Има една продавница за долна облека, воопшто не е скапо и може секоја од нас да си дозволи и обични, а и посекси парчиња...порано имаше во аеродром и во буњаковец, сега отворија и во трговски.Мислам дека X-intima се викаше. Јас последнава година од таму си купувам или од New Yorker ако налетам на нешто Ако ви треба нешто такво ви предлагам таму да барате
Не знам дали веќе се снајде. Корсет за фустан со гол грб видов пред два дена во новата продавничка за долна облека веднаш пред Манго во ГТЦ
Одкако го отворија Сити Мол од Womаn Secret си купувам, ми се допаѓаат моделите, а и квалитетот. Зборам за градници, гаќички проаѓаат и оние од пазар
живеам во град каде што нема избор воопшто посебно за долна облека т.е Штип нема избор сара фешан но не ми се допаѓаат таму , лиска но не сум влегла претпоставувам дека многу е скапо . за секојдневни гакички купувам на пазар не бирам а за др танги глупости каде што ќе налетам на убави купувам не се ни мислам
Sara Fashion,од таму најчесто,прслуци знам и од пазар да си купам,а знам да купам и од еден убав бутик за долна облека,ама да ме отепате ако знам како се вика
Јас купувам долна облека од една продавница кај мене во населба. Моделите ги набавуваат од Sara Fashion и ги продаваат за поефтини пари.
девојки кај има убави корсети, а да не бидат многу скапи? Гледав во њу јоркер и се околу 1200 денари, па реков да прашам некој дали знае кај има поевтини
Гаќички купувам од една продавничка кај мене во населба и кога би имала многу пари мислам дека се би им купила Гаќичките им се преслатки - со срциња, со хелоу кити, со панделки, со цветчиња, со точкички... Неможам да поминам покрај а да не влезам и да не си купам по нешто и сега имам двапати повеќе гаќи од што ми требаат Прслуците се друга приказна и моја вечна болка - имам релативно широк граден кош а гради средни накај мали, цел живот едвај наоѓам точни прслуци па купувам од таму каде ќе најдам некој кој ми е погоден. Последниот го купив од ЊуЈоркер, уште ми е жал за парите ама барем таман ми е.
Долна облека купувам од бутик во кој се продаваат памучни работи на Тritteсрпски производител).Фирмата има еднобојна долна облека и тоа само во три бои:бела,црна и кремова.Не се евтини,но се многу квалитетни и при перење не паѓа бојата,па и не избледуваат.Не сакам шарена и дизајнирана долна облека.
Од едно маалско продавниче... Имаат прекрасен долен веш многу избор многу квалитетен и со пристапни цени... Јас сум презадоволна!
Носам турски гаќи,кинески и на Сара фешн прслуци кога начекам поголеми броеви,маици и боди на Тритекс. И да не бидам оф,во едно мало неугледно продавниче,со исклучок на прслучињата од Сара.
Еден модел од NBB ми е таман и само тој си го купувам во разни бои. Исто така и прслучињата од NEW YORKER МИ СЕ ПОГОДЕНИ, па кога ќе начекам на некој голем попуст си купувам и по неколку. Гаќи каде ќе начекам интересни, не ми е важна марка, поважно ми е да бидат памучни и удобни.
јас си купувам од дуќанот кај што работи другарка ми, имаат многу убави работи, посебно гаки, и прифатливи цени а маж ми кај се научил се од сара фешн да ми купува битно се убави работи ми носи, знае да ми ги погоди
Од каде ми дојде нешто уз пат, од таму. Најчесто гаќи и бодиња купувам од Сара Фешн затоа што ми е најблиску и секогаш има по нешто што ми фаќа око. Ме нервира долен веш со дезени и апликации, сакам нешто класично и ненападно, неретко со малку чипка колку да не биде ептен обично и да се чувствувам убаво и женствено. Најголем проблем ми се градниците, зашто носам релативно мало бројче и тешко го наоѓам по обичниве дуќани за долна облека. Има толку многу убави модели кои ми се допаѓаат, но не ми се удобни и не ми се точни. Си најдов еден модел од NBB и гледам секогаш да го купам без разлика од каде - моделот е тој. Лиска имаат одлични прслучиња кои ми се како од калап извадени, но ретко си дозволувам да се почастам од таму.
Од Бит пазар Најобични гаќички еднобојни или бели со некои шари , најудобно и најкомотно се осеќам во нив, а и живо џабе се 4 за 100 Порано знаев и некои чипкани да земам, ама сега баталив, ептен неугодни ми се