Не ми е целта да ја осудувам ниту и посакувам нешто полошо. Не сакам да ги цитирам дел од речениците кои ме разочараа и мене не ми изгледа дека сака да промени нешто бидејќи и одговара вака, јасно ми е дека и мојот совет нема да игра голема улога затоа не навлегувам во понатамошна дискусија.
Па зошто тогаш ги критикуваме машките што на жени гледаат како објект иако околу нас има такви? Зошто кога ќе каже некој дека го изневерува партнерот, се пишува дека не е во ред? Да можеби Танче не побара совет тука, ама на многу теми не се бараат совети, па се реплицира со (и)релевантни мислења. За советот за психолог, сосема е во право @Purplelilac. Само затоа што сме скоро сите за на психолог, не е грешно да се каже на некој дека треба да посети.
Кенди, комплицирано е и не би сакала овде да пишувам за проблемите на Танче. Те разбирам, меѓутоа ситуацијата е многу сложена, и мое искрено мислење е дека секогаш двете страни се одговорни за врската. Во случајот е нападната само Танче, што не мислам дека е крајно коректно со оглед на тоа дека не знаете каков е нејзиниот дечко. Можеби е навистина прекрасен, можеби не е. Доста со тој непотребен женски guilt trip.
Јас не ја нападнав за шамарот. Напротив, пишав мислење тргнувајќи го тоа настрана, затоа што темата е друга. Ама стварно не е во ред да сакаш било кој, а најмалку дечко со кој може ќе го помине цел живот, да нема самопочит.
Целава дискусија за Танче првично е од нејзината погрешна терминологоија,не мислеше на мажи со самопочит туку со големо его,барем така сфатив по муабетите,огромна е разликата.
Не, баш на самопочит мислев. Знам што е едниот поим, што другиот. Ама не планирам да се објаснувам повеќе. Не знам ни што разлика им прави тоа како се однесувам кон некој што не го ни познаваат.
Па толку време ни се одржа врската...да не беше во ред немаше да сме заедно одамна. Кој со кој сака нека биде во врска и брак и што и да е и не мора туѓи избори да критикувате.
Од фалбаџии/ки не можам да ги поднесам. Премногу се уфилмани, се мислат како којзнае што да се, а уствари се едно големо НИШТО. Од лицемерни, себични, недоверливи.. а во денешно време се повеќе ги има ваквите...
Бегам од: оние што мразат животни и природа, религиски фанатици, сексисти, расисти, конзервативни, насилници, обожаватели на теории на заговор, турбофолкери, луѓе што немаат ни општо познавање за работите, луѓе со комплекс на повисока вредност, луѓе што се замараат со политика и политички партии, плитки луѓе што зборуваат многу а не кажуваат ништо.
Од машки шо сакаат само секс и не ги интересира ништо друго; Помали од мене; Од тие шо пушат или се дрогират; Од машки коишто би се осмелиле да ме удрат, или не дај боже да ме силуваат
Мажи.... Што кажуваат мрсни вицеви, се праат нешто шо не се само да импресионираат некого, многу пцујат, постираат безобразни слики, слики со голи жени, лезбејки, ги фрлаат чорапите низ соба, хахах, се праат фраери ако имаат јака кола и тро фазла пари, од родителите де. Што сакаат само секс за една вечер и после се праат фраери, не ти прат муабет и не те познаваат. Наркомани, пушачи, неодговорни, нехумани, неморални.
Maчо типови, со сељачко однесување, невоспитани, нафурани без да знаат каде им е местото, неедуцирани, под влијание на нормите и стереотипите на општеството. Нестабилни, несовесни и не сестрани персони.
3 ипол години покасно, уште бегам од истиве... Плус од... НЕДОМАЌИНИ... Ќе видите кога ќе остарите и ќе сакате топол дом, мир и спокој.. сите ќе почнете да бегате од овој тип на мажи..а богами и жени
Isto potpolno.. .p.s Nema da bide loso da ja podcitnat temata.. zosto si mislat deka se mnogu jaki "mazista"