Од ајкули. Бидејки имам искуство со една. Се сеќавам првиот пат кога научив да пливам, имав нешто помалку од шест години и отпливав во најдлабокото сосем сама. Да, бев храбро и лудо дете. После губење на чувство за време кога се завртив обалата се гледаше како точка. Моите родители испаничени ѓи алармираа државните институции во државата каде престојувавме, а работата дојде до тој степен што да не сум се појавела за неколку минути ќе започнела потера. Кристално јасно се сеќавам на тој момент, исто како вчера да беше. Околу мене нормално немаше никој. Освен една ајкула која се моташе неколку сантиметри под моите нозе. Кога ја видов си помислив - вау колку голема риба! Иако изгледаше застрашувачки, јас не чувствував страв во тој момент. Копното беше недопирливо. Надолу беше речиси црно. Крајот не можеше да се види. Токму оваа глетката ми го занемари љубопитството да се нурнам заедно со големата ,,риба''. Додека пливав назад таа пустата цело време заедно со мене пливаше. На момент помислив дека ми е морална поддршка. После прилично долгото време јас исцрпена од пливање, кога се наближував кон копното таа почна да ме напушта. Е сега, она што мене и ден денес ми остана мистерија е зошто не ме апна? :geek: Имаше фина прилика за оброк... Да не беше вегетеријанец случајно? Кога се вратив моите несакаа да ми веруваат, и ме тешеа дека било делфин. Да, да. Делфинот има голема перка, бела црта и огромни остри заби. Како и да е, не знам каде ми бил паметот. Битно поштено си го заработив ќотекот од моите дома, па не се осмелив уште еднаш да си ја побарам другарката во длабочините.
Најмногу се плашам од куче. Исто така се плашам и од змија, гуштер и секакви видови на рептили. П.С Не се плашам од пајак.
апсолутно од се.Некогаш кога ме полази мравка пискам како да е змија нај многу ми е страв од тие пусти змии уф се ежам
Лав,тигар,ајкула... страшно но нема што да се плашам кога кај нас ги нема инаку од змии,гуштери и стаорци се плашам бррр