@Outlook Ne znam kako da ti objasnam ali ne sakam da vozam nikoj a ne sakam da me vozat poshto kje gi pretrkam i kje napravime sudar koj mozhe da bide fatalen. Edno e Bitch Shield ; mnogu prifatliva forma i ok e poshto e odbranben mehanizam. Drugo e Bitch - Bitch - Karakter. Zatoa ti vikam begam od niv .. Nema poenta da glumam Pimp a Kuchkata da dolzhi provizii koj ne gi razbira.
А кучка во карактер ОК ова со провизииве не го разбрам баш ама веројатно ти си знаеш со што е поврзано.
Од сељаци што мислат дека секоја девојка можат да ја имаат и дека сите се лесни и ако им речеш „Немаш шанси кај мене,друг сакам“ ќе те прашуваат „Што ти е мори,мрдната низаедна?“ . А најмногу мразам кога некој ќе ми рече МОРИ. Го имам доживеано тоа од некој си,ама си го доби тоа што го заслужи од мене. Од некои што мислат дека ако си многу поразличен од нив,можат да те замараат,зафркаваат и озборуваат. Таква е другарката на горе споменатиот. Ама и таа си го доби.
И од онакви кои заради браќата и сестрите би се скарале со децата и сопругата или би ги запоставиле Да, да, и такви ги има. Налудничава и непродуктивна е толкава љубов кон брат/сестра, без разлика дали доаѓа од маж или од жена. Мислам дека се работи за луѓе што не можат да расчистат со детството.
Од себе неспознаени особи, тоа не се познава и сака себе а не па некој друг. На кратко ни се тера ни се води.
Бегам од некои примитивци, кои немаат ништо видено во животот, а знаат да објаснуват и да се прваат паметни многу
Бегам од мажи што не знаат да го живеат животот без девојка. Обично врските им траат по неколку месеци или година и откако ќе раскинат досаѓаат на се што е од женски род. Напорни се, значи додека имаат девојка друго женско за нив не постои а кога ќе раскинат обратно, стануваат како пијавици додека не најдат нова. И да, нема здраво по улици и обавезно е бришење од фб па после пак додавање после раскинувањето.
Бегам од мажи кои немаат убави манири и се однесуваат безобразно, секој втор збор им е сочна пцовка, мажи кои немаат никакви амбиции и си го врват животот во стилот тато носи мама меси, мажи кои мислат дека се јаки е******а а во моите очи се тешки сељачишта.
Од жени кои не внимаваат на лична хигиена,немаат почит спрема себе ни спрема партнерот, премногу се лигават и се нападно арогантни.
Од нестабилни мажи кои не знаат што сакаат од животот, живеат ден за ден. Лицемерни улизнувачи. Уфилмани "еб*чишта". Зависни од сестра/мајка и нивно мислење и ставање на пиедестал. И од мажи кои ми се обраќаат со "маче". Посебен круг во пеколот за овие. А да, и од самопрогласени опасни мафијаши по тренерка, патика и црна наочара. И нонстоп го гледаш на фб со пасивно агресивни статуси со кои секогаш индиректно предупредуваат или порачуваат нешто некому. Комедии.