Од мажи кои патат од Едипов комплекс, т.е мажи заљубени во своите мајки. Што ќе рече мама - тоа ќе биде Квази алфа мажјаци што всушност не се ни помалку ни повеќе туку искомплексирани суштества, кои се осеќаат супериорно во однос на жената. Разгалени деца на богаташи. И најмногу од мажи без амбиции т.н џаболебари
Како дојде до тоа вербално да ти бара да му “дадеш“? И што да му даваш “кило сирење“, “графичка карта за гејминг“, “гратиси за во кино“?! Ооо Боже, какви дилајли ги имало ... Ги имало од бетер, по бетер
Дечкото буквално ми пиша ако ми дадеш да те скинам полесно ќе те засакам..и јас бев као ноууу фак лоџик.Ни срам ни перде.Немам скриншат иначе ќе ишкртав се ќе постнев. Инаку почна да ми врти муабет као шо си праела со машко дрндрн и му кажав као демек до сега ништо такво а и невина сум (тоа уште со гордост го кажувам) и после ми го плесна тоа
Т.н. „женкари“ А ги има могу такви...И се пуштаат на која и да им се најде,се прават тука дека се не знам кои...А што е најтрагично и девојки имаат,па се фалат пред сите како ги лажат Значи ужас Нарциси...Кој немал искуство со нив,не знае.За нив,во светот постојат само тие самите .Секој збор им е: јас,јас,јас Преоптеретени се со себе,па за партнерот нема место во нивниот живот. Оние кои без цел лутаат во животот... Чекаат мама тато да донесат,тие да го трошат Немаат образование (најголем дел од случаите кои ги знам),немаат амбиција да завршат нешто,немаат работа,спијат по цел ден,животот исполнет 0...и најдалечната иднина што ја гледаат е некоја женска што ќе може да ги издржува и нив Сељаци,оние без манири,без основна култура и „чувство за висока мода“ Како да им објасниш на овие луѓе дека нивните погледи на светот се искрвени? Мачо мен, или квази алфа Ти се прават најјаки тепачи,тие се главни Пијаници,коцкари,оние кои земаат дрога И да не набројјувам повеќе,бидејќи ќе треба 3 поста да пишувам.Сум сумарум-Не сакам онакви кои немаат цел во животот,кои не се амбициозни,кои не те почитуваат ни како човек,ни како женско...
Во глобала мажи што немаат амбиции, планови за во иднина. Мажи што знаат да се фалат само со бројот на луѓе кои јаделе ќотек од нив, бројот на повредени девојки кои ги оставле, место да се пофали со одредена вештина или занење на некоја тема (што очигледно го немаат). Мажи што немаат направено никакво добро дело, дали било тоа донирање средства или облека или едноставно било каква помош на друго лице. Мажи што не знаат да се определат на еден стил на живот, музика, облека туку секој ден ги гледаш како нови личности. Женкари што мислат дека можат да ја имаат секоја и притоа се ужасно напорни во додворување, а исто така користат финти од дедо Ное .
Од неискрени, детинести, мажи кои си играат топло ладно цело време, емоционални манипулатори...од оние кои што не знаат да си ја признаат грешката или туѓо мислење кое не се поклопува со нивното и од личности со големо его.
Од мажи: Сега ли ќе ме оставиш кога најмногу ми требаш... А уствари не сум ни у врска со таквиот, туку тој си бара некоја за утеха. Шо да не мисли дека ќе го сожалам и утешам. Ајде бегај таму!
Без интелект, агресивни, без култура и самопочит, без вокабулар, приглупи и луѓе кои единствено можат да функционираат лижејќи им се на другите.