да најдам по секојдневни гаќички, ама моделот да биде бразилки, дека од обичниве слип ми се отцртува кога носам потесни фармерки, бразилки би завршиле работа, Само што, тоа што гледав по сајтовите скоро сите бразилки се со прекрасни дезени, чипки... ми треба нешто за секојдневно носење, ама со модел на бразилки, танга мислам нема да можам да поднесам. Вакво нешто од прилика Или али експрес ќе да е мајката, и ако имате нарачано, може да ми препорачате од кој и како сте задоволни
Претпоставувам на овие мислиш https://www.tezenis.com/world/women/new_arrivals/?start=30&sz=15 Ги разгледав, значи пристапни цени, секојдневни модели како што барав, и гледам дека имаат локација Сити Мол и овој новиов што го отворија. Значи како до сега не сум ги знаела, а гледам и градници добри имаат, ако си пробала, можеш да кажеш како ти изгледаат на квалитет, таман за некој со мали гради како мене. Значи премногу ти фала, тоа е тоа што го барав!
Јас прв пат ги открив во Грција пред 5 години и можам дека за цената квалитетот им е одличен. Особено што викаш за мали гради. Јас имам мали гради и тесен граден кош и ептен ретко си наоѓам соодветен модел овие ептен ми легнаа.