Ако тој нема самопочит, знам на што сум. Нема и се знае како со таков. Ако има, не знам до каде ја има. Не знам што и колку го повредува, не знам како да се однесувам, не знам што и до каде толерира дали ситници или екстреми, не знам колку смеам да одлучувам јас за некои работи, не знам ни дали тој би ме повредил. А ако нема, го знам одговорот на сите. Лично за мене е полесно во таква врска.
Токму тоа е интересното у врската,полека да се запознавате и да гледаш што му смета што не,што сака што не сака и ред други работи. Човек без самопочит не е за добар за себе ко прво,а камоли за партнер. Ти се чудам на ова мајке ми,не те разбирам..
Сепак, секогаш ќе има нешто ново што ќе треба да го кажеш и направиш а не знаеш како ќе реагира, или пак некоја нова, непозната ситуација во врската. Поарно да сум на чисто.
Не можам да те разберам стварно. Во случајов ти сакаш дечкото да нема свој став за работите и да потпаѓа под туѓо влијание (во случајов под твое) и да прифаќа сè што ќе му кажат така? Или не го сфаќаш значењето на зборот.
Го разбирам значењето. И можеби не до толку како што опиша ама веројатно слично ќе да е веројатно. И не дека не си во право ти и другите ама јас лично за себе реков. Знам со каков можам да бидам, со каков не.
Да бе, сите што сме со партнери што имаат самопочит, немаме слобода како да се однесувме, само ти си слободна, ние не сме начисто
Успешно избегнувам шовинисти, религиозни проповедачи, циции,срамежливи, дволични луѓе, безгласни букви и вмровци.
Читам и не можам да поверувам дека си истата членка која порано беше мила и позитивна. Кои глупости се бе овие Танче? Каков е тој без самопочит? Некој што дозволува сите на глава да му се качат? Некој што за себе мисли дека е грд, одвратен, гомно, небитен? Со таков сакаш да си за и ти да имаш слобода да го понижуваш или удираш од време на време? Нели тој сам не се почитува па и ти шамарај го. Која мајка би воспитала таков син? Кои родители би сакале да го гледаат детето такво без самопочит? По се изгледа ти сакаш да си насилник во врската, што си сакаш да правиш, како сакаш да се понашаш, а тој нели без самопочит ќе ќути па дури и да го тепаш. Гомно е тој, што знае. Убаво ти пишаа оди земи мајмун, само не повредувај луѓе.
Проблемот со ваквиот маж е што утре некој друг (негов другар, мајка, татко и слично) може нешто да му каже против неговата партнерка, а тој дека не размислува со своја глава и нема самопочит ќе ја упропасти врската, па да, со ваков човек може само проблеми да се имаат, никако добра и квалитетна врска. За родител на дете, па ич не е пожелен, каква ли само порака ќе праќа.
Хаха, абе Прпл...На кого од нас (сите што ти лајкнале, вклучително и активните луѓе на форумов), не ни треба психолог/психијатар? Без навреда, десет години сум тука и кај сите имам увидено малку чудно однесување и став по одредени прашања. Ништо лично, не сакам никого да таргетирам и навредам, ама буквално секој од нас има фалинки, не е само Тане. Тане е само премногу отворена и јавно пишува за своите ,,демони" но што е со другите? Другите сме научени да криеме, пишуваме во метафора и закопуваме. Размисли зошто го пишувам ова, сите имаме недоследности Спојлер Особено младинава од 16 до 30 денес. R.I.P. Околу избегнување партнери, не сакам момци кои се агресивни, лицемерни, неверни и патријархални. Сешто е мило, добро и прекрасно може да влезе во живот, другото нека се рециклира надвор.
Не негирам дека на сите ни треба. Јас кога имав потреба минатава година отидов и не се срамам тоа да го кажам. Само кај Танче мислам дека е многу полошо штом доведува и до физичко насилство. А за тоа што од моите приватни случувања, моите мисли или чувства споделувам на форумов, апсолутно не чувствувам потреба да се оправдувам. Доволно е што сум била свесна кога ми било потребна помош да ја побарам на вистинското место, а не да барам утеха на форум. Поздрав и до тебе.
Не се работи за срам, туку се работи за ,,линч" и придавање значение на мислењата на Танче, иако истите ставови ги делат многу жени во вашата околина, а можеби не сте ниту свесни за тоа. Физичко насилство не одобрувам ниту јас, освен ако не е во самоодбрана. Никој не рече дека треба да се оправдуваш, само реков дека секој од нас се соочува со низа предизвици во животот кои не се ништо помалку симптоматични од оние на Танче. Кај некои вербално, кај некои физички. А неретко - комбинација од двете. Околу тоа со психолог, џабе советуваме. Луѓево денес не сакаат да инвестираат во своето ментално здравје, или едноставно ги мрзи да одат, им се живее со проблемите. Со сила убавина не бидува.
Не ја следиме ние Танче по темиве за да ја „линчуваме“. Самата пишува по доста теми каде бара оправдување за стореното. Оправдување не можам да најдам, но можам да ѝ понудам совет/мислење, секако ако е подготвена да го прифати. И за секоја личност која со физичко насилство ги решава проблемите го имам истиот став. Па за мене физичкото решавање на проблемите е многу посимптоматично од вербалното. И иако за тебе изгледа се исти, јас сметам дека едното има многу поголема потреба за психолог отколку другото.
Не ја бранам, но не гледам дека сме и понудиле некои многу конструктивни совети, освен ако не се рачуна она по десет пати повторено - оди на психолог или раскини. Очигледно е дека таа ниту двете опции не ги применува, а ние и понатаму даваме идентични ,,совети" без никаква разрешница. Како го заклучи тоа? Бидејки никаде не напишав такво нешто. Напротив, секој конфликт, без разлика каков е, ако не може да биде решен потребна е асистенција. Всушност, тие совети и психологот ќе ги даде. Патем, психологот не е магионичар. Тој може да понуди решение за проблемите, но ако за нив сам не си свесен, не може да ти ги реши.
А каков друг совет би бил поконструктивен од упатување дека потребна ѝ е стручна помош? Што друго да направиме? Да одиме и ние да разговараме со дечко ѝ за тоа што се случило? Ние да одиме и да ставиме крај на врската наместо неа? Ние да одиме на советување наместо неа? Не можам да ги направам нештата кои таа треба да ги стори за себе. Тоа што можам да го направам (конструктивен совет/критика), го правам. Останатото е на нејзината свест. Не гледам дека дискусијава води некаде, ниту пак сакам име на друга членка упорно да го развлекувам низ дописки, па затоа тука застанувам со одговори за истата.
Никаков на пример? Зошто буквално се што требаше, веќе ѝ е кажано. Секое потамошно цитирање на Танче, е фрлање зборови во бездна бидејки никого не слуша. Патем, фактот што не сме се соочиле со физичко насилство не значи дека сме помалку душевно оштетени или имаме помалку недоследности и фалинки. Вербалното насилство може повеќе да боли и од физичкото, и да остави силни траги. Форма на манифестација е различна, суштината иста.
@Purplelilac @Nigredo Odor јас стварно не побарав совет и не сакам да изгледам ко да сум за жалење. Зошто да менувам нешто кое ме прави среќна? Со сила не може психолог да ме натера да ми се допаѓа нешто кое не и се допаѓа. Има мажи кои не се ваш тип? Ама зборам што се карактерно океј, само не се ваш тип. Така и ова. Она што ме прави сигурна во таква врска е дека како што реков при криза ќе ја побара и вината во себе наместо само да се прави дека е жртва, а не дека јас сум некој си болен садист. Па и тоа што некој нема самопочит не значи дека јас ќе го злоупотребам до степен да го третирам ко ѓубре. Тоа што го прашав претходно во другата тема беше на друга тема и базирано на мислења кои и во живо ги имам чуено. Тоа што некои овде си искреираа црни сценарија бетер од хорор филм за тоа како јас се однесувам не е до толку мој проблем. Оти други ми рекле да одам да се лечам и зашто не сакам да имам деца или дека сум атеист. И кај кого е проблемот тука? Патем отсекогаш го имам овој став. Само сега ја пишав таа реченица за која се фатија сите и си направија цел филм. За други ништо не реков. Не реков одете со такви и такви партнери, или тепајте ги или не знам што па и немаше потреба од ај да не речам навреди, ама клевети за јас која сум и што сум. Лично знам што ме прави среќна и не гледам зашто да го менувам тоа што мене ми годи.
@Tan4ence Јас не креирам сценарија и не мислам дека си ,,за лечење". Само зачуди фактот што репетитивно ти ги даваат истите совети цело време, иако ниту еден немаш имплементирано. Мене не ми пречи што не си крајно коректна кон него, нив им пречи. Читај меѓу редови.
Не побара совет, ама побара мислење. Не си за жалење воопшто, јас попрво дечко ти би го жалела. Зошто да ја бара вината во себе ако тој не е крив? Премногу себично размислуваш, а врската треба да ви одговара на двајцата...да постои нормален пристап за проблеми, а не вакви испади и размислувања. Никој не ти кажува за лошо, ама стварно е греота да малтретираш некој кој те сака и не враќа со иста мера, а верувај да налеташ на таков ќе го бараш назад твојот
flawless, она си ги знае предностите и слабостите. Свесна е каде треба да се коригира, не треба дополнително да ја осудуваме или посакуваме да најде иден лош партнер. И нејзе и е криво, не сака да е така.