Господ да ме чува од оние жени и девојчиња што се шлакаат со туш за очи како луди,а незнаат како правилно и убаво да нанесат
Бегам од така наречени „фраери“ бидејќи тие се како со рок на траење, не сакам лигајнчари, љубоморни, женкари
Од досадни што се ко по шаблон праени. Луѓе кои немаат никакви реални интереси, туку им се свиѓа тоа што на мнозинството им се свиѓа. Пошо ако на мнозинството им се свиѓа, мора да е добро. Тоа се претежно луѓе подложни на влијанија, на кој шо им го читаш капацитетот и речиси можеш да го предвидиш разговорот. Ништо не ги двои од мнозинството, омилен автор му е Коелјо, Марфи или Коста Петров, не дека имаат прочитано нешто друго, туку да се најдат у муабет со другиве. И дискусијата за овие книги е предвидлива, за некој што препишувал лектири во средно. Или те убедува дека Ријана е врвот во музиката, а освен тоа и хитовите кои ги пуштаат во кафичите и нема слушнато друго. И следно очекуваш да ти каже како не слуша турбофолк и ради тоа е боља од другите. Шо би рекла една колешка, едино посебни се во тоа што се посебно досадни
Прво да ви кажам за мажите... Бегам од коцкари, од типови со преголемо его, женомразачи, од типови што озборуваат, од некој за кој освен фудбал не постои друга тема на муабет... Во принцип ретко кога не бегам. А од жените... Бегам од жени кои ги интересира само шмика, нокти и коса, бегам од жени-бугарски пејачки, лицемерки, користољубиви. Во главно бегам од површни луѓе, секогаш и секаде! Позз
Од Препотенстност Искомплексираност Исфрустрираност Неизживеаност Малограѓанштина Лицемерие Нападност Некарактерност "Фраери/ки" и мачомени. Луѓе кои немаат свое јас, немаат ниту цврст став и изграден карактер, улизувачи и мајтапчии, луѓе кои живејат од виртуелната слава и молат за трошка внимание.
Ne doagjaat predvid mazhi so potprosechni i prosechni karakteristiki vo sekoja smisla na zborot; takvi koi go zapostavuvaat izgledot - fizichki neprivlechni (grdi i debeli); nesposobni, eksperti svashtolozi od koi vrie okolinata (shto ustvari ne znaat nishto), neambiciozni, so nereshen parichen status, prosti, bez pochit i maniri kon nikogo, zatucani seljachishta, od malogragjanski semejstva, onakvi shto slushaat turbofolk ili gledaat srpski gluposti na televizija, pravoslavci, muslimani, mazhi feministi , onakvi so kosicata bushava u rep (glupa moda), trachari, zdodevni, premnogu introvertni, neenergichni, neharizmatichni, preemotivni romantichari, papuchari, onakvi na koi omilena serija im e Dva i pol mazhi ...i shto zaboraviv... toa.
Од нарциси, љубоморни, себични, затуцани, кренати, мамини/татини миленичиња, лицемери, премногу груби, глупи(а се прават паметни), паметни(а се прават глупи), манипулатори, неемоционални, искористувачи, арогантни мажи и жени.
Бегам, како од ѓавол бегам од машко без амбиции. Што чека работите во животот сами да му се средат, додека тој си седи со раце и нозе во воздух. Ама нели, што има тој да се замара тука се мама и тато, тие имаат-ќе имам и јас. Иш, подалеку од мене. Исто така, од машки кои се искористувачи. Него не му треба сериозно врска, секоја вечер е со различна. Е баш ме интересира тие таквите на крај со кои ќе завршат. Да не ги набројувам себичните, оние „мачо мен“, срамежливи, прости за нив се подразбира. Кој би сакал со некој таков да заврши? Никој. Не дај Боже. Пу пу.
Самобендисани мажи! Аууу, мислам дека секоја друга карактеристика ќе ја истрпам, ама од овие самозаљубениве буквално бегам, не можам да сум во друштво на такви.
Јас бегам од мамизи мази и татини принцези. Возрасни или деца сеедно, луѓе кои се лигават и на секој збор мора да ги спомнат мама и тато. Луѓе кои немаат амбиции зашто тато ќе им среди за работа, за кола, за стан и се само они да киснат по кафичи правејќи селфиња за инстаграм. Поготово бегам од оние кои на фејсбук за работно место имаат напишано: I don't need to work, I have my daddy.
Се што кажа @vitamina а ќе додадам - нежни. Човече, нежни!! Она, бираш зборови оти нејните осеќања се кревки, плаче на слика од кутренце, на бебенце, и се гади од полжав, некој постојано треба да и помага оти таа кревката ништо сама не може. Има љубов во неа за цел свет, нејзиното конформистичко бледило е толку силно, ако не се потрудиш да ја видиш може и нема да приметиш дека постои, ако ја имаш на фб очекувај бомбардирање со цвеќенца и бебенца, евентуално некој шер од Семе Синапово. Не сакам нежни луѓе генерално. Нежните мажи имаат проблем со тоа што не можеш да бидеш и нежен, и маж (сеа, освен у секс), ама па нежни жени човече. Истиве ги знаат сите празници (од сите религии) и честитаат секој ебан ден по некој празник, роденени, раѓања, сочувствуваат со умирачки, отекуваат со некои ретардирани стихови од песни или цитати од некој уште поретардиран нежен маж... Да ти се смачи. Не ја сфаќаш поентата на нивното постоење.
Дволични,самобендисани,кодоши,исфрустрирани,искомплексирани,лижачи,препотентни,премногу внимателни и мажи и жени