Од жена која нема добри манири, некултурна, без осет, со лоша лична хигиена и без почит кон партнерот.
Најголем turn off кај жени ми е кога ќе ги видам средени, дотерани, се доближуваш до неа, смрди на цигари. Сакам да мирисаат убаво, да изгледаат чисто, тоа ми е многу важно, хигиената, ако хигиената е на слабо ниво, бегам. Физички не сум многу пребирлив за од нешто да бегам, само преферирам девојки со облини, поголеми бутови, секси ми е, кога ќе размислам сите бивши такви ми биле. Од карактерни особини бегам од шмизли, девојки што не читаат книги и се со слаб речник, прости, нарциси, манипулаторки.
Od onakvi sto nemaat recnik , znaci bukvalno koga gledam kako se izrazuva so nekoj prost recnik od start mi e odbiven...od onakvi sto osven za sex za drugo muabet neznaat da pravat ,od macho man , od takvi sto epten navaluvaat dosadni, od nasilni ,od falbadzii , od mamini sincinja, od nesredeni i so losa higiena ....
Od prosti mazi koi mislat deka se pametni,a voopsto ni gram mozok u glava,i prepotentni i gordi ,deka ako ne e toj nemoze nikoj da bide bljakkkkk
Исто ова само кај мене стави маж. Значи ако не што не поднесувам тоа е мирис на цигари, на алкохол од здив на лук и кромид.. Значи дотеран стокмен среден се, се доближуваш до него и паѓаш у несвест од реата околу него. Па уште да треба да се бацам со таков? Бљак!!! Исто и мљацкање додека се јаде. Карактерно: Мамини синови, очајни мажи за женење, Балкански типоови..
Што не се елоквентни и не знаат два реда муабет да сврзат. Во превод глупави. Или од оние кои немате апсолутно никаква конекција во живо ти се обраќаат со срц, срце. Гадничко така малце. И тако даље..
Од самобендисани мажи што секоја реченица им почнува со јас, неработници, безделници, од оние мажи што се замислуваат мачо, а една сложена реченица не знаат да состават, од оние кога одите на прв дејт почнуваат да се обраќаат со маче, срце, муце.....оние што го џвакаат лајчето од кафето, оние што се лигаат по цел ден со едно кафе во кафич, напумпани со стероиди, се силат со колите и возат со 80 во населено место демек да се покажат колку се јаки...воглавно од добри 85%од машката популација
Сум избегала фала богу од мамино синче, нарцис, кој што не можеше да прдне без татко му и мајка му, недоодгледан, поддржан финансиски од двете страни, разгален, што не го биваше за ниедна работа, што само он си постои во светот, ист како татко му, љубоморен и што седи на 100 столици истовремено, дрогираш занесувајќи се дека никој не е како него со услов - Пази што правиш, нема да најдеш човек како мене. И стварно не најдов, за среќа не постои уште еден како него, недај боже никому..