Од мамини мази, од фраери кои глумат мангупи со парите на тато и мама, егоисти, мрзливи и неамбициозни. Не можам да се замислам со некој кој нема никакви амбиции во животот, за мене понекогаш амбициите се оние кои ме одржуваат во позитивно расположение и ни под точка разно не би можела да се замислам до некој кој е до толку незаинтересиран за својата иднина и чека некој друг да му реши битни прашања во животот.
Слично привлекува слично, без оглед на пол и меѓусебни односи (пријателски, емотивни, колегијални). Факт е дека можам да се пронајдам покрај некој што е сличен на мене. Меѓусебното надополнување отвора можности за добра комуникација, дружење, зеднички интереси, цели и успеси. Спротивно од ова, самобендисани, завидливи и алчни личности се надвор од мојот домен за оставрување на некакви поблиски контакти.
Od pijani anesteziolozi.. More aj sto cudno se seta naokolu tuku kako mu dozvoluvaat taka na operacija? Sala na strana ne begam nit sum begala.Toa sto na sekogo mu go mislam mu go kazuvam pa ne mu preostanuva nisto osven sam da se povlece.Nema zosto da mu glumam kurtoazija so zaobikolki za da ne dojde posle da treba da se bega. Sum imala vo svoeto opkruzuvanje devojki na koi nekoi decki em ne im se dopagaat em ne planiraat nisto so niv ama gi drzat pod racna kolku da tepat vreme.Potoa doagalo do situacija za da treba da begaat i da se zalat od "dosadniot" "napadniot".. Istoto vazi i za zenite"prijatelki"..Dokolku sum sigurna deka necie opkruzuvanje mi e od iks pricini neprijatno naogam nacin da dadam do znaenje deka ne mi se dopaga i se drzam na distanca. Vestacki prijatelstva ne priznavam.
Бегам од намќорести жени кои до пладне се мразат самите себе а од пладне цел свет. Навистина несакам намќори кои незнаат шала, кои во се се наогаат навредени, несакам жени кои се млитави на кои им треба пола саат да станат а уште пола додека почнат да се движат, сакам енергични жени и во физичка и психичка смисла. Сакам жени кои знаат да ти кажат во кратки црти а не жени кои детализираат и небитни работи..... Несакам жени со ниски морални вредности, жени кои имаат потреба да те убедуваат дека се они во суштина верни ама ете ради тебе одлепиле, Сакам нормални жени без некои посебни барања во физичка смисла но битно да се уредни, да водат грижа за себе,.... Но најмногу бегам од намќори, кои незнаат да се смеат и на кои се им пречи.
На толку енергичност Далеронке, само глув и слеп може да седи до тебе. Ма мака им е што не можат да те пратат
Море шлихтање, мене ми падна незгодно и ми се зацрвија образите. баш вака се кријам додека го читам ова Најмногу што мразам и бегам е тип на жени кои немаат свое јас.
Последниов период како некој магнет бев за помали од мене и зафатени мажи... Лудила, одвај глава кренав! Значи, прво од такви бегам - помали од мене и зафатени... Потоа од мажи кои имаат пороци, ограничени и неспособни, искомплексирани, без цели и амбиции во животот, без манири и култура... Женкари и болно љубоморни... Мамини синчиња... Но, најмногу се ежам од прости и вулгарни мажи...
Од прости кои не знаат два збора да сврзат и се смешкаат онака глупаво на секој муабет , од нечисти мажи кои пред да излезат заборавиле да стават антиперспирант и кога ќе кренат мишка е лошо по околината од онакви кои се фалат дека се најдобри фраери во град
Прво од момци кои не ме привлекуваат доволно физички (да не се лажеме ако не ми се допаѓа нема смисла да губиме време бидејќи секако не бива ништо) Инаку момци кои незнаат да комуницираат со девојка, мрзливци, депресивци и личности без свое јас кои чекаат мама или другарите да им кажат што да прават
Од маж што ти вика дека сака да се ожени со невина, зошто само тие биле чесни... wtf Од маж што е агресивен Од маж што попрво би оговарал колку некоја типка е јака, од колку да земи да прави нешто корисно
Бегам од жени кои се саможивни и мислат дека нивното мислење е најточно на целиот свет и не ни даваат можност да го искажеш својот личен став, а доколку го искажеш константно те контрираат. "Слушај јас да ти кажам" им е секоја втора реченица како во нив да се има насобрано искуството од целиот универзум. Или тип на девојки кои на лик личат дека мравка не би згазнале а всушност се тешки лицемерки. Бегам од мажи кои се коцкаат, примаат наркотици или се хронични алкохоличари. Исто од мажи кои делуваат премногу нападно и агресивно.