Од коцкари и алкохоличари бегам ко ѓавол од крст. Следно на список ми се оние кои не ти даваат збор оти тие се‘ знаат, а ти им служиш само за да бидеш нивната „поубава“ половина. Згора на тоа, ако подзаборавиш некое влакно одма мани ти наоѓаат, а фактот што го мрзело брадата да ја бричи (иако му е преостра, а тебе кожата ненормално чувствителна) не се важи. За крај, бегам и од недозреани, такви кои не сфаќаат колку е серизно нештото (кога е, се разбира), од љубоморни, посесивни и од дискриминирачи на жени.
Од самобендисани мажи кои се убедени дека знаат се и дека се најубави, а освен тоа шо не и изглеат така добро не знаат ни два реда муабет да сврзат па едина реченица шо ја користат е ,,Шо ти е тебе, не е тоа така,, ... Недозреани, шо се понашаат као деца иако одамна им се поминати и тинејџерските години Фраери (читај сеЉаци) кои се прават дека се некои фаци а всушност само се глупираат.
Мразам хилигани,имам многу лошо искуство со нив.Али само они ме привлекуваат.Јас сум виовна,секогаш викам ќе стојам на страна од такви машки но,повторно и повторно трчам по нив.
леле од прости луѓе најмногу, на кој начин да им објаснуваш си разбираат како нив им одговара... исто така и од негативци само што се жалат и никогаш не се срекни и задоволни...
Мaжи штo сњ фaлaт oвa имaле,oвa мoжеле дa нaпрaвa,тaкви штo сњ зaнесувaт кo јaјце нa кривинa a не ги бидвa зa ништo.. Не сaкaм кoнтaкти сo бoлнo љубoмoрни зенскaри,пијaници..
Бивши Шaлa нaстрaнa. Бегaм oд фaлбaџии, секoј штo ќе ми се претстaви кaкo сoвршенo дoбaр и пoвреден oд oние нa кoи им пoмoгнaл, a всушнoст никoгaш не е тaкa и oд нaпoрни типци штo не се рaзбирaaт oд не.
Бегам од материјалистки на кои најважно им е каква кола возиш, колку стана или куќи имаш, колку заработуваш...
Бегам од луѓе без културни манири. Мразам намќорести и самобендисани луѓе, и таквите подалеку од мене. Бегам од луѓе кои сакаат да се центар на внимание и луѓе што зборат прегласно. Премногу ме иритираат женски што се смеат гласно и хистерчино, онака за сите да ги чујат...
Бегам од мажи женкари, без карактер,со претеризми за нешто заработено од нивните родители, лажговци,самобендисани,озборувачи на бивши женски(ако за неа зборува лошо и затебе истото ќе го зборува кога ќе раскинете),од т.н "фраери" во друштвата и сл. Бегам од женски кои ми шират лоша енергија, лицемерки,премногу озборувачки (за женски е нормално до некаден да озборуваат ама премногу секаде штети) , премногу оптеретени со нивните бивши и на нивните бивши сегашните партнерки, премногу љубоморни и оние ептен материјалистките.
Прво да кажам од какви жени бегам (и во реален и во виртуелен живот). Бегам од жени кои цело време кукумјавчат, а се' им е по таман. Во стил, „лелееее, ништо не учев, само гледав во книга, па ова ми беше, па она ми беше, ако воопшто положам ќе биде добро“ и после ги гледаш 10-ка добиваат (ова постар пример, колку за илустрација, а има примена и за други работи во животот). Немам јас ништо против ти да си успешна, да имаш финансии и се', ама мислам дека е лицемерно да ме гледаш во лице и да ми го зборуваш спротивното, колку само да се жалиш. Не знам што им е поентата на ваквите жени? Да бидат сожалувани, да бидат жртви, да не се двојат од средината? Не сфаќам. Исто така бегам од жени кои се дрски и безобразни и сметаат дека само тие се во право и се' знаат, наметнувајќи го својот став. Мислам дека за се' постои добар начин. Ако некој ми е напорен и сака да се натега и да биде најгласен - немам намера да се замарам со него и се тргнувам на страна од ваквите жени. Не знам дали бегам од некој вид на мажи. Женкари и без тоа не сакам, а не сакам ни да се дружам со некои кои ми имаат малку манијакални афинитети. Во суштина, со машките кои ги познавам комуницирам без проблем и не се сеќавам дека бегам од некого. Во животов сум бегала само од додворувачи кои не сакаат да ми се откачат, а немам веќе начини да им укажам дека не ги делам истите симпатии. Генерално бегам само од жени.
Aрогантни, озборувачки, радознали, девојки што ќе направат се за да бидат во центар на внимание, намќори и најважно, материјалисти. Ако немаш Мерцедес и куќа на три спрата, грд си.
Тоа со еден збор се вика с-п-о-н-з-о-р-у-ш-и. Исто бегам од такви пошто не те гледаат како човек и карактер, туку како непресушен банкомат! Не дека немам пари да ги наранам спонзорушите, но нема да си дозволам да испаднам таков мајмун како што гледам ги има некои и фрлаат ли пари фрлаат само за да некоја “убавица“ биде до нив пошто кога ќе секне кешот и неа ќе ја снема. Љубов купена и одржувана со пари не е љубов! Бегам и од напорни и посесивни девојки кои ќе ти се јавуваат на секои 10-15 минути и ќе те гњават најмалку толку време. Бегам од негативни и депресивни девојки! Бегам од жени кои не те запознале, а веќе оформиле мислење и суд за тебе. Бегам од жени кои смениле многу партнери или имале историја на неверства. Бегам од нестабилни и лабилни жени! Бегам од многу жени... но подобо уште во старт отколку после главата да си ја кршам од ѕид или па не дај боже да се разведувам. Која жена ќе го помине мојот филтер... честитам може да ужива во љубовта и богатството со мене!
@NightBreaker супер кажано.Се надевам дека го применуваш ова и во пракса, со оглед на тоа дека многумина бараат трофеи. И жал ми е што вакви времиња дојдоа, а уште повеќе што мојата ќерка уште неколку години ќе почне да излегува.И кога ќе прочитам по некои теми, какви интереси, мислења и ставови имаат девојчиња на 13 годишна возраст, ми се крева коса на главата.
Фала. Да, најискрено го применувам филтерот што го имам креирано и секој ден го надградувам/проширувам/усовршувам. Нормално... никогаш не осудувам некоја жена во старт се додека не ја запознаам подобро, но порано или подоцна си испливува на површина таа особина што сака да ја скрие од мене. За мене не е доволно некоја жена да има само добра... фигура, туку мора освен стегнатото газе да може да покаже повеќе. Епа @Gea ќе си ја варкаш и контролираш ќерка ти не знам што да ти кажам, период на тинејџерство знаеш како е... децата се желни за експериментирање и нормално дека само физички изглед и сексапил им е важен ништо друго. Убаво ќе ја стегнеш и без она да знае ќе ја држиш на мониторинг и контрола.
Од безобразни, од коцкари, од напорни, недообразовани, инаети со кои не можеш да излезеш на крај, насилници итн.