Од ниедно!!! Јас сум за природата и несакам ниедно од овие „страшни“ животни да исчезнат!!! Никогаш нема да успеам да ве разберам што ве тера да се плашите од животни! Една моја другарк се плаши од кучиња исто така Михаела. Но за една најглупава работа! Кучето било големо а таа имала 5-6 години и си играла со куклата, на неа несакајки и паднала куклата и кучево си ја земало и си играло со неа!!! И до ден денес таа ги мрази кучињата!!!
mil4ence и јас сум за природата и секако дека не сакам да исчезнат животните или нешто слично, нека ги нека си живеат но стравот од кучиња никако ама баш никако не можам да го надминам, сум пробала неколку пати, но попусто
Сите ми се смеат ама еве јас имам многу страв од глушец. И мал и голем не ми е битно ама неможам да поднесам, башка не можам да ги сфатам лугето што чуваат домашно милениче хрчак
Лилјак. Имам фобија, ама вистинска фобија, пребледувам, ме фаќа паничен напад и срцето ми лупа како ненормално. Одвратни ми се, гадни језиви. Ни има влезено дома 2-3 пати, првиот пат кога се запознав со суштествово бев прилично мала и сама во соба, не знаев што е ни како е, само језиво шкрипеше по таван се зачакуваше за ламаперијата, вртеше како центрифуга. Еве ме и денес после многу години едноставно пребледувам. Ставивме мрежи специјално за тоа да можам да спијам со отворен прозор летно време без да се разбудам со лилјак на парница и да ме стрефи срцев удар. Признавам подвриснувам и од лебарка, некој чуден лептир, глувчиња или гуштери, ама не ми се вистински страшни, ова е права фобија од суштествово, права.
Отворив гугл за да ставам слика од некоја змија ама не можев да ги разгледам од што ми е страв. Мислам дека секое друго животно можам да го поднесам освен змиите :/