Самобендисани, кои не почитуваат туѓо мислење, тоа значи не мора да се сложуваш со истиот ама почитувај ја другата страна за она што се изјаснила. Не можам луѓе кои се себични и алчни до срж. Нарцисоидни, убаво е човек да има самодоверба, ама мора да постои јасна граница. Не може во се да си нај, нај, нај тоа веќе преминува во нешто друго.
Од мажи што само гледаат да најдат партнерка (ќе се пушта на едната, па на другата, па на третата и од сите ќе биде шутнат и после се прашува зошто ). Од мажи самибендисани, што мислат дека се најубави и сите жени паѓаат на нив, его до плафон, внимава само на изгледот, облеката, секогаш среден, налицкан, а прва и последна книга прочитана во прво одделение. Од мажи манипулатори. Од мажи што не почитуваат жени и мислат дека се над нив. Од мажи што не сакаат да напредуваат во животот. Од мажи со стереотипи и предрасуди. Од мажи мрзливи. Од мажи што одат во обложувалница.
1.Од упорни.Имаше еден твит ако ми се допаѓаш си упорен, ако не ми се допаѓаш си напорен. Па нека се пронајдат во која категорија се. 2. Од несофистицирани 3. Од тие што имаат некоја зависност, тоа се подразбира нели 4. Од тие што немаат никакво хоби или интерес за нешто 5. Од неуредни 6. Од тие што бараат да си цело време скоцкана фризура, шминка,нокти, а самиот не се капи секојдневно, не вежба, не внимава на исхрана... 7.И од такви како мене карактерно
Од сите мажи почнав да бегам, како што гледам све е сведено на к*рвалук денес. Секоја чест на некој 1% исклучоци кои не знам кај се кријат. Не сум лезбејка да напоменам, само избирам самотија пред некој да ми го уништува животот колку да не сум сама.
Бегам од жени кои не знаат да искажат чувства туку само од страна немо набљудуваат ситуација, бегам од жени кои ми играат игри, жени без карактер, без никакво хоби во животот, без никакво мото во животот. Толку.
Сепак ова е бегство од животот поради предпоставен страв од неуспешна врска кој не мора секогаш да е и оправдан.Со повлекувањето во сигурна кука или комфорна зона со осамување ти секако пропушташ многу ситуации и моменти кои можеби една од нив би била вистинската.Да не се затвараме за другите поради нечии лоши искуства или сопствени од поредходно.
Не е темата тоа да разглабаме сега тука ама еве ќе ти одговорам на муабетот, кога ќе ти се нанижат лоши искуства едно по едно и само наидуваш на лажни личности веќе немаш волја никого повеќе да запознаваш и сфаќаш дека е подобро сам. А и не само од мое искуство повеќе гледам и од туѓото околу мене, буквално шансите да најдеш искрена личност што не е сака само секс и да си тепа време се 1 во милион, ги гледам и паровите во врски од по неколку години си тераат ќеф на страна оти им здосадило со иста личност а животот сам по себе е многу тежок, секакви нешта се случуваат, болести, смрт па и да имаш личност која не ти е поддршка и си гледа само свое задоволство е стварно уништувачко. Тешко денес го има тоа не се цени љубов повеќе никој не ни сака нити бара љубов повеќе, нагонот надвладува. Затоа подобро е сам со себе отколку сам со некој друг!
Од глупи, ограничени емотивно и интелектуално, порано си бев наивка, сега се гледам како се однесува, какви обрасци на однесување има, како функционира со неговите, тоа е важно, навиките, сфаќањата.Понатаму дали работи, дали се надоградува. Дали манипулира, мали тестови.Ама колку и да ја сакаме личноста до нас, не смееме да дозволиме од заљубеност се да прогледуваме низ прсти, си држам до себе.
Не го потценувајте сексот,што ке ти некој кој не го сака тоа со тебе,сексот е добар индикатор за една здрава врска.Ова нема толку или само врска со тебе туку повеке општо.