Женско сум . Се согласувам со тебе, има многу машки спонзоруши, бившиот маж ми беше таков. Интересно кај овие машкиве спонзоруши ми е шо лижат газ на било кој богат човек шо ќе го сретнат. Одма си го менат карактерот, се понашат другчие... . Дури смешно ми е.
Од каде ли ги бие толку лош глас и женските и машките спонзоруши баш искрени луѓе, кој ќе се замара по сообраќај и работа од 8-16ч во гужвите, подобро тоа време да се искористи по кафиња и ручеци
Не сме бе, ама за да "бегаш" од спонзоруши, треба прво да имаш со што да ги спонзорираш Вака, од што би бегал, кога секако те нејќат, нели? Еј, јас им викам секоја чест. Поискрени се него "скромниве". Сакаш да ти бидам 24/7 пицната и лицната, окси, плати па клати, шо
Не тролам, муабетот е дека некој рандом Стојко што и да сака да најде спонзоруша не може, затоа што е рандом Стојко, филозофира како ги нејќе спонзорушите оти за пари ќе го сакале. За кои пари? Наследената детска соба, бмв од 2005, накит од нерѓосувачки челик? Видиш, ваков и да сака спонзоруша нема да ја привлече. Само е смешно што повеќето мажи мислат дека некоја сака да ги искористи, а уствари нема за што да ве искористиме, да платиш пијачка на девојка е култура, и таа да ти плати на тебе. Работи кои секој маж треба да ги прави за жената се "спонзорства", а уствари вистинските спонзоруши и нивните дечковци си се во многу искрена врска.
Или некоја рандом Весна што го продава своето тело за некоја илјадарка плус од некое чиче да ја излупа надевајќи се дека брзо ќе сврши, пошто никогаш немал секс итн. Можам да ја терам темава во небулозни хипотетички приказни до немај каде. А општо земено, материјалистите ми се многу тажни лица, лица без особина/способност да осетат нешто повеќе во животот освен задоволството од како да дојдат на најлесен начин до пари.
Ти зборуваш за проституција, јас зборувам за нешто друго. Не навлегувам дали јас оправдувам или не оправдувам, само е СМЕШНО колку мажи мислат дека сакаме да ги искористиме, кога во реалноста НЕМААТ што да искористиме.
Реално еве кога зборуваме безобразни и неморални работи, на крајот на краиштата мажите само едно нешто сакаат и ги мотивира, а то е вагината. Така да дали проституција, дали ескортна дама или како сакаш наречи ја на крајот на завршниот чин секогаш завршува со задоволување на сексуални потреби.
Ни проститција, ни ескортна дама, збориме за жени кои се во долги врски/бракови ради парите на типот и тој го знае тоа. Не проаѓа кај неа скромен, но од срце поклон, на пример Како може да бега некој од ваква кога таа не го ни брка?
Па кога ќе подразмислиме и тоа е еден вид индиректна долгорочна проституција или модерно кажано брак од интерес.
Ками, @CameliaMiller, тролчице една. Бегам од луге кои многу зборуваат, мелат такоречи во монолог. Логореата ми тенчи живци, и ми губи време, и оти е "некоректно" да им речеш "скрати, преџи на ствар или прати мејл" смислувам јадна јадни изговори за да ги прекинам..а во мислите избегана веќе усвет фатена.
Па буквално секој брак е од интерес, секој однос е од интерес - и тогаш кога нема материјални добра вклучени. Интерес е задоволување на некоја потреба, само зависи со кои очила ќе гледаме кон однесувањето на луѓето и каков морален суд врз основа на тоа ќе носиме Секој можен однос меѓу две лица во средина ИМА интерес. И тоа не е нужно лоша карактеристика, или искривени вредности, туку е ТРАНСАКЦИЈА, односно и јас и другарка ми го имаме тој однос првенствено затоа што имаме потреба една од друга (блискост, посветеност, поддршка... итн) - социјално се поврзуваме сите и тоа е интерес - не можеме сами со себе, нели? И не е “модерно“ брак од интерес инаку, бракот од интерес е првата форма на брак која е забележана во историјата, модерно е било кој слепо да прибереш оти ама го сакаш Пак ќе кажам, овие луѓе имаат поискрен однос него многумина кои, наводно, имаат “вистински“, “прави“ вредности.