Сега ја гледам декларацијата за гакичките значи 85%памук и 15% ликра немало сатен се извинувам така мазно ми се виде оди види денес ги носев гакичките многу се пријатни а и корсетите беа многу интересни во понеделник одам да си купам усте некој пар и ке прашам за корсетите што состав се точно да не ја зезнам пак .
Lisca мислам дека се најдобри во поглед на квалитетот што го нудат за цената, а во последно време се и многу помодерни и имаат ептен добри парчиња. Јас од дете купувам прслуци и корсети од таму, а за гаќички најпогодени ми се Intimissimi и Pompea. Во Џамбо има убавки ноќници, а и ефтини се
Jас долна облека купувам од Lisca и баш ми е погодена и мн е квалитетна и купувам од exstreme intimo.
Од маалскиве продавнички за долна облека, градници најчесто од пазар си купувам од Зелено пазарче, има прекрасни моделчиња Intimissimi, Golden Point и продавнициве од овој тип низ градов ми се скапи некако па не можам да си го дозволам често, знам да си купам и од таму, но еднаш годишно
Јас обично си купував од некои маалски продавници, се додека мајка ми не почна да ми носи долна облека од Lisca и Intimissimi. Градниците од Lisca се сон! Порано овие од пазарче за 150 денари што ги купував ги перев на рака затоа што едно перење во машина, се правеа лом! Овие од Lisca гајле немаат! Ни жици се вадат ни ништо. Уживам во памучни гаќи од Intimissimi. На тие што ги купував од пазарче после едно вриење во машина од ластиците немаше ни трага ни глас
Во последно време си купувам од Зелено пазарче. За 250 денари има комплет прслук и гакички танга.Солидна цена и ми се исплати.Секако не ги носам многу комплетчињата, 2-3 пати ако ги облечам па така да не ми е битно колку се квалитетни. А вака за секој ден памучни гакички си носам(мајка ми ми ги купува )
Ако си од Битола, ако не си посети не.И посети го DIVINE на Широк Сокак.Имаат прекрасен избор.И ми се допаѓа тоа што повеќето од моделите се уникатни, а не класика, нешто што можеш да го најдеш во секоја втора продавница за долна облека.И цените им се повеќе од прифатливи.За 600 денари си купив корсет со гаќички.Ете толку ми влезе под кожа што ќе го сликам и ќе го постирам тука да ми завидувате На истата улица нешто подолу има уште еден бутик за долна облека.И нивните ми се допаѓаат, само што тука цените се нешто посолени, од кај 1800 нагоре.Но вреди за парите навистина се квалитетни. Најомилени ми се корсетите со подвезици и се практични затоа што има такви кои можеш да ги носиш како долна облека или со фармерки, подвезиците се вадат.Чорапчиња си купувам од Сара Фешн.Имаат избор и цените се пак прифатливи Инаку од лиска едниствено ми се допаѓаат градниците се останато ми е тапа Не би да звучи како реклама сето ова , не ме бришете
Од Ангротекс има убави мајци и гаки памучни на бети-метлика и емтеџе многу се квалитетни пруслучиња носам со потпунки на енббе ептен ми одговарат и градите ми ги прават поголеми.Знам убав веш да си купам и од приватни бутици не многу квалитетни ама за око убави како за пред човек во разни бои ги облекувам поретко.
Купувам долна облека Elle MacPherson Intimates,Victoria Secret и Pleasure State. Сите имаат и секси долна облека и долна облека за секој ден,мислам на памучни гаќи(не бели )и памучни маици.
Најчесто купувам од Lisca, а некогаш и од Lady Victoria,во глобала од Lisca, и најмногу од се ми се допаѓа што веќе ме знаат како редовен купувач,па често си добивам и попуст или некое парче облека гратис
Гаќички си купувам од било каде,ако видам некои интересни,шарени. А,градници строго од Лиска,пошто имам големки гради и градниците ми се креваат позади,а тоа ми е најодвртна нешто кај девојче. Ваму се покажале добри.
гаќички си купувам од каде ќе најдам, само да се памучни и да не се еднобојни, купувам и од сара фешн и од некои продавнички за долна облека
Од пазар, од Еко, од кинеските продавници најмногу. Од Бисер има една продавница супер ефтина има долна облека. Чат пат нешто поефтино на попуст ако земам од некој бренд божем.
Долна облека најчесто купувам најчесто од пазар,ефтинилак Исто така од сара фешн или од некои локални бутичиња каде има избор на ефтини прслучиња... Никогаш нема да дадам повеќе од 200-250 денари на долна облека
Во последно време најмногу од Extreme Intimo. Од Lisca се разочарав со последните два градници и не сум купила повеќе од три години оттаму. Имам едно прслуче од Intimissimi што го обожавам, и да можев само од таму ќе си купував, ама нема во мојот град . Ефтини памучни гаќички купувам, има квалитетни од Стружанка, меѓутоа ефтин кинески градник не можам да носам. Сум пробала и не ми успева. И секогаш кога имам потреба од нова долна облека и излегувам во градов со две продавници да си купам - се нервирам .
Гашти на пазарче 5 пара 100 денари ајмо!! Па стварно, супер се. И прслуци исто на пазарче 150 денари. Сум земала и од бутик али не гледам разлика. Корсети со подвезици уфф обожавам, и тие си ги земам од пазарче зависи цените се од 450 до 600 денари.
Зашто да давам по 1500 за прслук кога на пазар можам да си најдам 100 пати поубави и тоа за само 150-200ден,па и за двапати да го облечам вреди
Градници исклучиво од Lisca. И да сакам од друго место - не ми се точни , а и многу сум задоволна со квалитетот на Lisca. За гаќички не е проблем, има избор насекаде.