емоционално несозреани кои се уште се у тинејџ фаза возрасен маж да се понаша ко 13 годишна тинејџерка срамота е истото и за жени го мислам
Од традиционални мажи, со застарени размислувања што немаат почит кон жените.. Мразам традиционални мажи.. За мене прав маж е оној кој овие мажи го критикува и го нарекуваат "феминизиран маж", многу повеќе сакам маж што е нежен кон мене, што знае како со мене, што ќе ме подржи и знае да покаже емоции.. Тоа е прав маж не е "феминизирн", само многу подобро знае како со жена.
Како што спомна членката погоре се согласувам 100%. Прво прашање им е дали знаеш да готвиш, дали сакаш деца итн. Буквално се чувствувам како објект што треба да исполнува одредена улога. Работи како "лични граници", "автономија", "хобија" и мал милион други нешта се научна фантастика и превисоко его, а не лична преференца и критериуми. Најјако од се, ваквите уште мислат дека ако бидат емоционално стабилни (читај потискаат емоции) така покажуваат стамина и зрелост хаххаха. Се водат според правила наметнати од општеството дека мажот прв треба да покажи сексуален интерес, дека жената нема право да ја покажи сопствената сексуалност, бидејќи таа е прифатлива само кога нему му се сака. Невиноста ја претпочитаат и мислат дека можат некоја да ја оформат да им се потчинува само нив и да ја "научат" како в кревет. Sorry to break it down for you, ама нема тука што да се учи ако двете страни еднакво се привлекуваат меѓу себе. И најбитното, ако речиш "не" тоа се сфаќа како "пробај појако". Да, јас постојам за да правам деца, не за да се чувствувам исполнето и среќно во животот.
Ај ќе ти искоментирам прво за втората реченица. Иако јас никогаш не сум барал таква жена/девојка и не сум ја прашувал дали знае да готви, сепак многу е битно да го знае тоа, но е е којзнае што па и да не знае да готви. Ќе се искалеми со годините и ќе научи. Па и јас не знаев едно јајце да спржам, па сега и компир манџа знам да направам. Не се замарајте многу со такви прашања ако ве прашуваат. Вистински маж ќе ја научи девојка му да готви или ќе и ги даде реџептите од тефтерот на баба му, па заедно ќе учат. Јас ако ти кажам што све друго знам да правам, ќе паднеш у несвест. А ќе речеш женски работи. Но не. Јас не ги делам работите на женски и машки работи. Знам да перам, пеглам, да пружам алишта, за зготвам нешто, сам да се одржувам. Но како што викате, не се сите мажи исти, а за многу девојки ваквите мажи се предност. Не дека се фалам, ама треба сите мажи да ги знаат и женските работи околу домаќинството, но и жените да знаат по нешто.
Како да не се замарам со вакви прашања ако тој има муда да праша? Мислам ова за било кое прашање. Јас многу сакам да готвам, јадам лајна дека моето место е „в кујна“. Ама, ако на дејт, особено рано во дејтингот ме праша тој пред мене дали знам да готвам, шо знам да готвам, мајка му шо му праела дома и дали јас ќе готвам цело време или дека има очекување дека јас ќе готвам цело време - мех. Готвење за некој е мој начин да искажам љубов, ама ова прај да се осеќам како да сум на интервју за куќна помошничка. Дозволи ми да те сакам за да можам ова да го прам за тебе. Ова се важни работи да се зборат, како би го одржувале домот заедно. Ама, то оди од ко ќе се запознајме како луѓе и од ко ќе видиме дали кликаме како луѓе. Па после гледаме кој во која улога и активност се наоѓа and so on. Од една страна велиш прав маж не се замара, од друга страна да не сме се замарале со такви прашања. Епа ај, прав маж сакаме покрај себе. Нека не прашва. Он топик, бегам од конзервативни и бегам од униформирани. Имам страшна предрасуда кон џандари, војници, обезбедување и сите тие „поагресивни“ професии каде со многу врски се испреплеткани и навикнати да добиваат се ради значката. Особено бегам од овие професии кои не се обични смртници туку добиле некоја промоција па се сега на позиција.
манипулатори, мамини синчиња, нарциси, контролори шо изолираат, и од оние кои не ја преболеле поранешната врска