Мене па ми е врло секси мирисот на цигара измешан со машки парфем, сите мажи ми биле пушачи, иако јас сум закоравен непушач. Доволно е да се почитува заедничкиот простор, редовно да се одржува хигиена и нема посебни проблеми. Запамтете дека тоа е состојба што низ годините може да се смени, или пак постојат луѓе што сакаат да запалат цигара уз кафе или после ручек, или после секс. Навика, како што има секој од нас, така да не би одбила никого зашто пуши/јаде месо/пие/игра спортска (овие мене ми се далеку поголеми ред флегс)/бинџа серии/слуша глупа музика/и додади по желба, иако ова се све работи во кои јас ич не уживам и не ги правам. Карактерот и погледот кон светот и животот се најбитни. Може некој да мириса на темјанушка, а да е скапано у душа, џабе му е што не пуши.
Мене ми смета пијач на алкохол - затоа што јас не пијам. Мирис на било каков алкохол и не можам да го бацам, а не па да спие до мене и да ми дише и да ми мириса Секој со преференците де
Зашто превоспитување? Колку години имате? Кој шо сака нека прави, мажи и жени сме седум накај осум милијарди на планетава, не мора никој никого да моделира.
Не тоа е, twisted љубомора и контрола врз другиот. Мислев дека само му сугерираш дека можеби е подобро да прекини да пуши, ама ти изгледа сакаш да го моделираш како што ти одговара тебе.
Јас не сум пушач, мм пушач е. Кој од кого да бега? Од тоа што бегаш тоа ти доаѓа, и јас многу мразев пушачи, ама ми дојде таков.
Јас сум хард кор непушач, блиска и подалечна фамилија непушачи, другарки, другари непушачи. Еден од битните работи кај дечко, ми било да е непушач, арно ама судбината имала друг план, мм е страствен пушач. Кога ќе засакаш некого го прифаќаш со сите негови доблести и маани.
Ти па што си се запнала во него? Најди си некој непушач. Ако си ти таа што си на профилнава слика...Сигурно имаш многу избор.
Ми пречи, внатре пушење никако, не дозволувам. Штом до сега не пропушив нема никогаш, одвратни ми се.
Ама во што си заљубена, во некој што дозволува да го превоспитуваат, што ужива во тоа или во моќта на успешноста на превоспитувањето? Легитимно е човек да се менува, ама вака кажано звучи како да манипулирам некого да пропуши за да ја заслужи мојата љубов (и дополни по желба). Вие си знаете, зрели индивидуи сте.
Повеќе мислев на миризбата на маж ти од цигарите. Пример ќе се гушнете и баците, а притоа ќе корне на цигари. Така на пример не ти пречи?
Хаха, па ми пречи, ама не може да се одвикне, не знам, не ги разбирам пушачиве. На хемиско перење внатрешно. И кога одиме на гости кај што се пуши алиштата ми корнат на цигари и одма на перење. Сега па и по ресторани и кафичи се пуши, а што убаво беше кога не се пушеше.
Мене ептен многу ми пречи. Дома се расправам со моите, а исто и со некои другари што ми пушат во моја близина. Излегувам само во кафичи и ресторани кај што не се пуши, мада малку се тие. За алиштата што се усмрдуваат, друга прича. Море нека им ги направат цигарите 300 денари. Па да ги видам после дали ќе пушат.
Да не одиме оф топик, ама и 1.000 ден да биде една кутија пак ќе пушат. Да, за алишта ќе се исперат, ама и ние непушачите се труеме во близина на пушачите. И надвор кога пуши некој чадот ми смета, не па внатре.
Каква љубомора двајцата бевме еден за друг и трениравме и згодни и се ама еден мораше да прекрши правило. Потешко е да се остават цигари отколку некој да пропуши.
Моментално бегам од секакви, ѕидот на анксиозноста и да се себе заштитам, оти како човек сум како сунгер примам секакви работи најчесто ми се доверуваат луѓето и после мене ми влијаат, најдобро ми е сам..