Ками, @CameliaMiller, тролчице една. Бегам од луге кои многу зборуваат, мелат такоречи во монолог. Логореата ми тенчи живци, и ми губи време, и оти е "некоректно" да им речеш "скрати, преџи на ствар или прати мејл" смислувам јадна јадни изговори за да ги прекинам..а во мислите избегана веќе усвет фатена.
Па буквално секој брак е од интерес, секој однос е од интерес - и тогаш кога нема материјални добра вклучени. Интерес е задоволување на некоја потреба, само зависи со кои очила ќе гледаме кон однесувањето на луѓето и каков морален суд врз основа на тоа ќе носиме Секој можен однос меѓу две лица во средина ИМА интерес. И тоа не е нужно лоша карактеристика, или искривени вредности, туку е ТРАНСАКЦИЈА, односно и јас и другарка ми го имаме тој однос првенствено затоа што имаме потреба една од друга (блискост, посветеност, поддршка... итн) - социјално се поврзуваме сите и тоа е интерес - не можеме сами со себе, нели? И не е “модерно“ брак од интерес инаку, бракот од интерес е првата форма на брак која е забележана во историјата, модерно е било кој слепо да прибереш оти ама го сакаш Пак ќе кажам, овие луѓе имаат поискрен однос него многумина кои, наводно, имаат “вистински“, “прави“ вредности.
Брак од интерес било кога жената ќе земе ситуиран маж. Ама мажот кога ќе земе жена само да му готви, чисти, пегла, да му слугува по дома, да му служи само како секс играчка, тогаш тоа се вика дека не е брак од интерес туку брак од љубов. А 80 посто од браковите се такви во Мк. Ах бе жени, жени....
Тоа е од љубов, знаеш, ние од љубов треба да сакаме да се кичмиме по дома, а тој колку донесе - донесе Не се свесни маживе денешни колку се среќни и колку ниски стандарди имаме (и нашите семејства) во однос на тоа колку треба да придонесуваат тие. Многу се силни вака, ама прво нека се прашаат дали можат сами, без да работи жената воопшто, сите потреби да ги задоволат за семејството, после нека млатат слама за спонзоруши. Ако не можат жена која не е спонзоруша туку домаќинка да издржуваат и деца, спонзорушите им се далеку од досег
Gledam mazive gi mnozis so 0. A vaka liberalna si samo za raboti sho ti odgovaraat primer se da e pola pola osven toa samo da e sposoben da te odrzhuva tebe?
Не го збори она тоа. Туку збори за мажите шо се жалат од спонзоруши а немаат пари ни за основните потреби за дома.
Никој не ме издржува мене, сама се издржувам. И жена и маж и среден род сум си. Затоа и бирам да бидам сама, за жал не сум наишла на некој локален да знае да игра со отворени карти на маса и без лигавење, или да пробува да ми изиграва глава на куќа, а вода во очи нема. Стара сум за такви работи
Bravos za tebe, posto od vcera po pisuvanjeto imav malce poinakva slika iako se nadevav deka trolas, sea vdjce imam slika na obrazovana intelektualna so sama za sebe mozi da se grizi i bara mazh na tvoj ili povisoko nivo. Sea pocnuva da ima smisla seto ova.
Брак чисто за материјален интерес кај што има огромна разлика во финансиската моќ секогаш ќе биде патријархален производ. Како и да свртиш, како и да кажеш дека е исто со било која друга транскација, не е. Поддршката која им ја нудиш на другарките и ја бараш за возврат е основа на еден меѓучовечки однос и е нормално очекување, гледањето на другите суштества како стока која може да се купи? Не баш. Да бидам јасна, не ми е жал за мажи кои се во минус на сметка ама се параноични дека некој ги искористува, туку не мислам дека треба да се охрабрува и да се гледа позитивно на ставање на жените во оваа позиција, бидејќи е одење неколку чекори назад.
Апсолутно се согласувам со тебе и не коментирав никаде лични сфаќања за таквите избори или “избори“, туку да расчистиме што поточно ни смета - дали тоа што таму некоја не живее соодветно за нашите морални стандарди, дали тоа што не можеме да ја имаме, па затоа „не чини“? Поентата ми е дека тие луѓе (спонзоруши и спонзори, и обратно, не дека нема) живеат многу искрено со своите избори зошто се еден со друг. И не, нема грдиот богат Стојко да ме сака мене ваква неналицкана, ама имам добра душа, па преглупо е да кажам дека бегам од спонзори, кога не ме ни бркаат спонзориве па да бегам Моралниот суд не е мој да го носам, иако се согласувам со тебе, теоретски, во пракса не можам да речам дека ќе ѝ било подобро на некоја (барем од оние кои ги знам) да одберела друг пат, сепак не сме во земја која нуди доволно можности ниту за луѓе со подобра почетна позиција, а не па за некои кои се социјално ранливи. Знам и јас што треба, но тоа не се прави, па одбивам да им морализирам за феминистички сфаќања кога едноставно не сум ги носела нивните чевли и не сум била можеби принудена да ги направам нивните “избори“.
kolku ti trebaat? Zaso na prašanje so prašanje odgovaras? Samata velis stara si za nekoi raboti, i zatoa sakav da znam kolku godini e spored tebe stara, nisto poveke
Не би рекол дека е така. Паметните жени секогаш ги вртат глупите мажи околу прст. Ако некоја жена била доволно способна да се омажи за некој финански надмоќен, пред светот можеби не, но во домашна атмосфера секако ќе царува. А љубоморните ќе викаат дека е спонзоруша
Не се работи тука секогаш за глупавост, понекогаш е во прашање заблуда, дека ако и овозможиш на некоја личност многу од финансиски аспект дека таа ќе ти пружи вистинска љубов и внимание. Ова се однесува за двата пола. На крајот остануваат и без да почувствуваат љубов и без парите.