Од емоционални вампирки,од наметливи(ако ми се допаѓа може да е наметлива колку сака) и од токсични манипулаторки (освен ако не користи манипулации за да поттикне некоја страна или квалитет кај мене за кој мисли дека ми фали,а дека со неговото поседување би бил подобар човек и за себе и за неа) и од злобни,а глупи...Ако е паметна и злобна уште има надеж ама од овие глупи без предиспозиција да поумнеат,а злобни, тука нема лек...
Бегам од тоа што го препознавам кај себе, а ми пречи кај другите луѓе (и мажи и жени). И се обидувам да го променам тоа, зошто немам никаква моќ да го променам кај другите (и мажи и жени).
Прости, наиживеани, а тоа водии кон злоба, примитивни, што мора друг да спуштат за да се издегне нивната лажна самодоверба, непедантни, независни, во конфорна зона што се а најмногу ме нервираат луѓе кои несакаат животни и патувања со такви не се погодувам
Бегам од нечувствителни, незрели, тие што прифаќаат жени поради изгледот и бојата на косата и очите, тој да сака жена со плава коса и сини очи , а јас сум бринета и со кафеави очи и да не ме сака. Бегам од себични и од прости. И од тие што не сакаат миленичиња и што не сакаат природа.
Сезнајковци. Ја, ја, ја, мене, моите, ја, ја, ја тип на мажи. Инаетливи до мера да му крвари главата од мавање у ѕид ама сепак не попушта, јер его, пошо јакиот муж. И последно, али не и најнебитно, безосетни мушкарци. Ова води кон себичлук (не поднесувам) и ситуација по ситуација може да води кон голема грешка (ако не сфаќа што му се збори). И уште многу ствари ама ај, да не изгледа дека ќе си играм со вибратор до крај на животот.
Неамбициозни, џаболебари, мажи што немаат познавање во ништо освен социјални мрежи и фудбал, лигави, неодлучливи, непедантни...
Непедантни, злобни, важни и сезнајковци, неразбрани и негативни, од тие што те гледаат само од интерес и материјално и уште 1000 други причини.
Лајк за непедантни Јас избегнувам негативни личности и мажи и жени, бидејќи ми ја трошат мојата позитина енергија и ме цицаат како вампири.
Фалбаџија. Ок е до некоја мера да се полафиш, али не нонстоп Незрелите не ги спомнувам дека тие ми се групата на деца, а не на мажи
Од оние што мислат дека жената е само за дома, дека жената им е само за секс, дека жената нема право да биде еднаква со мажите, дека мажите се попаметни и поспособни од жените. Од сите што практикуваат машки шовинизам.
Нападни, гласни, наметливи, промискуитетни и флертаџики кои преживуваат со добивање на вниманието од секој маж, оние што често се трет член во врска или брак и во секоја жена гледаат ривал кој мора да го победат. Мислам ако збориме за нешто озбилно, за забава не бегам од нив