Како стареам, се поголема ми е листата. Кога бев 20 некои работи не ми сметаа, сега ми сметаат. Мрзливи, невработени, неработници, џаболебари, што не одржуваат хигиена, а отвори уста сфаќаш дека последна прочитана книга му е Зоки Поки во 1 одделение, мамини синчиња... Можам до утре да набројувам ама ова дефинитивно кај маж во 30+ години највеќе ми смета. Да е необразован и без стабилна работа, несреден, запустен, врзан со мајка му со папочна врвца на 30+. Ужас, само на Балканот ова го има.
Бегам од мажи кои се расправат со жени, кои се неуредни, несредени и глупави, кои не се љубезни и фини, кои немаат никаква цел во животот.
Од жени кои што мислат дека се знаат и се прават изживеани, а подалеку од носот не гледаат, а ниту сакаат да погледнат. Што не си ги признаваат грешките и ги набедуваат другите за сопствените грешки, и што мислат дека светот постои само за нив а сите други нив да им служат. И очекуваат поради тоа што постојат се да оди во нивна полза а кога не оди да почнат да цимолат зашто тоа не е како што тие сакаат.
Од манастирски мачки. Најподмолните калаштури секогаш се прават најпобожни и најсвети. Нивната логика е извртена "Грешев што грешев, сега во црква ќе ги чистам гревовите."