Од каде купувате долна облека?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од SummerGirl, 3 мај 2010.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    јас купував само од НББ и навистина ми беа убави за таа цена (од 350-550ден.), но во последно што купив, или жицата излезе, или се скинаа брзо, 80 ми е претесен, 85 ми е многу голем, никако не можам да погодам број.... :^)
    не се тоа што беа, како од на пазар да сум ги купила |(

    сега во план ми е од Лиска да си купам, иако не ми се даваат толку пари за прслук...
     
  2. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    1.151
    Лисца има многу убави работи и што е поважно, квалитетни, жениве кај мене во фамилија се редовни таму, само што мене ми е за повозрасни некако. Голден Поинт и Интимисими, имам работи од таму, само да ги гледаш на слика, евентуално да ги држиш во раце и да ги галиш прслучињата. Тотално неквалитетни. Џабе парите, демек поубави се, шарени, чипки мипки, многу неквалитетни.

    H&M на попуст за 4-5 евра прслучиња, без попуст се по 9.99, и раат.
     
  3. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Од пазар Буњаковец и кај мене во населба едно мало продавниче со солиден избор. Порано и од Шутка си купував, ама многу се неквалитетни, одма им излегуваат фижбаните и побелуваат со перење.
     
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.732
    Допаѓања:
    122.346
    Пол:
    Женски
    Lisca стрикно. Од кога носам прслук носам само лиска и не сум зажалила. Јес да се поскапи ама квалитет е . 3 години носам еден прслук и абер нема ни фишбјн излегува ни се кине. Милина. Еднаш годишно купувам по 2-3 и доста ми се .
     
  5. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Од Глобал од Виолета..малку е дебела но ајде :D :D што има убава долна облека има..сите градници ми се од таму купени ..:D
     
  6. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.072
    Допаѓања:
    5.132
    Знаете дали во Лиска има нешто вакво?
     

    Прикачени фајлови:

  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    Последниот прслуш што го купив беше од NBB и еве скоро цела година нема гајле! Презадоволна сум! Иако моите гради не се големи, па не го преоптоваруваат многу прслукот, сепак сум купувала други обични прслуци од по 300 денари и нормално за месец-два цркнуваа.
    Исто имам прслук од Intimissimi и сум супер задоволна :)
     
  8. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.658
    Допаѓања:
    17.465
    Од пазарче...има една жена продава прслуци ама ств. ми се свиѓат..абе квалитет се..за 150 ден. веќе цела година го носам и не е ни мрднал..купив еднаш од сара фешн еден и жиците испаднаа..:@ А и гаќи купувам од истата жена..:)
     
  9. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Од каде стигнам, но не плаќам некои солени цени за градници или гаќички.
    Кога почнав да носам градници, мајка ми беше задолежена да ми ги набавува и првите 10-тина градници ми беа НББ, тоа негде првите година-две. Но мајка ми избираше секогаш строго памук, а јас сакав тантели и сл. украси, па почнав сама да си купувам.
    И си купувам од пазар најчесто, ем има интересни моделчиња а и цените им се навистина пристапни, по 150-200 денари за градник, се исплати да го носиш и 2-3 месеци.
    И гаќички купувам од пазар, некогаш од Интимисими или Санда, ама најчесто од пазар. Багатела по 50-60 денари одлични боксерки, или 4-5 пара обични гаќички за 100 денари.

    Понекогаш ме фаќа шубе кога купувам од пазар, ама па си велам кога ќе ги ставам во машина на 90 степени со пред перење не верувам дека ќе преживее некоја бактерија. А и немам некаква гаранција дека оние од бутик се многу почисти.
     
  10. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Најчесто купувам во една продавница, редовна муштерија сум им таму :lol: Посебно имаат убави гаќички а и не се скапи од 60 до 100ден има разни и многу убави. Задоволна сум од градникот кој што го купив од кај нив, беше окулу 800ден. а еве уште го носам а има 2 год :!: Исто така купувам и од пазар, како што велите за 150 и 200ден има да бираш какви сакаш. :)
     
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Од една продавница каде продаваат само долна облека. Многу убави гакички имаат и градници :lol: :lol: :lol: :lol:
     
  12. ani22

    ani22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    303
    Од Кимико има преголем избор а и најбитно се наш македонски производ и квалитетни се , а не се скапи :)
     
  13. DeadMary

    DeadMary Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    53
    Од една тезга во кула пазар таму има многу избор! :) :) :)
     
  14. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Од кинескиве продавници, пазарче и сл.
    Ја радо би од Lisca, пекам за некои од таму, ама паре нису проблем, паре нема :D
     
  15. Skorpija87

    Skorpija87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    68
    Од пазар купувам некогаш и од некои продавници :)
     
  16. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674
    гаќи од пазар :D , а прслуци, беби дол и боди од околните продавници. Прслуците и боди од сета долна облека ги плаќам поскапо бидејќи кај нив најбитен ми е квалитетот.
     
  17. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    487
    Од продавници!
     
  18. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.609
    Пол:
    Женски
    немам некое посебно место,најчесто каде најдам поквалитетно земам одма.
    али сепак што ми останале нај нај,сара фешн,кај мене тука некои рандом продавничиња :D ,пазарче,и така :)
     
  19. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Немам место каде секогаш купувам, туку секогаш различно.. Имам и од пазар купено, и од Lisca и од Intimissimi :)
     
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.723
    Знае некој каде да најдам добар градник, ама стварно добар што ќе е издржлив, да не му се вадат жиците и убаво да ги држи, подига и обликува градите. Ама и да има Е корпа, зашто јас носам 75ка, зашто имам големи гради кои ми се несразмерни со телото. Барав во Лиска и Триумф ама ретки се Е корпите а тие што колку-толку ми одговараат се со чипка и без корпа, а такви не ми се допаѓаат зашто не ми даваат убава форма на градите. Значи, барам градникот да има блага корпа. Препораки? :?: