Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Од какви мажи/жени бегате?

Дискусија во 'Сингл' започната од crazylady, 3 април 2013.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.622
    Допаѓања:
    167.497
    Пол:
    Женски
    Не само шо не треба, то не е ни криза во врска зошто врска каде има насилство не треба ни да продолжи. Не е надминлива криза туку црвена граница.
     
    На candy.cane, Anabelle.Amorette, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.212
    Допаѓања:
    125.505
    Пол:
    Женски
    Тоа остави впечаток и затоа го спомнуваме.
    Каков проблем и да имате,треба со разговор да се потрудите да го решите.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.740
    Допаѓања:
    172.851
    Пол:
    Женски
    @Tan4ence значи ти сакаш роб, каде што ти ќе бидеш доминантната. Ти ќе тепаш, ти ќе се лутиш, ти ќе имаш добри и лоши денови, ти ќе одбираш каде ќе шетате, јадете, кој филм ќе го гледате..ако се налутиш ти ќе му залепиш шамар...

    АМА ако тој тебе те плесне еднаш, одма е насилство врз жената. Ако има свое ЈАС е будала.. а жената ако има свое ЈАС е паметна, таква треба да е...

    Толку од еднаквоста за која што се борите по форумов..

    Па и шамар да ти истолерирал?! Море ако го треснам мојов сакам да ме истепа да не знам ни јас зошто...затоа што ништо не се решава со тепање и со доминација во врската. Туку со компромис.

    А за доминација, купи си куче или мајмун.
     
    На christinnn, Biljarkata, JollyGirl и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Не потенцирав на кои постапки мислам, не знам зашто мешате мислења од други теми. За тоа- ете ми прости.
    Мислев баш за криза во врска, период кога не иде сѐ подмачкано.
     
  5. Fauhxy

    Fauhxy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2016
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    2.130
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш дека удирање шамар не е ни блиску до криза не знам што да ти кажам :|
     
    На RoseRain, JollyGirl, Billy Idol и 9 други им се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.212
    Допаѓања:
    125.505
    Пол:
    Женски
    Еве ти го клучот,ќе седнете да разговарате.Ако не бива,оддалечете се привремено или траен разлаз.
     
    На cresa-jagoda и Purplelilac им се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Кажав една реченица, ти си разви цела приказна. :drunk:
    Додуша на коментаров не вреди да се правдам.
     
  8. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    @Tan4ence

    Не знам како ќе ме сфатиш, ама сериозно мислам дека ти е потребен разговор со психолог.
    Сум те читала и порано, те читам и сега. Многу си сменета, на полошо.
    Пред се за себеси, а потоа и за дечко ти.
    Никој тука ниту има нешто против тебе, ниту ти мисли нешто лошо.
    Само очигледно е дека ти треба помош за да надминеш некои внатрешни конфликти и стравови.
     
    На Someonespecial, JollyGirl, Billy Idol и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.740
    Допаѓања:
    172.851
    Пол:
    Женски
    Приказната е затоа што тие без самопочит се токму онакви какви што ги опишав.

    Ако сакаш квалитетна врска, барај баш такви - со самопочит. Инаку нема квалитетна врска.
     
    На Tanjamm, candy.cane, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    5.181
    Пол:
    Женски
    @Tan4ence извини ама мислам дека си доста несигурна личност според ова што го кажуваш и каков дечко сакаш :)
     
    На Sejfullai и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. Elf

    Elf Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.134
    Пол:
    Женски
    @Tan4ence мислам дека нема да ти текне веќе за совет да побараш овде. :)
     
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Па за мене е квалитетна.
    Нигде не реков да ги шамарате дечковците, нигде не реков да немате вие или тој свое јас.
    Едноставно јас кажав од какви бегам и какви бирам и толку како што гласи и темата.

    ***
    @Purplelilac фала ама јас сум океј и во среќна врска, убаво ни е и на двајцата. Тоа што имавме проблеми не беше океј да, ама надминавме и остана зад нас.
    Би отишла ама можеби за друга работа.
    Едит - не сум јас темата. Нема потреба од анализи на мене или мојата врска.
     
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.740
    Допаѓања:
    172.851
    Пол:
    Женски
    A зошто па да не побара кога сите и кажуваат за убаво?!
    Треба да си од тие што удираат со глава во ѕид и не слушаш ништо освен твоето... тогаш не треба ни да бара човек совет

    Само што сите ти кажуваат на долг рок што е убаво.. на краток рок сигурно е супер да си во врска со некој без самопочит и без свое јас.. ама на долг рок е мизерија

    Некои од нас се со долгогодишни врски зад нас и знаат што зборат..
    Не е кажано од памет.
    Ниедна врска нема да опстане со години ако во неа нема 2 индивидуалци... двајца со свои ставови, почит и свое јас..


    ...патем не те анализираме тебе, туку неправилноста на твоите ставови...
     
    На Tanjamm, Biljarkata, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Elf

    Elf Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.134
    Пол:
    Женски
    Абе види вака убаво е да чуеш различно мислење и совет ама мислам дека девојката си сфати каде и била грешката ,а не да и тупиш и дробиш на секој коментар шо ќе го искоментира и да и набиваш вина за тоа шо го направила како сите ние да не сме направиле никад грешка у животов ебате .. премногу критички.
     
  15. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Не знам дали сте ги надминале со оглед на тоа дека те гледам дека постојано на форумов како да бараш оправдување за шамар во врска.
    Значи се' уште те копка.
    А и дечко ти кажа дека не сака да разговарате веќе за тоа.
    Тоа не е решавање на проблем, туку туркање под тепих на истиот.
    Секако, не е мое да ти кажувам што да правите, но само ти упатувам на тоа да бидеш свесна дека проблемот се' уште ви стои.

    Знам дека минуваше и можеби се' уште минуваш низ тешки периоди дома и за тоа никако не си виновна.
    Но Танче, ти барем беше мила девојка која незадоволството од приватни случувања не го рефлектираше и на други... посебно не со насилство.
    Умееше да се избориш над се' со љубов и позитива.
    Барем јас таков вајб чувствував кога те читав порано.
    Ти посакувам да успееш да си го вратиш тој чувствителен дел од себеси.
    Не е слабост да имаш емпатија и сигурна сум дека го знаеш тоа, само ти треба потсетување. :)
     
    Последна измена: 17 февруари 2020
    На Someonespecial, JollyGirl, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.622
    Допаѓања:
    167.497
    Пол:
    Женски
    Сите прајме грешки и се носиме со нив. Не бараме оправдување и грешките да ги минимизираме. Да не се повторувам, потпишувам се Даст шо напиша. Подобро сама не можев да напишам.
     
    На JollyGirl, cresa-jagoda, candy.cane и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Elf

    Elf Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.134
    Пол:
    Женски
    Јас нигде не прочитав дека @Tan4ence бара да ја оправдате :rofl: не е ова чистилиште па да ги минимализираме* грешките/гревовите на некој шо бара совет .
     
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.622
    Допаѓања:
    167.497
    Пол:
    Женски
    Во тој случај добредојде, ќе има продолженија и ќе сфатиш се подобро.
     
    На Elf му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Не барам оправдување.
    Да згрешив, знам ама кога лично за мене се работи да бидам реална поинаку гледам на удрен шамар колку и да не треба.
    И што да разговара уште? Беше и помина, не знам што уште би се рекло.

    @Dust и ние не сме од вчера во врска. Знам како се осеќам до денес со него и знам како би се осеќала со друг спротивно од него.
     
    Последна измена: 17 февруари 2020
  20. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    @Tan4ence и да се тргне на страна шамарот, човек без самопочит е.. ништо.
    Замисли се себеси без самопочит. Да мислиш дека не вредиш, дека треба секој да те третира ко гомно, да дозволуваш партнерот да те вртка како сака. Не ти се допаѓа нели? Зошто би го сакала тоа од друг?
    Дечко ми се нервира кога ќе покажам малку несамодоверба и недостаток на самопочит. Не е убаво.
     
    На Tanjamm, Purplelilac, eliesaab и 10 други им се допаѓа ова.