Па не паметам кога последно сум фрлила отпадок на улица . А демек јас не смеам да критикувам ако "ние" сме криви, или други нека не критикуваат а ние да си продолжиме по "наше". Ако сами не сме свесни за загаденоста не треба да чекаме друг да ни каже. плус не ги ваѓам информациите од ракав, потврдени се. А и јас да не бидам оф топик кажав само една од причините поради која не се чуствувам удобно во својот град. а се додека го фалиме и не се трудиме на подобро можда и ќе тапкаме у место (у секоја сфера).
Битола... Некогаш градот на конзулите, културниот центар во државата... Сега пустош, со воздух загаден 20 пати над дозволеното.
Јас влечам корени од пола балкан, мешана сум. Балканска џукела. Али цел живот ,секогаш гордо сум викала дека сум од најдобриот град - Скопје, со кој за жал, веќе не сум емотивно поврзана, бидејќи ми срушија и изменија се што ми беше мило и блиско до срце. А го сметам за моја прва вистинска љубов... Ќе продолжам да кажувам дека сум од Скопје, но не со иста емоција, веќе не го чуствувам градот како мој.
И јас сум микс-ремикс. Украинец, бугар и македонец. Дедо ми е од Украина, другиот дедо бил од Бугарија а бабите од Македонија. А јас сум од Скопје.