Од "мафиjаши" и мангупи низ градов.Од оние што гледаат само да те смуваат вечерта а два реда муабет незнаат да направат
Од мажи во кои нема никаква иднина. Од оние кои се пропадната инвестиција. Од оние кои немаат никакво образование, во ова време кога секој човек може да заврши факултет. Од мажи кои се без работа. Од оние мангупите, кои мислат дека светот се врти околу нив. Од оние кои имаат BMW и си мислат се кој знае што. Од мажи кои немаат никаква цел во животот. Од оние што немаат никаква почит кон жените. Од мажи кои ги малтретираат жените. Оние љубоморните. Оние кои имаат една девојка и уште 10 други истовремено. Од оние што се однесуваат мизерно со девојките пред другарите, а кога се сами е друга приказна. Итн, итн....
На такви очекувај да падне неискусна тинејџерка влезена во филм да е со бед бој и оние постарине кои, за жал, не мрднале умствено од тинејџерство. А буквално сите, е малку преостро тврдење. За „моиве“, практично сценарио. *седи во кафич од 12 до 20 часот и мљацка кафе или пиво* - Цуце, донеси уште едно за другарчево. *плаќа со 500ка* *иде друг другар, а тој го пречекува ко портир* - Кукле, дај навака уште едно. *плаќа со 500ка* *седи со девојка* *поминува некоја напукана* - Уффф...ццц... *се врти по неа ко да нема врат* *продолжува да ѝ зборува на девојката до него за тоа што би ѝ правел на таа која штотуку прошла и детално ѝ го анализира цел физикус* *ѝ нарачува пијалок, ама овојпат се прави дека нема пари* *од 20 до 23 часот оди дома и се пушта на која стигне по социјалниве мрежи, а потоа ги повторува истите сељачења од погоре во некоја дискотека или биртија* Епа, кожа ми се ежи кога некој нагласува дека е (самопрогласено) кул фраерче (кој глуп збор, јбт). Поздрав од Земјата, ако не сте веќе тинејџери, не ви личи. А врв на фраерчењето е фалбата колку легнал, колку книги не прочитал и колку филмови не изгледал. Вришти простотилак. Паразити, лицемери и манипулатори чија главна цел е само да бидат видени со „пријатели“ и „девојки“ кои ги гледаат ко трофеи и да се изгребат од кого стигнат. Ако е во врска и девојката погледне во некој дечко или барем во насока на некој дечко, прави сељачки драми и се дере на улица за да чуе секој. Лигуш што не знае леб да си исече и намачка со нешто, па чека мама да го послужи, а воедно мама му е и светото божество што го спомнува во секој муабет и без кое не може да прдне. Мама бре ќе те проверува дали имаш јадено, какано и дали си се бањал...побогу! Препотентен лигуш неспремен на компромис кој се прави петле и пол, а ведне глава при прва прилика кога треба да се соочи со нешто. Јас, јас...јас, мене, јас, јас... И најбитно - оние без почит или со замаскирана почит која излегува на површина кога си ги плукаат бившите ко да се најдолни ороспии и глупачи. Знам дека има опинки што се палат на тоа и им дава его буст дека се демек најдобри, ама јас утре не сакам да завршам на листата на таков ропак.
од мамини синчиња, лицемери, лажговци, фраеришта шо немаат ни Ф од фраери, фалбаџии, некои умислени шо глумат е*ачи, а највише оние шо се ептен спастрени (оние шо плачат одма кај мама зашто им се скршило ноктето) !
Фалбаџии (се фали во смисла имам вакви кола, таков телефон), глуми голем е**ч и постојано за секс зборува демек многу девојки легнал а тој во животот девојче не видел како што треба, некултурни што на секој збор навредува, пцува, понижува, и од мрзливци кои незнаат колку е 2 и 2 едвај осмо завршил а ми зборува за пари волку имал толку имал. Свашта.
Лажговци, фалбаџии, лицемери, мрзливи, самобендисани и слично. Ако збориме за физички изглед кога ќе видам некој со смкнати панталони мислиш во секој момент ќе му паднат ми се стемнува исто така со ланци, прстени, гривни, раскопчани кошули, некои си каиши и слично. А на фејсбук во заграда му стои бед бој, газда, маафака и слични глупи изрази.
Женкари Оние ѕвезди што симнуваат - ова ќе биде, она ќе биде, ее да знаеш што ќе направам за тебе.. абе да како не Фраерчиња што се НЕКОЈ И НЕШТО со парите на мама и тато Вулгарни Љубоморни Некултурни Сељачишта што креваат рака на женско Е од вакви ко од ѓавол бегам
Женскари, што се удвараат на секоја која носи сукња и за кои верноста е непознат поим, мрзливи - кои вечно мислат да бидат паразити на родителите, несериозни, болно љубоморни, алкохоличари и наркомани, себични и насилни - кои жените ги гледаат само како објекти.
Од такви какви што бегам такви само се лепат на мене е ајде де...Моментално не ми треба никој и тој што ќе нагази на мене тој ќе бега од мене
Од: -женкари (и оние што само висат со жени) -зјапачи (посебно кога зјапаат по секоја жена, ептем ми се сељаци) -мамини мази -повлечени, стегнати (разбирам скромност, ама ова е веќе кога А се плашат да речат) -скржави (кои се премногу скржави, и со кои таквиот живот би бил голем напор) -мангупи (кои изиграваат мангупи, а не дека се) -од набилдани (кои само пијат каши попари, а реално немаат ни сила, ни ништо, само надувани се како балон) -од несредени (ако се со здурнати панталони, стално мрсни во главата, како неискапени, и сл.) -од агресивни/насилни (во секое понашање) итн.
нападни, патетични, досадни, глупави, безобразни, некултурни, без цели во живот, без почит, фапбаџии, бесрамни, напнати....
Од какви не бегам е работава, те до таму е дојдено . Не знам, мислам од мамини мази нема полошо. Насилни типови, неспособњаковичи, женскароши, љубоморни фаци и сите подвидови на горенаведените видови